Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    624
Стерилизирање за мене па е слично како успивање. На животното како единка му ја кратиш можноста да го продолжи својот род, смислата за живот ја снемува.
Абе ајде, смешни сте со таквата споредба :) Да се скрати проширувањето на кучињата кои ви сметаат Е потребна кастрација и стерилизација, ама не е еднакво и на успивање. Ко кучињата да ќе патат што понатака нема кој да им го подигне името и продолжи фамилијарната традиција :)
 
Не знам, јас си реков за мене, мене ми е сурово да го кастрирам некое животинче исто како да го убијам. Исто ми доаѓа.

А подобро е да биде безболно успиено или да го собере кола/да го отрујат/да се распаѓа на сред Партизанска? Затоа што во мојава населба се зачестија таквите случаи, нема ден а да нема куче или мачка на сред улица и затоа што е топло времево, не може прозор да се отвори од реата.

Ако вас ви е убаво да гледате куче на улица како се мачи, како се грчи на зима, како рошка по контејнери, мене не ми е, мене жално ми е.
 
Абе ајде, смешни сте со таквата споредба :) . Ко кучињата да ќе патат што понатака нема кој да им го подигне името и продолжи фамилијарната традиција :)
a ti si srtasna vo tvojot post i mi deluva nekako zverski...verojatno nema da patat nemaat tie svest,nivnata priroda e takva kakva so e neblagodarno e da im se skratuva ona so nivnata priroga go nalozuva,abe zalno e to
 
Ако вас ви е убаво да гледате куче на улица како се мачи, како се грчи на зима, како рошка по контејнери, мене не ми е, мене жално ми е.
Мене ми е жал и тоа и тоа...ако некого жалам ќе ми биде жал и кога е надвор на милост и немилост, но и кога некој реши да го успие...Не е да жалиш само дур тебе ти смета.

a ti si srtasna vo tvojot post i mi deluva nekako zverski...verojatno nema da patat nemaat tie svest,nivnata priroda e takva kakva so e neblagodarno e da im se skratuva ona so nivnata priroga go nalozuva,abe zalno e to
Не е жално да се успиваат, туку е жално да се кастрираат? Не е животното во случајот кучето свесно за своето потомство, и нема граници да се воздржи од правење на потомство. Ако сакате на „хуман„ начин да се исчисти градот, кастрирањето е баш поволно...И во стационери да се чуваат кастрирањето е неизбежно, нема ваљда да се остават така и од 10 000 да допуштат да се направат 20 000.
 
Сепак има врска, несвесно најверојатно. Зошто инаку со кастрација секое животно станува глинен гулаб? :)
 
Сепак има врска, несвесно најверојатно. Зошто инаку со кастрација секое животно станува глинен гулаб? :)
Со кастрирањето животното станува помалку агресивно, ги нема тие нагони, не маркира бандери и ограничува места каде се осеќа доминантен и може на раат да си врши работа. Без кастрација, а со ускратена можност да прави потомство, животното е многу агресивно. Така е и кај кучките кои носат мали кутренца...премногу се осетливи и агресивни и имаат страв да не ги повреди некој. Тоа е и препорака од ветеринар, додека животното нема можност за вакви работи :) Нема никакво здравствен пореметување, дури има и позитивни промени.
 
Ццц, луѓе немаат леб да јадат а вие тука општите за тоа кучињата да седат во стационар. Ајде сите ако сме толку хумани да излеземе на улица и да си земеме по едно од оние шугавине? И да, шугави се колку и да го негирате тоа.
Се борат луѓе за кучињата да бидат живи и здрави, а никој не се дрзнува едно такво дома да чува. Епа државата нема финансии на тоа да троши. Верувајте дека субвенции од секаков вид се многу поважни од згрижување на кучиња.
Тоа дека кучињата касаат поради страв од луѓето и не е точно. Оние кои се плашат бегаат, а не те следат ако носиш кеса, или не ти лаат ако поминеш покрај нив. Како што тоа реагира на моето постоење (ме лае, ми ’ржи и слично), и јас си дозволувам да реагирам на неговата провокација и да се наведнам по камен.
Прво, ако под здраво мислите на вакцинирано од беснило, зошто ги заборавате гнидите и крлежите кои ги носат со себе? Знаете ли тие колку се опасни за човекот?
Второ... Не ли е глупаво да излезеш навечер на улица до проданица да појдеш и да се пазиш од секоја страна да не ти налета некое куче од целата глутница која лае како навиена?
Трето и најважно... Ако нападне куче, било тоа вакцинирано или не, многу луѓе тоа можат да го доживеат како голем стрес што значително може да се одрази на нивното здравје.

Можеби звучи нечовечко да се согласам на успивање, но ако тоа е единствен начин да се обезбеди заштита од нив, тогаш ќе речам да за успивањето.
 
Јас имам земено куче од улица и верувајте дека не би го сменила ни за едно расно куче и куче со педигре. Незнам зошто имате толкава одбојност кон уличните кучиња, па затоа ви предлагам на сите кои сакате да чувате расно куче, а ви сметаат уличните кученца, да згрижите едно улично куче и ќе видите дека ќе добиете многу љубов и вистински пријател. Можеби тогаш ќе го смените мислењето за уличните кучиња, а на некој начин и ќе допринесете да се намали нивниот број по улиците.
 
ви предлагам на сите кои сакате да чувате расно куче, а ви сметаат уличните кученца, да згрижите едно улично куче и ќе видите дека ќе добиете многу љубов и вистински пријател.

Не постои таква категорија на граѓани :pipi:
Најголем дел се онакви што чуваат расно куче, а НЕ им сметаат уличните кученца (напротив, коси кубат по нив, по уличните кученца, нико нече да вас бије, додека го тријат самоједот или лесито кај што му е најслатко, меѓу уши).
 
Епа еве ти пред малку спомна дека сакаш расно куче, а не ги сакаш уличните. Ја ти препорачувам да си земеш улично кученце, нема да се покаеш. Не го пишувам ова во иронична смисла, туку најискрено ке се увериш дека не се сите улични кучиња така агресивни како што се опишуваат по форумов. Најискрено:smir:
 
Јас имам земено куче од улица и верувајте дека не би го сменила ни за едно расно куче и куче со педигре. Незнам зошто имате толкава одбојност кон уличните кучиња, па затоа ви предлагам на сите кои сакате да чувате расно куче, а ви сметаат уличните кученца, да згрижите едно улично куче и ќе видите дека ќе добиете многу љубов и вистински пријател. Можеби тогаш ќе го смените мислењето за уличните кучиња, а на некој начин и ќе допринесете да се намали нивниот број по улиците.
Расно куче немам чувано, сум земал секогаш куче од село, овчарски воглавно. Ама со тоа не сум придонел за намалување на нивната популација во градот. И секогаш сум земал мажјаци заради тоа што ако земам женка, каде со нејзиниот пород? Едно-две ќе дадам, а другите? А подврзување на каналите или стерилизација не ми паѓало на памет-тоа не го сметам за добра идеја-кога веќе го чувам зошто да му ускратувам сексуално задоволство и пород? Плус пари треба за такви зафати, зошто да ги давам? Најнеопходните вакцини, доста е.

А ако пак се оди само со ова решение-посвојување, потребни се (за по 1 куче, со 5-10.000 кучиња само низ Скопје) најмалку 4-5.000 фамилии само во Скопје да земат куче. А претходно прашав, каде со нивниот пород? Геометриски се зголемува, од 4000 пола да се женки, од нив пола да се стерилизирани по домовите, остануваат 1.000. Секоја по 3-4 кучиња...дали ќе ги фрлиме во некој дол или...? Доаѓаме до бројка од 3-4.000 нови кучиња, каде тие да се вдомат? Или ќе му кратите на кучето сексуалното задоволство? Не е грев и тоа?
Претходно и гладиус кажа (а и ако се погледне подфорумот економија-сејм), народ глобално нема пари па уште треба да двои за животно-нега, стерилизација, вакцини, прашоци, каиш за буви? Кошта тоа. Да не зборам за динамиката на живот која и не дозволува баш многу време за бавење со тоа куче. И да не зборам за кучињата кои живеат по станови во згради. Не е тоа исто чудно-да се чува куче во зграда?
 
Ако не сакате кучињата да се убијат има само две други варијанти.

Првата е да се соберат сите и да се чуваат на одреден простор.

Втората да се ограничи некако нивното множење па сами природно да се намалат.

Едно прашање е битно. Колкав е бројот на кучиња во Скопје? Колку ресурси се потребни за згрижување на сите нив а да не бидат како во логор?

Требаат бројки. Знае некој?
 
Едно прашање е битно. Колкав е бројот на кучиња во Скопје? Колку ресурси се потребни за згрижување на сите нив а да не бидат како во логор?

Требаат бројки. Знае некој?
Тоа и ја прашав (месечни трошоци по животно) ама...бумп. Изгледа нема такви информации.
 
Тоа и ја прашав (месечни трошоци по животно) ама...бумп. Изгледа нема такви информации.

Муабети без основа, колку да се збори.

Штом нема информации треба да се пресмета приближно, просекот на куче по населба и да се пресметаат приближни трошоци.

X број на населби по Y број на кучиња ќе не донесат до приближна бројка за Скопје.

После тоа се множат куче по квадратен метар (односно колку ќе им доделиме како минимум за пристоен живот) и ќе добиеме колкав простор е потребен за нивно згрижување.

Трошоците понатаму исто може да се пресметаат.

Само треба некој и да поработи малку.
 
Точната бројка неможе да се одреди, барем не кај кучињата што денес се тука утре во друга маала. Можеме сите од око да нагодуваме само. Може се 10 000 како што велат некој, а може се 5 000, може се 2 000 дека и таа бројка не е мала па нам ни се гледа ко да се првоспомнатата цифра :) Освен со ловење и броење точно не може да се одреди, ама пак и што кога ќе ги уловат одма ги успиваат, па затоа и нема потреба од пресметување на трошоци кои се потребни за сите кучиња :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom