Купувам - продавам

  • Креатор на темата Креатор на темата Попај
  • Време на започнување Време на започнување
Продавам Fiat Punto 1.1, 1999 година, бензинец, 55кс.
normal_Picture_007.jpg


normal_Picture_008.jpg


normal_Picture_009.jpg


normal_Picture_010.jpg


normal_Picture_012.jpg


Алуминиумски фелни Alutec, нови гуми 195/50, нови Xenon HID светла, CD JVC Chameleon, засилувач 4x100, subwoofer Magnat, спортски филтер за воздух, Remus издув.... Колата е сочувана (како што се гледа), може да се погледне, повози и тн... Зимам нова кола, тоа е причината зошто ја продавам. Цена: 4200 еур.
 
еј Gilera runner 50 и Aprilia Sr 50 имаат иста машина ( Piaggio машина ) и крајна брзина околу 85км/ч е peugeot jet force 50 има малку полоша машина ( не дека е лоша на Gilera и aprilia со подобри ) и крајна брзина некаде околу 80км/ч моја препорака земи си Gilera или aprilia која ти се повеќе свиѓа ( јас ако зимам би зел Gilera затоа што е малку поголема :vozbud: но за таа сметка aprilia та има малку поспортски изглед
-џилерата троши повеќе,ако имаат исти машини....а и некако поубаво делува џилерата во однос на априлијата.е сеа зависи кој модел на априлија сакаш да го купиш,Street racing(стариот),или новиов,од 2004 наваму шо е....Иначе за пежо не се фалат многу,не им влечело,па ако е инџекшн зарибувал од горивото и така....
 
па не би рекол дека троши којзнае колку повеќе можеби ептен малку ( 100-150 грама ) затоа што е малце потешка но тоа е незначајно потрошњата највеќе зависи од стилот на возење
 
Луѓе фала за консултацијата и јас сакам да земам runner али од дома ово оно скап била :) а знае ли некој за kymco што машина се дали се издржливи како ово оно ? :)
 
зависи за кое Kymco се мислиш.бидејќи ти е скап ранерот,и ср 50-ката,тогаш би ти препорачал супер 9,или супер 8,и двата со воздушно ладење,диск само на предна вила,и така....8цата е 4тактен и троши 2 и пол мислам....а 9ката е двотактен,ама троши гарант помалце од априлиите....за квалитет,мислам дека имаа 10 000 км гаранција,не се кинески,тајвански или корејски се,шо значи имаат до негде квалитет.....супер 9 нов ти е околу 1800 евра,а половен се наоќа за 1200-1300,зависи во шо стање ќе го начекаш...
супер 8 бил 1450 евра нов мислам....тоа ти е најевтиниот "квалитетен" мотор.
PS - рачунај кимко не можат да се рамнат во крајна брзина со италијанскиве модели...
 
па вака јас имам Kymco Super 9 и ке ти кажам некои работи како прво се многу издржливи ( сим знаел ситуации што возеле Kymco и по 40000км без ремонт што е ептен солидно за 50сс 2Т ) како второ има атрактивен изглед има добра и јака машина крајна брзина со 105кг на него му е 77-78км/ч и исто така многу влече со тоа сум презадоволен затоа што не и јас очекував толку да влече кога го зедов ако не ти се фрлаат многу пари ( кочта 1800е ) зимај го скутерот и не се мисли за тоа пари неможеч да најдеш ново поарно
 
Alfa Romeo 33. 1360 cm3:pipi:63 horses. 1988. Има поминано 130 000. :smir:
 
Продавам VW Golf GT, 1400ccm, 170КС, произведен јуни 2006 со 25.000км.
 
Па од опрема има 17" бандажи со 225/45 гуми, зимски пакет(греачи на седишта, прскалки на фарови, греење на течноста за миење на стакло, појак акумулатор), спортско подвозје спуштено за 30мм, спортски предни седишта, радио со 10 звучници и стандардните работи (клима уред, 8 воздушни пернички, ESP со ASR,ABS, борд компјутер итн.).
Мислам дека има уште 2-3 вакви Голфа низ Македонија, но овој е прв и е единствен со 3 врати.
Правен е по нарачка кога излезе овој мотор и беше некаде околу 24.500 евра.
 
Па од опрема има 17" бандажи со 225/45 гуми, зимски пакет(греачи на седишта, прскалки на фарови, греење на течноста за миење на стакло, појак акумулатор), спортско подвозје спуштено за 30мм, спортски предни седишта, радио со 10 звучници и стандардните работи (клима уред, 8 воздушни пернички, ESP со ASR,ABS, борд компјутер итн.).
Мислам дека има уште 2-3 вакви Голфа низ Македонија, но овој е прв и е единствен со 3 врати.
Правен е по нарачка кога излезе овој мотор и беше некаде околу 24.500 евра.

Со 2 или со 4 врати ти е? И DSG или мануелен? Како и да е мислам дека ептен ти е висока цената. Само со пониска цена, самиот збор пазар значи договор измеѓу 2 договорни страни...
 
Со 2 врати е и мануелен со 6 брзини. Ако ти е висока цената дај ти цена па да видидме што ке направиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom