Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
@PsychoalieN не знам како е кај другите банки, ама во Комерцијална Банка има само една листа со трансакции на кои не пишува никакви детали, освен примач и налогодавач, износ, итн...
Еве пример:

Датум Назив на примач - налогодавач Сметка Износ Состојба Шиф Цел на дознака ПБО/ПБЗ

16.02.2016WWW.ALIEXPRESS.COM LONDON -714.00 2,260.000 ДЕБИТ трансакција на ден 2016.02.15 / ****************

Ова коштало 714 денари, ама дали сум купувал компјутерски глушец, или некоја електроника - нема информации.
 
@PsychoalieN не знам како е кај другите банки, ама во Комерцијална Банка има само една листа со трансакции на кои не пишува никакви детали, освен примач и налогодавач, износ, итн...

Секаде е исто, не пишува што се купил само износот и локацијата. Е сега според цената на производот ке им го пратиш и принскринот од банка :) Ако производот е 50$ ке бараш кај ти е таа трансакција од 2700 денари.
 
Малку е заебано тоа, јас имам направно над 20-30 (воглавно ситни) нарачки во последниов месец. :D

Плус ако е групна нарачката, или на пример преку пејпал или алипеј, иде како една сума.
Гледам да го избегнувам тоа, ама ете има ситуации. На пример Али имаа десетина долари попуст со регистрирање на Алипеј. Сега даваат исто попуст за исталирање на мобилна апликација, и купонот важи на збирна нарачка над 60 долари.
 
Искрено до сега сум немал ситуација на групно порачување а да биде предмет на царинење, сите групни порачки не биле повеќе од 20-30$. Пратките што ми ги царинеле биде поединечни. Мислам дека ако има повеќе порачки што ја надминуваат онаа зацртана граница за царинење, ставаат некој паушал на поштарината и на цената на производот т.е. на вкупната цена но не сум 100% сигурен.
 
Како да нарачам од ebay со visa картичка или не може со visa?
 
И како да порачам јас?
македонци може да користат пејпал, ама само да плаќаат. со кредитна/дебитна картичка може да плаќаш преку пејпал.
регистрирај се на пејпал и плаќај си со картичката.
 
македонци може да користат пејпал, ама само да плаќаат. со кредитна/дебитна картичка може да плаќаш преку пејпал.
регистрирај се на пејпал и плаќај си со картичката.
Да не зима пари тоа или не и може линк да ми пратиш
 
нема веза јас порачувам од ибеј преку виза картичка на тутунска банка :)
Обично на Британскиот Ибеј може да се плати дирекнто и со картичка. Кај кинезите и останатите стрикно ПејПал.
 
Обично на Британскиот Ибеј може да се плати дирекнто и со картичка. Кај кинезите и останатите стрикно ПејПал.
На алиекспрес може со картичка
 
здраво, ве молам пишете ми телефонски број од царинска испостава во рамките на македонска пошта-што се наога под железничка станица.[DOUBLEPOST=1458472697][/DOUBLEPOST]сакам да купам од интернет патики, јакна и уште нешто од текстил?
дали некој знае дали се плака царина, данок за овие производи???
 
Ако ги фатиш у арните нема ништо да платиш, инаку за патики е 25% царина и 18% ДДВ на вкупната цена со се поштарината, за јакните и другите текстилни производи е нешто помала но ДДВто е исто 18%. Ако патиките се копија може и да не ги добиеш, царината се претвори во лотарија и игра на среќа :)

Tел: 02/2401-878
Факс: 02/2466-120
ciposta@customs.gov.mk
 
...за патики е 25% царина и 18% ДДВ на вкупната цена со се поштарината, за јакните и другите текстилни производи е нешто помала но ДДВто е исто 18%.
^^
Ама си важат правилата, до 45евра само данок, а под 22евра ниту данок?

Или за текстил и обувки не важи тоа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom