Kумановска фирма произведува нафта со преработка на пластичен отпад

  • Креатор на темата Креатор на темата Рудници и
  • Време на започнување Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.216
Поени од реакции
18.330
Локација
с. Издеглавје
Кумановска фирма од пластичен отпад произведува нафта

Со посебен третман на отпадна пластика се добива нафта во прототип погон за производство на гориво во кумановско приватно претпријатие за собирање, складирање и рециклирање на отпад.​

getImageThumbnail.axd


Со одредени хемиски прочистувања добиениот производ може да се употребува како нафта за домаќинство вели 57 - годишниот Лазар Таневски.

- Пластиката собрана од ѓубре во машини се меле и се става во реактор со одредени агенси и катализатори се грее на одреден степен при што се разбиваат молекулите и се добиваат четири видови на гориво, односно 15 проценти гас, нафта, керозин и бензин, вели Лазар Таневски, претставник на претпријатие за собирање, складирање и рециклирање на отпад.

Во погонот се произведуваат околу 300 литри гориво дневно што е еднаков сооднос на собраната пластика, вели Таневски. За пет дена колку што работи пробното производство се произведени еден ипол тон гориво со висок квалитет.

- Еден тон пластика дава 1.000 литри гориво што значи дека нема загуба во процесот, немаме ништо што оди надвор, вели Таневски.

Во Македонија законски од овој месец започнува процесот за селектирање и рециклирање на отпад поради што сметаме дека проектот доаѓа во вистинско време и сите релевантни институции треба да го поддржат велат од надлежниот инспекторат.

- Кога Таневски ми ја кажа идејата јас на почетокот бев скептик, но тој успеа да ме разубеди бидејќи навистина верува во оваа идеја, мислам дека ќе успее и Куманово ќе биде еколошки град во вистинска смисла на зборот, вели Бобан Бојковски, комунален инспектор за заштита на животна средина.

Процесот на производство на нафта ќе го следат професори од Технолошкиот и Хемискиот факултет од Скопје.

Таневски апелира до граѓаните да го селектираат и продаваат отпадот со што ќе го подобрат семејниот буџет, но и ќе допринесат да живееме во чиста животна средина.

Минатата година Министерството за екологија во акција за чистење на Вардар само за еден ден собра 10 тони пластични шишиња што пливаа низ реката што според Таневски значи 10.000 литри нафта.​

Не знам колку е економски исплатливо,ама кога веќе е во производство сигурно сметките се добри.Мислам дека уште поголем е еколошкиот бенефит (макар и нафтата е загадувач,сепак со помалку последици,ама е потребно зло) и ако се паметни од државните институции на вакви фирми да им ги намалат или целосно да им ги скратат даночните оптоварувања ,барем на почеток првите неколку години.​
 
Ме изнасмеаа.Не е Цитро ,можда е кај комшивката ;)
 
Овој са пробале да извадив ракију ама оно нафта искочила ...
 
Skeptici!

Ako ova e vistina, togas super ideja e. Aj da ne preteruvam ama so vakvo recikliranje(golemi pogoni) na plastikata bi se pokrile 20-30% od potrosuvackata na nafta. Bi se namalil deficitot na uvozot a da ne zboruvam kolku bi bila pocista sredinata. Plus plasticnite sisinja ce dobijat na vrednost, namesto da se frlaat.
 
Пластичните шишиња одамна се вон употреба во некои европски земји.
 
Де полимеризација и она се загрева на одредена температура ко божем некој ке му го украде патентот :)
Таја одредена температура е 470 целзјусови степени а колку е тоа само еколошки и колку е здраво за околината тоа е веќе друга приказна
 
zdravo temata e super dali nekoj znae kako odi procesot sto se e potrebno da se proizveduva nafta od plastika pokonkretno
 
Треба да земеш еден голем челичен казан кој што ке го загреш на 470 степени од другата страна ти испаѓа нешто запаливо налик на боза и гас кој е високо токсичен а и лесно запалив и гарантирано си добиваш рак на грло и бели дробови, башка вака добиеното гориво е со ептен лош квалитет и го ебе моторот со гаранција.
 
А оваа нафта може да се користи како нафта за домаќинства ?
 
Треба да земеш еден голем челичен казан кој што ке го загреш на 470 степени од другата страна ти испаѓа нешто запаливо налик на боза и гас кој е високо токсичен а и лесно запалив и гарантирано си добиваш рак на грло и бели дробови, башка вака добиеното гориво е со ептен лош квалитет и го ебе моторот со гаранција.

Со одредени хемиски прочистувања добиениот производ може да се употребува како нафта за домаќинство вели 57 - годишниот Лазар Таневски.

иначе никој не го споменува загадувањето на воздухот при ваквата преработка,тие си направиле процес,ама фабриката нека си ја постават во нивниот двор,а не во мојот !
 
иначе никој не го споменува загадувањето на воздухот при ваквата преработка,тие си направиле процес,ама фабриката нека си ја постават во нивниот двор,а не во мојот !
А зашто да го спомене загадувањето на воздухот и сите петро хемиски хазарди кој испагаат од овој процес ? зарем е глуп да каже абе јас на сите вас ви ја ебам мамата со ова и не го направиле они процесов само го ископирале од негде ептен е едноставен процес само што или незнаат или не сакаат да кажат дека со сигурност носи одредени здравствени ризици.
А башка не се работи овде за ПВЦ туку се работи за ПВП дупло по ризично и поопасно одколку ПВЦ. Кога ке размислиш овој процес постои од како постои и полимеризацијата тоест добивањето на пластика само што се врши обратен процес истово се прави и со автомобилски гуми ај сега нека некој си ја мучне главата и да размисли зашто во сите поразвиени земји не се практикува ова? и е забрането при толку големи количества на автомобилски гуми кој се натрпуваат во огромни количества а види чудо во ниедна развиена земја не прават нафта од нив
 
Кога би можел би купил удел во оваа компанија.... само изумителот да е паметен, да не го продаде процесот на производство на нашиве "Професори", кои треба да го посетат во скоро време....
Инаку овој човек може да дојде многу брзо до инвестиција за да почне со работа...
 
Кога би можел би купил удел во оваа компанија.... само изумителот да е паметен, да не го продаде процесот на производство на нашиве "Професори", кои треба да го посетат во скоро време....
Инаку овој човек може да дојде многу брзо до инвестиција за да почне со работа...

picard-facepalm-hotlink.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom