Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Амаан шо напраја ненормална работа а до колку не се царини и кои производи не под лежат на царина?
До 45 евра против денарска вредност и тоа ако испраќачот е физичко лице
pratki.JPG
 
Амаан шо напраја ненормална работа а до колку не се царини и кои производи не под лежат на царина?

Испраќач: Физичко лице - Примач: Физичко лице
Стока испратена од странство од физичко лице во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ, под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 45 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.
Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.

Испраќач: Фирма - Примач: Физичко или правно лице
Стока испратена од странство од правно лице (фирма) во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.
Доколку вредноста на стоката е од 22 до 45 евра, истата е ослободена од плаќање царински давачки, но подлежи на плаќање на ДДВ.
Стока чија вредност надминува вредност од 45 ЕВРА подлежи на плаќање и на увозни давачки и на ДДВ.
Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.
 
На бројот за следење добив нова информација дали ова треба вака да гласи ?
y4inYUV.png
X-box мислам пиша дека имаш нарачано?
Не знам колку ќе ти излезе со сите давачки ама видов тука дека се продава во анхоч сити мол само не прашав која цена е.
 
Епа 200евра е сеа мене ќе ми испадни 190 без гаранција.
 
Па се договорив со продавачот да ја пиши дека е 10 евра робата :Z пратки од по 350 евра не биле царинети сеа ова ја исцаринија од 100 евра ќе се убијам од македонскава царина !!
 
Пратката ми е во Швицарска за прв пат на тракинг после Кина да ми даде дека е у Швајцарија обично се у Прага стигаа па за колку време отприлика стига од таму до тука?
 
Пратката ми е во Швицарска за прв пат на тракинг после Кина да ми даде дека е у Швајцарија обично се у Прага стигаа па за колку време отприлика стига од таму до тука?

5-7 дена освен ако робата не ти е за царинење, тогаш може да потрае и до 10.
 
Сакам да купам мобилен телефон од интернет, ако цената е 90 долари колку би ми биле давачките за истиот ?
 
Сакам да купам мобилен телефон од интернет, ако цената е 90 долари колку би ми биле давачките за истиот ?
Зависи дали воопшто ќе оди на царина кинезиве обично пишуваат дека вреди 10$ и веројатно нема да имаш ништо.
 
Опака нација сме, царината и поштата ги краде ситните пратки што немаат шипинг број, не ми стигна пратката продавачов ми ги вради парите и гледам следниот ден ставил Does not ship to Macedonia. Исто и еден друг продавач што ми одговори ...аnd second we are not sending to macedonia - cause in this country is not a good postal service.!

Никој неќе да си игра со државава.
 
И после џабе ќе им биде на нашиве и 0% царина да имаме кога цел свет ќе не блокира.[DOUBLEPOST=1421832620][/DOUBLEPOST]
Сакам да купам мобилен телефон од интернет, ако цената е 90 долари колку би ми биле давачките за истиот ?

На цената додади само 18% ДДВ и + 70-120 денари ако ти земат достава до дома или лежарина, телефоните се ослободени од царина а може и само тие 90$ ќе ги платиш како што рече @Josifoskii ништо веќе не се знае со нашиве, ни скала за царинење почитуваат, ни царинат како што треба, ни поштата врши достава. Хаос.
 
И после џабе ќе им биде на нашиве и 0% царина да имаме кога цел свет ќе не блокира.[DOUBLEPOST=1421832620][/DOUBLEPOST]

На цената додади само 18% ДДВ и + 70-120 денари ако ти земат достава до дома или лежарина, телефоните се ослободени од царина а може и само тие 90$ ќе ги платиш како што рече @Josifoskii ништо веќе не се знае со нашиве, ни скала за царинење почитуваат, ни царинат како што треба, ни поштата врши достава. Хаос.
Која достава кој црни камења сеуште чекам на царина од 8 месецов мислам претеризам е прасе да царинеа поргу ќе го исцаринеа. 13 дена на царина ? Уште колку сеуште ливче ми нема стасано.
+Овај од кај шо го купив пишал сума од 150Е а јас го купив за 100Евра и сеа 50 евра царина ќе има изгледа ама му кажав дека ќе си ги повлечам парите .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom