ај кажи ми вака...
имаме две опции..
успивање и втората стерилизација
па велите за првата кој ни го дал правото да ги успиваме...а некако не сте свесни дека истото важи и за втората опција..оттука кој ни дал право!!!!
па потоа скитниците ги ставате на исто ниво со кучињата..епа ако е така побарајте де стерилизација и за нив.
јас работата ја гледам вака ПРОБЛЕМ...РЕШЕНИЕ
едноставно успивање
оти ке го реши проблемот трајно а стерилазација...па кој ни дал право??
Кој ни дал право да пушиме цигари со што си наштетуваме на нашиот организам?
Кој ни дал право да произведуваме тешки дроги со кои го уништуваме човекот?
Кој ни дал право да пиеме со што стануваме насилни и ги малтретираме луѓето околу нас?
Кој ни дал право да возиме автомобили со што го загадуваме воздухот кој го дишат нашите деца?
Кој ни дал право да користиме заштита при секс и да не дозволуваме оплодување на секоја можна јајце клетка?
Никој, а сепак го правиме тоа, нали? Друга работа е тоа што е глупаво да се споредат убиство и стерилизација. Мислам, дури ми е и смешно. Со убивањето го прекинуваме животот на кучињата, а со стерилизацијата, на улично куче може само да му се помогне. Мислиш дека не се мачат мајките кои немаат раат откако раѓаат кученца? Си видел како функционира тоа? Не спие, не јаде бидејќи се` носи на своите малечки, постојано ги чува и по потреба се бори со другите кучиња. Да, може и човек да нападне, но тоа е природа. Како што ти на секој начин би ги чувал твоите деца, истото го прават и кучките. Не е важно колку може да бидат повредени, тие не внимаваат на себе и прават се` за своите мали. Потоа, кога малите пораснуваат и се осамосталуваат, таа веќе нема врска со нив. Значи јасно, не е како луѓето, кои се цел живот со своите деца. Па, не е подобро да се стерилизираат кучињата, за да им го прекинеш барем тој мачен дел од нивниот уличен живот, а со тоа и да се прекинува нивното размножување од време на време, кое им смета на луѓето?
Тоа дека кучињата касаат поради страв од луѓето и не е точно. Оние кои се плашат бегаат, а не те следат ако носиш кеса, или не ти лаат ако поминеш покрај нив. Како што тоа реагира на моето постоење (ме лае, ми ’ржи и слично), и јас си дозволувам да реагирам на неговата провокација и да се наведнам по камен.
Прво, ако под здраво мислите на вакцинирано од беснило, зошто ги заборавате гнидите и крлежите кои ги носат со себе? Знаете ли тие колку се опасни за човекот?
Второ... Не ли е глупаво да излезеш навечер на улица до проданица да појдеш и да се пазиш од секоја страна да не ти налета некое куче од целата глутница која лае како навиена?
Трето и најважно... Ако нападне куче, било тоа вакцинирано или не, многу луѓе тоа можат да го доживеат како голем стрес што значително може да се одрази на нивното здравје.
Што сакаш да направи гладно улично куче кога ќе поминеш ти со кеса? Да размисли и да те остави да поминеш, затоа што ќе сфати дека можеби ќе те уплаши ако ти се приближи?
Кучињата не лаат за џабе. Тргнувам од моите, за да не зборувам на памет. Кога ѕвони ѕвончето не лаат секогаш. Кога поминуваат луѓе по влез, не лаат секогаш. Што мислиш дека влијае на тоа? Имаат и тие некое шестто сетило кое им кажува кога треба да лаат, а кога не. Туку тоа ваљда би ви звучело смешно, па да не општиме повеќе.
За првото - под здраво куче мислиме и на чисто без болви и крлежи. Иако мислам дека тие не одат на луѓето и не се баш смртоносни.
За второто - секоја вечер поминувам покрај глутници од кучиња де. Уште сум жива, уште никое не ме уплашило со лаење, уште некое не ме каснало. Не дека не ме плаши и мене таа глетка бидејќи е нормално да ме, ама па си го терам својот пат, не правам нагли потези кои би ги уплашиле и привлекле поголемо внимание и безбедна сум. И јас мислам дека треба да се тргнат тие кучиња, но само на побезбедни места каде што би се одржале во живот и евентуално понатаму би се дале на посвојување.
За третото - јас доживувам стресови и од земјотреси и од мањаци по улиците и од грмотевици и од група бесни мажи кои се тепаат. Па, што со тоа?
И да не зборам за кучињата кои живеат по станови во згради. Не е тоа исто чудно-да се чува куче во зграда?
Како што кажав, јас чувам две кученца во зграда. Што е чудно тука? Што е чудно кога тоа се прави внимателно, за да не смета на другите станари? Значи малечки се, не ги пуштам по влез да шетаат, надвор ги носам доцна навечер и рано наутро кога не би "уплашиле" некој комшија. Тоа е доста мачно, но мојата љубов кон нив е поголема од се` и ми дава сила да ги чувам под тие околности. Ако некој може тоа да го издржи, зошто да не чува куче во зграда? Затоа што ги гледаме кучињата како предмети кои евентуално би ги заглавиле во двор да ни ја чуваат куќата, од некој кој би се решил да не ограби?
