Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Се е тоа арно, проблемот се јавува што нема кој да го прашам. Овие од пошти креваат раменици, од царина ми даваат невалиден број и некако се во ќорсокак.
Ќе проверам сега на сајтот од царина дали има нешто сервис за корисници и ќе му пратам и-мејл.
На царина имаше сервис дека шо питаш онлајн и ти одговарат доста брзо... Јас мислам оти некој те плетка, оти ти е откраден пакето. Не може да го снема.
По принцип автоматски сите минат на царина, евентуално ги задржуват ако требе да платеш некакви увозни давачки/данок, ама тогај ти стига известие од царина дека требе да си платеш и да си го подигнеш.... Јас мислам оти твојо пакет е отворен, испитан, некој си го е аресал и го е џапосал и саа ти мачкат очи.
 
Во Прилеп не знам, ама тука во Скопје, царината за поштенски пратки се наоѓа во истиот дел од поштата каде ги работат пакетите, т.е. во поштата во железничка, странично, и таму ги носам фактурите кога ми бараат вредност на пратка. Мислам дека тука е главниот оддел за пакети за цела држава, не знам дали има такви царински шалтери по другите градови.
На царина имаше сервис дека шо питаш онлајн и ти одговарат доста брзо... Јас мислам оти некој те плетка, оти ти е откраден пакето. Не може да го снема.
По принцип автоматски сите минат на царина, евентуално ги задржуват ако требе да платеш некакви увозни давачки/данок, ама тогај ти стига известие од царина дека требе да си платеш и да си го подигнеш.... Јас мислам оти твојо пакет е отворен, испитан, некој си го е аресал и го е џапосал и саа ти мачкат очи.
Јас не мислам дека му го украле, штом веќе му пратиле писмо за утврдување на вредноста на пакетот нема логика да му го украле, неговиот проблем е што не знае каде треба да ја достави таа фактура. Инаку не е невообичаено да побараат фактура за поштенска пратка, од различни причини во пакетот може нема таква или декларираната вредност им е сомнителна па сакаат да се уверат. Самото тоа што бараат фактура, не значи дека ќе наплатат царина.
 
Сакам да прашам дали некој има искуство со нарачки од tinydeal.com и дали може да се плати со Виза Електрон (дебитна)?
 
Слушнав дека има некои измени во царинењето за 2013 и денес убаво се распрашав и во пошта и во царина и вака стојат работите-
1. За нарачка на производ/и до 20 евра не се плака ниту ДДВ, ниту царина
2. За нарачка на производ/и од 20 до 45 евра се плаќа ДДВ, не се плака царина.
3. За нарачка на производ/и над 45 евра се плаќа и ДДВ и царина.
Цифрите погоре се под претпоставка дека производите се со free shipping, доколку не се треба да се плати и shipping-от т.е. поштарината.

За износот на ДДВ-то и царината можете да се информирате од новиот водич за царинење за 2013 нa страната на царина под одделот АКТУЕЛНО. Царината се движи од 0 до 20%, а ДДВ-то од 0 до 18% зависно од производот.

Царината се наплаќа врз основа на вкупната назначена цена на пакетот (цената на производот заедно со shipping-от ако тој воопшто се наплаќа). Пр. Ако некој производ чини 50 евра а доставата т.е shipping-от чини 10 евра, ќе треба да се плата царина и ДДВ на сума од 60 евра, доколку за тој производ е одредено дека треба да се плати ДДВ и царина. Доколку пак сумата не е означена на пакетот, ке ви биде побарано да донесете документ каде стои цената и наплатата на производот+доставата, сума врз основа на која ке ви бидат пресметани давачките ако тие воопшто треба да се платат.

Уште една работа која треба да се напомене е дека цариниците ги отвараат пакетите заради проверка на содржината, доколку тоа се случи ке треба да платите поштенска такса од 70 до 200 денари, демек пари за вложената сила и потрошениот селотејп. Мислам дека само за производите под 20 евра не се плака оваа такса, ама не сум сигурен

Добар дел од работите ви беа веке познати, ама мислам дека информации од прва рака спакувани во еден пост фино ке ви се најдат
 
Па за ова може да се договориш со продавачот да го пише како подарок ако цената е над 50 евра а ако ти побараат документ како што викаш пример си купил од на ибеј може и фотошоп да заврши работа :D
 
Братко, секогаш различно идат цените на царина..немој да мислеш дека како шо ти е кажано така се води по тие постапки..прво највеќе зависи од која држава ти е испорачано тоа шо го сакаш..второ се гледа тежина мн јасно..али никогаш точната цена нема да ја добиеш :) ..кога ќе стигне на царина ќе бидеш телефонски известен или по емаил .. па конечната цена ќе си ја видеш и онда ќе бидеш сигурен дали ти се исплаќа да си ја подигнеш робата или да ја вратеш назад..
 
И тука ќе прашам дали има некој искуство со PayPal.
Сакам да купам нешто кое кошта 360 долари.Дали ке ми побараат PayPal верификација за овој износ.До сега не сум имал проблеми со ситни суми
 
Па за ова може да се договориш со продавачот да го пише како подарок ако цената е над 50 евра а ако ти побараат документ како што викаш пример си купил од на ибеј може и фотошоп да заврши работа :D
Нели тоа со назначување дека е подарок, не функционира повеке? Или функционира?
 
Е незнам дали функционира али вреди да се проба а ако бараат после цена ова она фотошоп е тука :)
 
Зoшто да не функционира си имам јас роднини во Кина :)
 
дали е логично да има царински давачки од 2000 ден ако купиш продукти(витамински суплементи, суплементи за везбање, продукти за јадење) во вредност од 4000 денари и 500 денари достава, дали е ова реално мислам не мозам да најдам во цариникот за ваква стока
 
Толку ти бараат? Преку каква пошта оди пратката, и прецизни ли се бројките? Со универзална царинска тарифа од 15% и 18% ддв, на вредност на пратка 4500 денари, излегува 1600 денари давачки, на што веројатно би требало да се додаде 200 денари поштарина и царинска услуга, а можат да наплатат и лежарина евентуално.
 
1755 плус уплатица вкупно 2000, ама прв пат ми стават давачки досега беше 120 до 240 денари, сега скокна цената
 
Се случува, сепак околу 75 евра ти е пакетот, имаат основа да ти наплатат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom