Amaterasu
123123113
- Член од
 - 17 април 2012
 
- Мислења
 - 1.312
 
- Поени од реакции
 - 1.438
 
Значи човекот е најбитен и неговиот мир така?
Да. Во ова општество во кое ние живееме човечкиот живот е најбитен. Притоа не подразбирам дека треба да се преземат радикални мерки за негово остварување ( на мирот кој го спомна ), но сепак треба да се запази и почитува, особено од страна на другите луѓе бидејќи сите уживаме во сопствениот мир, на еден или друг начин. Значи дека ако правиш нешто што ги вознемирува другите луѓе тогаш треба да престанеш да го правиш. Притоа не сакам да навлегувам во игра на зборови, да останеме на темата, ако твоето куче прави нешто што ги вознемирува луѓето кои живеат во твојата зграда/соседство, тогаш ти си должен да преземеш нешто околу тоа.
	
 како што некој пееше - ‘‘Ово је Балкан, Балкан,Балкан....‘‘ ќе биде ефикасна како и краткотрајниот подеднакво ретардиран Белградски данок за опасни кучиња кој патем, се укина а не постигна ништо освен испуштање на голем број опасни кучиња на улица, што ќе се случи и со нашиве ‘‘забранети‘‘ лајачи, кои нели, се сигурно невоспитани, многу веројатно и агресивни - но моментално зад заклучена врата. А кога нивните сопственици ќе бидат соочени со казни или задолжително одстранување на кучињата, најверојатно едноставно ќе ги исфрлат на улица. Така да сите што кукате дека многу ви лаеле невоспитаните кучиња на комшиите - утре можеби некое ќе ве ‘‘пречека‘‘ на улица и без врата или ограда меѓу вас и него постои веројатност дека ќе бидете исфилетирани. Додајте го ова на и така нерешениот проблем со скитниците кои се веќе на улица и...... повторно честитки за Општина Центар - само што прогласија сезона за отворен лов на луѓе 
