Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    636
Овие да не сepеа за џукели туку се држеа до воздухот?
После како некој да ги разбере озбилно и да искочи на протести?

Нема да биде првпат, според Зелен хуман град, да се креира вештачки проблем со носење кучиња од други градови, создавање немир и револт кај населението за после да „пројде“ масовна еутаназија како „решение“.

„Бевме сведоци на дискусија во комисијата за комунални работи на Град Скопје каде што од претставник на актуелното градско раководство се нафрли терминот „еутаназија“.

Не сме заборавиле дека Комунална хигиена во времето на Коце Трајановски масовно и симултано труеше низ сите скопски општини. Фрлаа отров накај 3 или 4 сабајле и како војска во 5 или 6 поминуваа и собираа лешеви. Не беа само бездомните кучиња, сите памтиме како умираа и домашни миленици во тие дивјачки хајки!
 
абе кои идиоти се значи не можам да ги поднесувам,
секој постар од 40 год. добро знае дека по тој рецепт се решаваа џукелите и во ех југославија и воопшто немаше проблеми од овој тип,
ама сега има идиоти кои не сакаат да сработат денес нешто корисно туку се фатиле за кучињата и преку разноразни здруженија дрпаат пари за себе на грбот на џукелите
 
Има некој закон за животни што забранува конечно решение. Него заловување и пуштање. Затоа тие невладини отпади лаат. Треба законот да се смени за да се решат од секаде. И да се регулираат тие што чуваат лингури и ги пуштаат.
 
После како некој да ги разбере озбилно и да искочи на протести?
Да, ќе искочам. Проблемот е здравствен и еколошки, а не политички.

Проблемот со организираното носење на кучиња, независно дали се улични или домашни, е сериозен на неколку степени. Се загрозува безбедноста на граѓаните, се прелева туѓиот комунален проблем во Скопје и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Башка тоа што ова се територијални животни, па и често пати меѓусебно се напаѓаат. Дури и кога не се напаѓаат, се формираат поголеми глутници.

Ако се има волја за решавање на проблемот со бездомните кучиња ќе мора да секне ова организирано носење кучиња. Ќе мора да секне исфрлувањето на домашните миленици или подмладокот на улица, па потоа во таква средина, да се решава проблемот т.е. прашањето со онаа Х бројка која ќе ја имаме на улиците.

Доколку посочените проблеми беа решени, а притоа стапката на кастрирани и стерилизирани кучиња беше на високо ниво (што е невозможно при континуираниот прилив), овој проблем одамна ќе беше решен. Немаше да има принова, а притоа со просечниот животен век на уличните кучиња, постепено нивната бројка ќе опаѓаше.

Проблем се неодговорните сопственици. И да ги снема сите улични кучиња преку ноќ, немаш гаранција дека некој од Тетово или Теарце не' реши да ти донесе неколку глутници плус. :)
 
од каде ќе донесе ако по истиот принцип се решат џукелите во сите градови едновремено,
друго и да се создадат пак ќе бидат помалубројни од сега а и акцијата ќе се повторува се до конечно решавање на проблемот
 
Ете, го решиш проблемот, но А.А. има 7 мали кучиња, нема што да им прави, и ќе ги пушти во некое скопско село. Такви како А.А. имаш Х. Преку ноќ пак ќе имаш улични кучиња. Сега е појасно? Затоа, и со право, реагираат Зелен хуман град. :)
 
ако овој проблем го решиле уште пред повеќе од 50 год. сигурно и денес е решлив само треба да се изменат законите и да се дадат одврзани раце на тие што знаат како брзо да го решат
 
Со мене разговараш или општо, со сите учесници во дискусијата?

Проблемот може да се реши, драконски казни за напуштање на миленик, а не 15 евра, и задолжително кастрирање/стелизирање на сите домашни миленици, пред се мислам на кучињата. Проблемот, во конкретниот случај, се неодговорните сопственици. Како што тоа куче некогаш од некаде се појавило на улица, така не треба да се остави простор ново куче, некогаш и некаде, да се појави на улица.

Еве, во општина Бутел, во самото срце на општината, пред општинската зграда, која се наоѓа спроти пазарот, а во непосредна близина има и училиште, има нова глутница кучиња. Сите се возрасни, сите без маркица. Што значи дека се и репродуктивно способни. Сите се различни, значи не се од исто легло. Од овие 10, за една година, по две легла годишно, можеш да имаш 100. :)
 
Да, ќе искочам. Проблемот е здравствен и еколошки, а не политички.

Проблемот со организираното носење на кучиња, независно дали се улични или домашни, е сериозен на неколку степени. Се загрозува безбедноста на граѓаните, се прелева туѓиот комунален проблем во Скопје и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Башка тоа што ова се територијални животни, па и често пати меѓусебно се напаѓаат. Дури и кога не се напаѓаат, се формираат поголеми глутници.

Ако се има волја за решавање на проблемот со бездомните кучиња ќе мора да секне ова организирано носење кучиња. Ќе мора да секне исфрлувањето на домашните миленици или подмладокот на улица, па потоа во таква средина, да се решава проблемот т.е. прашањето со онаа Х бројка која ќе ја имаме на улиците.

Доколку посочените проблеми беа решени, а притоа стапката на кастрирани и стерилизирани кучиња беше на високо ниво (што е невозможно при континуираниот прилив), овој проблем одамна ќе беше решен. Немаше да има принова, а притоа со просечниот животен век на уличните кучиња, постепено нивната бројка ќе опаѓаше.

Проблем се неодговорните сопственици. И да ги снема сите улични кучиња преку ноќ, немаш гаранција дека некој од Тетово или Теарце не' реши да ти донесе неколку глутници плус. :)
Замерката беше за филмовите што ги прават за еутаназијата.
Единствен проблем со еутаназијата се проблемите кои ги прават тие снегулки.
 
А зошто да се убиваат и кучиња кои никому никогаш ништо не му згрешиле?

Ова е многу непопуларно решение и меѓу гласачите на Орце, кој победи тесно пред цензуриран кандидат. Дел си имаат маалски миленици кои ги хранат. Сите маалски кучкари, кај мене, се вмровци. Сите до еден.

Понуденото решение нема да го реши проблемот, а истото го појаснив и погоре. Башка тоа што речиси сите здруженија застанаа зад програмските политики на Орце за решавање на овој општествено-комунален проблем. Мислам дека има и интерес за решавање, судејќи по активните политики и јавни заложби, и кај актуелната градска локална администрација.

А прашањето може да се реши на поинаков начин и за неколку години да немаме многу кучиња низ улиците. И тоа го појаснив. Знаеш, не може двојниот товар од неодговорното сопствеништво, и подмладокот и оние кучиња кои повеќе не сакат да си ги чуваат сопствениците, да им ги трупаш на институциите, дали се јавни претпријатија или само јавни прифатилишта со надвошени тимови за заловување и надворешни ветеринарни станици. Така се гушат и просторните капацитети на истите. :)
 
А што е погреота тоа куче од свињата/петелот што се коле за истото да се нахрани?
 
„кучиња кои никому никогаш ништо не му згрешиле“ ?? @PloTwist
Освен тие илјадници граѓани кои се испокасни секоја година, некои и тешко повредени. Мали дечиња што не можат да се бранат, успокасапени.

Гледај, дали може и треба подобро да се реши проблемот? Да, може и треба подобро да се реши проблемот. Ок, нека се реши. Во меѓувреме дали циклуси еутаназија привремено ќе го решаваат проблемот? Да, привремено. Ама да, ќе го решат проблемот макар привремено.
Ние мнозинството повеќе ќе се согласиме со ова, отколку со нападите и касапењата од џукелите.

И мора да се разбереме: Самите кучкари сe фактор за нерешавање на проблемот. Правеа проблеми кога требаше шкопење или регистрирање одгледувачници. Прават проблеми за обавезно чипирање, прават проблеми за драконски и автоматски казни за напуштење кучиња. Не сите секако, ама голем дел.

Епа еутаназија. Па они во меѓувреме нека се договорат меѓу себе за шкопење и одгледувачници, за чипирање и автоматски казни. До тогаш, еутаназија.
 
„кучиња кои никому никогаш ништо не му згрешиле“ ??
Освен тие илјадници граѓани кои се испокасни секоја година, некои и тешко повредени. Мали дечиња што не можат да се бранат, успокасапени.

Гледај, дали може и треба подобро да се реши проблемот? Да, може и треба подобро да се реши проблемот. Ок, нека се реши. Во меѓувреме дали циклуси еутаназија привремено ќе го решаваат проблемот? Да, привремено. Ама да, ќе го решат проблемот макар привремено.
Ние мнозинството повеќе ќе се согласиме со ова, отколку со нападите и касапењата од џукелите.

И мора да се разбереме: Самите кучкари фактор за нерешавање на проблемот. Правеа проблеми кога требаше шкопење или регистрирање одгледувачници. Прават проблеми за обавезно чипирање, прават проблеми за драконски и автоматски казни за напуштење кучиња. Не сите секако, ама голем дел.

Епа еутаназија. Па они во меѓувреме нека се договорат меѓу себе за шкопење и одгледувачници, за чипирање и автоматски казни. До тогаш, еутаназија.
Заборави дека имаше "и" со фразата. Читај убаво. Или не ти се чита?

Другото ти се басни, врска немаат со реалноста. Проблемот може да се реши каде сите страни ќе бидат презадоволни, и тоа побрзо отколку што се мисли. Орце е претседател на ЗЕЛС, може да ги седне и да им каже на шипците да си го решаваат локално проблемот. Скопје не е мигриционен центар.

Додека тоа прашање не се реши, кое е политичко, и додека не се реши проблемот со несвесното сопствеништво, нема простор за решавање на локално-комуналниот проблем на ниво на град Скопје. Џабе ќе трошиш време, нерви и пари. :)
 
Back
На врв Bottom