Сериозно сега,ќе земам пример по моето куче,не знам дали си видел на претходните страни,ама имам суперхиперактивно говедо дома што кога е излезено надвор со мене не знае за доста кога станува збор за играње.
Јас со него сум излезен најмалку саат време преку недела,а за викенд одиме да пешачиме од сабајле,па дома си доаѓаме накај 18 часот навечер.
Е сега тука кај мене има ниви што никој не ги користи и се огромни.Го пуштам таму да се издува едно 20 минути,обожава да фаќа шишиња наполнети со малку вода,спринтови прави како Болт.Така работиме едно 20 минути до пола саат,после половина час тегне јаже со заби,тоа го изморува многу малку,па на крај едно 20 минути трча со мене.
Имаме и школо во близина,го пуштам во школскиот двор исто така да се истрча,само ти на почеток мораш прво во затворен простор да бидеш со него и да го довикуваш по име.Името мора да си го научи од мало за кога ќе го викнеш да дојде одма.Ако го пуштиш на отворен простор,еве да речеме во парк најверојатно ќе го најдеш во зоолошка кај волците после
Школо или градинка или некое затворено паркче мора да имаш во близина,пуштај го полека таму,една недела,викај го по име и давај му награди секој пат кога ќе дојде,па фати му го чурот некоја недела накај Водно полека.Јас викендов планирам да одам со кучето,ама бидејќи е премногу заштитнички настроено кон други кучиња,се мислам сеуште.Но патот Ѓорче-Волково-Крст Кучково не ни бега посекако.
Сакаат долги прошетки кучињата,барем навечер нема да имаш големи проблеми со скокања по кревети,гризења влечки и лаење во стан
Ова ти кажувам по мене,јас како направив со моето,не мора да ме послушаш,ама бидејќи териерот е премногу активно куче за неговата големина и брзо е како струја,за да не го бркаш низ парк,прво во затворен простор поминувај време со него,нека се навикне на тебе и обратно,на наредби,на името негово.После ако имаш живци ќе ти биде многу полесно