Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    636
Ја прочитав објавата со приказната за кучето што ја објавија „Шепасти ентузијасти“, а уште повеќе ми се зголемија дилемите што ги имав претходно за нив. Се прашував дали е ова класична измама, затоа што постојано се бараат донации и како успеваат да натрупаат долг од фрапантни 449.000 денари, но сфаќам дека ова не е класична измама каде некој ги става парите во џеб (бидејќи реално дозволуваат уплати директно во ветеринарните клиники). Ова е тотална менаџерска неспособност и свесно измачување на животни за да се задоволат нечии егоистични каприци.

Го чуваат кучето 6 години во кафез, тоа куче влегло таму на година и пол, цела младост и свесен живот ги поминало зад решетки во постојан лаеж, стрес, влага и бетон. Тоа не е спасување, тоа е доживотна робија без вина, маскирана во „хуманост“.
И сега, кога кучето има 8 години и кожата буквално му се распаѓа со хронична инфекција веќе 8 месеци затоа што имунитетот му е мртов, тие го влечат по клиники за чистење забен камен, 4D тестови и биохемии за да му го продолжат агоничното вегетирање во истиот тој бокс за уште некоја година. Дури и да го излечат од инфекцијата, прво никој не би вдомил куче со таков стрес и психолошка состојба по поминати 6 години во затвор, повторно се враќа во шелтерот, повторно под ризик за инфекција, и се така во круг во болка и мачење, само за некој да може да каже дека „кучето е сè уште живо“.
Со тие 20 000 денари потрошени за неговите тестови, азилот би можел да кастрира и стерилизира 10 улични кучиња, со што ќе се спречи раѓање на 50 нови бездомни кученца кои ќе патат на улиците.

Зад ова очигледно стои совршено разработен бизнис меѓу ваквите здруженија, ветеринарите и пет-шоповите. Овие шелтери со половина милион денари долгови се златна кокошка за вртење пари преку прескапи дијагностики и специјализирана медицинска храна и реагенси која инаку би стоела по магацините и би им поминал рокот. Ветеринарите имаат постојан промет, „активистите“ си го хранат егото со паролата „важно е живо“, а цената ја плаќаат кучињата што гнијат со години во кафези. Целосно нехумано.

Наместо со тие 450.000 денари долг да се кастрираат и стерилизираат над 100 кучиња на улица и да се спречи раѓање на илјадници нови во маки, парите се топат во системот за одржување во живот на кучиња кои одамна немаат никаков квалитет на живот. Тоа е разликата помеѓу емоционален каприц (спасуваме едно по секоја цена) и вистинска, системска хуманост.

Screenshot 2026-07-08 101319.png
Screenshot 2026-07-08 101337.png
 
Нема никаков бизнис, едноставно се одлепени од реалност и веројатно поише свои пари потрошиле него било чиви други.

Ти па ама си мозгал, 7000 евра долг. Тешка пара намлатиле, у било која фирма за пенкала се проневерува тоа.
 
Секако дека има и бизнис, покрај тоа што немаат некој реален допир со реалноста.

И не е работата само тој еден случај, целото тоа финансирање на НВО-а влече огромни суми пари. Не е за занемарување.
 
Секако дека има и бизнис, покрај тоа што немаат некој реален допир со реалноста.

И не е работата само тој еден случај, целото тоа финансирање на НВО-а влече огромни суми пари. Не е за занемарување.
Кој се тие пари бе? 7000 евра? Тоа е огромна сума?
Автоматски споено мислење:

Град Скопје дава милион евра годишно за оштета од гризање, твои пари од данок. И не се замара колку кучиња со тоа ќе се стерилизираат, туку земал мозгал со 20 000 денари собрани доброволно каков бизнис се правело. Забеганици.
 
7000 евра се моментален долг, 2-3 илјади евра месечен обрт, тоа не се многу пари, точно, како што велиш, тоа се малку пари. Но и со таков буџет може да се направи нешто похумано и со поголемо влијание во општеството, наместо да се глуми активизам.
 
Овие Лајка конечно нешто работат, ги кастрираат и ги бележат. Имаше еден нов скитник, го снема, гледам го вратиле чипиран.
 
7000 евра се моментален долг, 2-3 илјади евра месечен обрт, тоа не се многу пари, точно, како што велиш, тоа се малку пари. Но и со таков буџет може да се направи нешто похумано и со поголемо влијание во општеството, наместо да се глуми активизам.
Тебе треба да те занима што прави Град Скопје со твои пари, милионски суми.
Што праи некој со неговите пари и време, поготово нешто вака банално како ветеринар за бездомни кучиња, е негова работа. Така мислат дека помагаат, толку им се сече. Тотално небитно.
 
Град Скопје дава милион евра годишно за оштета од гризање, твои пари од данок. И не се замара колку кучиња со тоа ќе се стерилизираат, туку земал мозгал со 20 000 денари собрани доброволно каков бизнис се правело. Забеганици.
И ти бараш логика во тој циркус?

Како тоа што се даваат огромни пари на глупости, негативно влијае на тоа што се даваат и помали пари на глупости? И ако мислиш дека (кумулативно, на за една поедина НВО), не одат огромни пари на НВО-ата, и државни и странски, тогаш не знаеш за што зборуваш.
 
главното прашање тука бе требало да биде: зошто воопшто (независно чии) се трошат пари за џукеливе?

како за потсетување пари за лечење на дечиња собираме со телефонски повици и смс и се ќе биде појасно.

и за крај решение за џукелите по улиците имаше на овие простори до пред 2-30 год. треба само да го примениме повторно и за 1-2 год. проблемот ќе исчезне.
 
Back
На врв Bottom