Најубаво е да се уведе закон за миленици нов. Пример заведување на секој миленик у државава. На сите што немаат лиценца за расплод задолжително штроење на милениците да немаат расплод. Исто така и чипирање на секое животно. И нормално, високи казни за тие што напуштаат животни. Со ова и ќе се намали бројот на миленици пошто нема кој било да сака да чува, ем буџетот ќе се пуни на државата од тие што сакаат да чуваат.
Ронче-Бонбонче, има закони, Закон за заштита и благосостојба на животните и Закон за ветеринарно здравство. А има и систем каде, по закон, треба да го микрочипираш твоето милениче, а потоа тој микрочип заедно со сите информации за сопственикот т.е. ти (име, презиме, адреса на живеење, телефон...), за твоето мичениче (пол, раса, возраст, опис...) и за станицата која му е матична на твоето милениче (што и кога аплицирала) уредно да се внесат во системот. Пишува во системот дали миленичето ти е кастрирано/стерилизирано. Тоа е обврска на докторот.
Проблемот е во тоа што ретко кој микрочипира, а уште помалку кастрира/стелизирала. Изворот на проблемот се самите граѓани, поточно онаа помала група на неодговорни сопственици. Во населба имам три нови џукци. Тазе, минатата или предминатата недела се појавија.
Во споменатите закони имаш и глоби. Е сега, треба и редовни контроли, имаш комунални инспектори, а имаш и инспектори на агенцијата за храна и ветеринарство. Треба почесто да си шетаат, пред се комуналните, посебно во реоните каде има многу напади или појава на нови глутници. Тоа им е работа. Така и општината активно ќе се вклучи во решавање на проблемот.
Проблемите се решаваат методично. Ете, треба да има и регистрација на размножувачи (поточно одгледувачи) и само тие да можат да размножуваат кучиња, но и притоа за тоа да си платат, да биде како регистрирана трговска дејност. Ќе си плаќаат и данок на добивка, државата ќе си има и некаква полза од овие предлози, кои не се само твои, туку и на самите активисти. Why not? Ако не си регистриран одгледувач, кастрација/стерилизација. Во спротивно и казна и решение да си го кастрираш, ако не пак казна проследена со таа обврска.
Лично не сум активист, не сум ни кучкар (мачкар сум), ама треба да се најде тоа соломонско решение за кое се желни сите страни. Барем за ова прашање има широк политички консензус. И се одлеваат буџетски средства и се загрозува безбедноста и слободата на движење на граѓаните.