Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Кумановска фирма од пластичен отпад произведува нафта
Со посебен третман на отпадна пластика се добива нафта во прототип погон за производство на гориво во кумановско приватно претпријатие за собирање, складирање и рециклирање на отпад.

Со одредени хемиски прочистувања добиениот производ може да се употребува како нафта за домаќинство вели 57 - годишниот Лазар Таневски.
- Пластиката собрана од ѓубре во машини се меле и се става во реактор со одредени агенси и катализатори се грее на одреден степен при што се разбиваат молекулите и се добиваат четири видови на гориво, односно 15 проценти гас, нафта, керозин и бензин, вели Лазар Таневски, претставник на претпријатие за собирање, складирање и рециклирање на отпад.
Во погонот се произведуваат околу 300 литри гориво дневно што е еднаков сооднос на собраната пластика, вели Таневски. За пет дена колку што работи пробното производство се произведени еден ипол тон гориво со висок квалитет.
- Еден тон пластика дава 1.000 литри гориво што значи дека нема загуба во процесот, немаме ништо што оди надвор, вели Таневски.
Во Македонија законски од овој месец започнува процесот за селектирање и рециклирање на отпад поради што сметаме дека проектот доаѓа во вистинско време и сите релевантни институции треба да го поддржат велат од надлежниот инспекторат.
- Кога Таневски ми ја кажа идејата јас на почетокот бев скептик, но тој успеа да ме разубеди бидејќи навистина верува во оваа идеја, мислам дека ќе успее и Куманово ќе биде еколошки град во вистинска смисла на зборот, вели Бобан Бојковски, комунален инспектор за заштита на животна средина.
Процесот на производство на нафта ќе го следат професори од Технолошкиот и Хемискиот факултет од Скопје.
Таневски апелира до граѓаните да го селектираат и продаваат отпадот со што ќе го подобрат семејниот буџет, но и ќе допринесат да живееме во чиста животна средина.
Минатата година Министерството за екологија во акција за чистење на Вардар само за еден ден собра 10 тони пластични шишиња што пливаа низ реката што според Таневски значи 10.000 литри нафта.

Не знам колку е економски исплатливо,ама кога веќе е во производство сигурно сметките се добри.Мислам дека уште поголем е еколошкиот бенефит (макар и нафтата е загадувач,сепак со помалку последици,ама е потребно зло) и ако се паметни од државните институции на вакви фирми да им ги намалат или целосно да им ги скратат даночните оптоварувања ,барем на почеток првите неколку години.