Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
ЗДРАВО, релативно сум нов на форумов незнам дали прашувам на право место но доколку можете да ми помогнете. Купував од алиекспрес но ја откажав нарачката, од таму ми го прифатија откажувањето, но ми рекоа ако за 7 дена не ми се вратат парите да ја контактирам банката, дали некој друг имал ваков проблем, односно да не му стигнат парите назат па да морал да се расправа со банката ?
Парите ќе ти бидат вратени, најкасно за 10 дена единствено може да имаш мала провизија и курсна разлика.
 
Има некој искуство со USPS колку брзо стасуваат праткиве ?
 
5-7 дена освен ако робата не ти е за царинење, тогаш може да потрае и до 10.

15 поминаа брат уште е у Швајцарија,му пишав на тој кинезот ми вика биди стрплив,до нашите цариници ли е или што е работава?
 
15 поминаа брат уште е у Швајцарија,му пишав на тој кинезот ми вика биди стрплив,до нашите цариници ли е или што е работава?

Ако е уште во Швајцарија тогаш таму е нешто проблемот. Тој кинезот убаво вика биди стрплив но до кога? Ако е стигната во МКД а не ја добиеш на време тогаш проблемот ќе биде кај нас како што е добро познато. Е сега слушнав дека нашиве имаат нова финта а таа е ако нешто им е интересно т.е. им фаќа око не праат апдејт дека е стигната во МКД и се праат на Тошо. Шемата им почнува со префрлање на топката царина - пошта - аеродром, тоа трае, времето на потерницата истекува а е 15 дена и секогаш ќе го добиваме истиот одговор, пратката не е стигната во МКД.
 
Бев денеска во царина да прашам што е проблемот што не ми ја
испраќаат пратката а на секое биро имаше по 2-3 интересни работи.
Пратив и претставка до НП и добив повратна имформација под кој број е заведена.
Баш ме интересира како ќе се одвива ситуацијата
 
Што значи кај шведската пошта „Local mail tracking“? Прв пат нешто ми испорачуваат преку шведска пошта па е малку чудно, ако некој има искуство нека каже.
 
На 7 јануари купив производи од Asos во вредност од 30 евра. Пишуваше дека ќе стигнат до 22 јануари најкасно, но се уште не се пристигнати. За нарачката не постои код за следење.

Отидов до пошта, но ми рекоа дека штом нема код за пратење на пратката не можеле да ми помогнат бидејчи имале некој нов систем.
Им пишав и на Асос, ми вратија да поечкам ако не пак да ги контактирам.

Дали некој може да ме посоветува што да направам? Дали можеби пратката е на царина па треба таму да се јавам?
Некој има слично искуство?
 
Јас до сега имам петнаесетина пати нарачано од Асос и сите ми стигнале, но никогаш во рокот кој што они го пишуваат на почеток. Првиот пат кога ги контактирав, ми рекоа да почекам уште 8 работни дена, ако и тогаш не стигне, да им пишам пак. И така беше, не дојде пакетот, им пишав и тие ми вратија пари, за веднаш после следниот ден да дојде пратката, па јас им ги враќав парите. Затоа почекај уште десетина дена, би требало да дојде. Ако не, би требало да ти ги вратат парите.
 
Купив џемпер од ebay на 14.12.2014 но не беше стигнат и отворив dispute на 16.01.2015 и ми вратија да почекам до 2/15 , а пак од ebay ми пратија емаил дека доколку не направам escalate или да стиснам дека проблемот е решен случајот ќе заврши. Вчера јас направив escalate по претходно известување на продавачот дека сакам рефунд на 1ви Феб но бев одговор. Е сега денес ми стигна џемперот но немав можност каде да напишам дека ми е стигнат ( оставив само фидбек за продуктот дека ми е стигнат, мислев дека на тој начин можеби ќе сфатат)и сега еве пред 1 час од ebay одлучиле да ми бидат вратени парите. Што да правам сега? Незнам дали да пишам и на кого, и да не испадне ти се зафркаваш со нас па после да неможам рефунд на нешто да направам кога стварно нема да стигне?
 
Пиши му на продавачот дека ти стигнал џемперот и дека сакаш да им го платиш пак и ќе ти кажат како е постапката.
 
Обично за колку време стига пратка од Швицарска кај нас ?
 
Шо треба да напишам кај State/Province/Region? Пробував разни варијанти и на крај ми пишува дека неможе да се достави до тој регион. Исто имаше и купувањето не е достапно моментално. Иначе на aliexpress е ова. Фала однапред :-)
sQMwD.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom