Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    624
Како мислиш не се грижи за луѓето?
Се грижи за оние кои вредат да бидат згрижени.
Не е земјава телетабиска па за секој да се замара и гушка.

Кој е виновен е ирелевантно.
Факт е дека ги има, а не треба да ги има.
Се додека ги има, работата не е завршена.
Од кога ќе ги нема, тогаш може и закони да почнат да се спроведуваат во однос на грижа за сопствено куче и не напуштање.

Не е ирелевантен факт кој е виновен. Тој што е виновен е причинител.
Па има закон зошто не го почитуваат и спроведуваат. Тогаш нема држава ова е држава мочка.

Зошто ги има на улиците и пред да ги има на улиците,законот за заштита на животните постоеше. Законот не измислен сега од кога се појавија скитници кучиња.
 
Каде тоа пишува дека секој човек има различни права?? Зборувам за основни човекови. Ајде чекам линк, да се дообразувам. А за негативност, можам слободно да ти кажам дека поддржување на маргинилизирани групи не се ни споредува со твојот фашизам. Али многу луѓе ти го кажале тоа, знам дека си свесен.
А за кучињата, try your best :pipi:
 
Не знам и на тебе што не ти е јасно.
Штом има кучиња скитници значи тој систем не функционирал како треба.
Затоа му е нужна ревизија или поголема спремност за негово спроведување.
Сепак, крајниот резултат треба да бидат чисти улици.
Па ти сега врти колку сакаш.

Каде тоа пишува дека секој човек има различни права?? Зборувам за основни човекови. Ајде чекам линк, да се дообразувам. А за негативност, можам слободно да ти кажам дека поддржување на маргинилизирани групи не се ни споредува со твојот фашизам. Али многу луѓе ти го кажале тоа, знам дека си свесен.
А за кучињата, try your best :pipi:

Па погледни околу тебе. Нема да биде тешко да приметиш, ако не си апла без осет, за кого важат, а за кого не општествените бенефиции.
Во секое општество е така, замисли што ќе беше за секој да се замаравме како му е.
Има класа на надредени, има и класа која кулучари за да ги задоволи оние над нив.
Основни работи се ова, не ми вели дека не си свесна за нивното постоење.
Не живееме во комунизам, секој си добива колку вреди, колку има врски или какво има потекло.
 
ОФ ТОПИК ако сакаат нека ме банираат!
Дечко извини но морам да ти постирам,....

Навредите кон мене нема да ти ги спасат кучињата.
Како и да е, фала за посветеноста.:)
 
Сите сме еднакви Николче, сите. Законот за здравствена заштита важи за сите луѓе, во законот не пишува која вера, раса, пол, има или нема право на лекување.

А кој и како се снаоѓа во текот на живото и какви методи користи за да си дојде до целта то не е важно.

Тука збориме за кучињата за нивните права.Ти не си способен да дискутираш на оваа тема зашто не ти добацува интелигенцијата до таму, твојата свест не е развиена на тоа ниво за да можеш да ги разбереш нивните права.
И што бараш на оваа тема незнам
 
Нема врска. Ако немаш картони нема да се лечиш.
Ако немаш пари нема да можеш да одиш на приватно, ќе чекаш за што знам МРИ 6 месеци наместо одма во Неуромедика да се провериш или за бајпас ќе приумриш додека те резервираат.
Не важат исти права за сите, не знам од каде такви заблуди.
Ко дома да седите цело време и немате контакт со надворешен свет зборувате.

Темава иако мислиш дека е за права на кучиња, баш и не е.
Се работи за согласност на мнозинството, негова консултација за решавење на евидентен проблем.
Да не беше проблемот голем, сигурно немаше и толку луѓе да гласаат за успивање.
Ама селективноста при перцепцијата си го прави своето и сите кои се за живот необременет со товари од тип на улични кучиња за тебе се несовесни, фрикови, со забегана фамилијарна структура луѓе.
 
Нема врска.
Ако немаш картони нема да се лечиш.

Мојата перцепција не е селективна напротив... Каква е твојата реалност, седиш само дома ли?
Кучиња скитници има и ќе ги има.
Методот за нивно успивање не е трајно решение на проблемот, туку само секундарно. Примарното решение треба да се бара на повисоко ниво, како колективен проблем, треба да најдеме и колективно решение на истиот,но не со еутоназија. Кога во оваа држава би имало систем кој нема да дозволи сопственикот на некоја кучка која окотила 10 кутриња и истиот тој да ги фрли на улица и доколку го стори тоа биде казнет, сега немаше да се соочуваме со овој проблем.
Има многу методи проблемов да се реши, но овој сега што се применува ни од далеку не е ефикасен.
На анкетното прашање на оваа тема и понудените два одговора воопшто и не гласав зашто ниту едното ниту другото се трајни или приближно до трајни решенија. Ако го кастрираат и вратат на улица ќе умира од глад и болести, ако го усмртат тогаш од каде правото некој да биде Господ.

Според тебе луѓето кои немаат пари или плави картони треба да се еутоназираат, бидејќи се терет на колективот.
Болните од рак чии стадиум на болеста е веќе одминат и им нема спас зошто не се успиваат, ем беспотребно се трошат лекарства ко не им помагаат, ем трошат пари, ем се измачуваат, независно дали се богати или сиромашни. Смртта е смрт. Логиката е таа.
 
Според тебе луѓето кои немаат пари или плави картони треба да се еутоназираат, бидејќи се терет на колективот.

Никаде не го реков тоа, но ако те прави посреќна дека си ми накалемила нешто такво, нека ти биде.
Се разбира дека проблемот е подлабок со кучињата, но во овие околности се служиме со ресурсите кои ни се достапни.
А тие за жал вклучуваат успивање.
 
Еднаш ве опоменав за меѓусебни навреди на темава. Сега повторно ве бришев. Нареден пат ќе следи банирање.
 
Методот за нивно успивање не е трајно решение на проблемот, туку само секундарно. Примарното решение треба да се бара на повисоко ниво, како колективен проблем, треба да најдеме и колективно решение на истиот,но не со еутоназија. Кога во оваа држава би имало систем кој нема да дозволи сопственикот на некоја кучка која окотила 10 кутриња и истиот тој да ги фрли на улица и доколку го стори тоа биде казнет, сега немаше да се соочуваме со овој проблем.
Има многу методи проблемов да се реши, но овој сега што се применува ни од далеку не е ефикасен.
Моменталната економска ситуација го налага тоа решение како брзо и ефикасно, и не можеме ние да оставиме проблемот да се провлекува и во наредните децении како досега, тоа сигурно не значи дека и не треба да има промени во законот треба да се донесат нормативи и да се регулира прашањето за заштита на кучињата со тоа што ќе има соодветни казни за сопствениците кои оставаат кучиња по улици,

Никола и сите останати членови што гласале за решавање на проблемот гласале затоа што биле разумни и знаат дека тие кучиња што се по улиците не можат да бидат згрижени( бидејќи кучељупците преферираат расни кучиња а не улични)ниту кастрирани,

за кастрација се потребни дополнителни финансиски средства и време кои моментално а и во иднина не би можела општината да ги обезбеди, животните имаат свои права но и граѓаните имаат права на безбедна околина, кучињата претставуваат опасност за пешаците, децата, велосипедистите и возачите во сообраќајот, кучињата не се среќни на улица, кучињата се гладни болни и агресивни и потребно им е згрижување.
 
Моменталната економска ситуација го налага тоа решение како брзо и ефикасно, и не можеме ние да оставиме проблемот да се провлекува и во наредните децении како досега, тоа сигурно не значи дека и не треба да има промени во законот треба да се донесат нормативи и да се регулира прашањето за заштита на кучињата со тоа што ќе има соодветни казни за сопствениците кои оставаат кучиња по улици,

Никола и сите останати членови што гласале за решавање на проблемот гласале затоа што биле разумни и знаат дека тие кучиња што се по улиците не можат да бидат згрижени( бидејќи кучељупците преферираат расни кучиња а не улични)ниту кастрирани,

за кастрација се потребни дополнителни финансиски средства и време кои моментално а и во иднина не би можела општината да ги обезбеди, животните имаат свои права но и граѓаните имаат права на безбедна околина, кучињата претставуваат опасност за пешаците, децата, велосипедистите и возачите во сообраќајот, кучињата не се среќни на улица, кучињата се гладни болни и агресивни и потребно им е згрижувањe.

Мислиш потребно е убивање на сите нив.

Еден ден мислам дека ќе почнам да читам постови за луѓето скитници, питачи... Има многу луѓе без покрив над главата, без храна, питачат, ги напаѓаат луѓето, крадат, не се безбедни за околината и претставуваат опасност за луѓето. Па нека се убијат.
Ама зашто државата нема пари за инекции нека се оставаат во затворен простор и тие на 50 години и дечињата питачиња од 2,3,4,5 години да се мачат, да изгладнат до смрт, да се тепаат, да се удираат по глава со лопати, да им се даде отров итн.

Сега проблем се кучињата скитници, кога ќе се убијат и мали и стари на најсуров начин ќе се најде друг проблем. Ете може луѓето скитници ќе се тој проблем. Па и тие ќе се испоубијат. После ќе има друг проблем. И се така ќе се убива.
Убивањето е најлесен начин за да се реши еден проблем.
Но ако почнеме проблемите така да ги решаваме, еден ден нас ќе ни дојде редот да сме проблем. А ние почнавме со "разрешување".
 
Треба да се успијат... Се собираат цели глутници од кучиња кои често напаѓаат па некоја жртва може да има и трајни последици...
 
Rosonjerka. Bravo!
Tokmu taka, pocnuva so kucinjata, a kade e krajot?

Ne! Se ima sredstva, se ima dovolno resursi. Ima dovolno moznosti za nivno resenie, no samo ako se saka.
Tuku pusto makedonsko, mrza pa aj, krkni im go deka ne se bunat!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom