VeS
.
- Член од
- 16 мај 2008
- Мислења
- 4.749
- Поени од реакции
- 2.355
Во право си, нас толкави ни се можностите шо не секој може да вдомува скитници од на улица.Лелееее луѓе вие како да не разбирате? Јас ги сакам кучињата, колку можам ќе згрижам, ке се потрудам и други луѓе (мои блиски) да вдомат и згрижат кученце, но јас не можам да ги натерам сите останати луѓе да згрижат куче ако не сакаат(овде секако се оние на кои кучињата им сметаат). И колку кучиња можам да згрижам јас?
Меѓутоа дали тоа треба да го направам јас? Или било кој друг кој сака кучиња? Не, тоа треба да го направат тие што за тоа се избрани на власт и земаат толкави плати. Тие ако толку многу се водат по примерите на европски метрополи(каде што никаде немало кучиња по улиците) треба малку подобро да погледнат и ќе видат дека во секоја европска метропола има стационари за кучиња па дури и гробишта каде се закопуваат кучињата.
Е сега ја не летам у облаци дека тоа и кај нас некад ќе се случи, ама сигурна сум дека постои друг начин да се реши проблемов, последно нешто кое што треба да се направи е да се убијат кучињата. Меѓутоа на нашиве власти секогаш приоритетна им е најекономичната варијанта, иако е најнехумана и нечовечна![]()
Не сум за да се успиваат бидејќи животните не се криви што ние не знаеме што да правиме со нив. Проблемов е уште поголем баш поради тоа што сме мала држава, се знае колкави ни се стандардите и колку луѓе се во можност да чуваат едно или повеќе кучиња и да се грижат за нив пред се.
за болдот: сите викаме дека има друг начин, ама никој не го кажал.