Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Океј, може и тоа ама НЕ САМО ТОА. Оваа раса е адреналин џанки. Треба фрлање топче до кај што ти фрла раката и така едно 2 саати.
Еве ти бе земи му едно ваквo, ти ќе си седиш пред PC, оно ќе си трча до тебе :D

dogtread_web.jpg

Отидов јас сега со мојава во паркот :)

Sent from my A8 using Tapatalk
 
Имa вежби штo пoвеќе гo измoрувaaт кучетo oткoлку тебе:
 
Не ма вакво, не зезај.[DOUBLEPOST=1473355385][/DOUBLEPOST]
Имa вежби штo пoвеќе гo измoрувaaт кучетo oткoлку тебе:

Ќе комбинирам, времето ќе покаже колку и какви вежби ќе правиме.
 
Последно уредено:
@Dumb Demos другар вака народски кажано многу го тупиш :D

шала на страна нема лутење.Сериозно сега,ќе земам пример по моето куче,не знам дали си видел на претходните страни,ама имам суперхиперактивно говедо дома што кога е излезено надвор со мене не знае за доста кога станува збор за играње.
Јас со него сум излезен најмалку саат време преку недела,а за викенд одиме да пешачиме од сабајле,па дома си доаѓаме накај 18 часот навечер.
Е сега тука кај мене има ниви што никој не ги користи и се огромни.Го пуштам таму да се издува едно 20 минути,обожава да фаќа шишиња наполнети со малку вода,спринтови прави како Болт.Така работиме едно 20 минути до пола саат,после половина час тегне јаже со заби,тоа го изморува многу малку,па на крај едно 20 минути трча со мене.
Имаме и школо во близина,го пуштам во школскиот двор исто така да се истрча,само ти на почеток мораш прво во затворен простор да бидеш со него и да го довикуваш по име.Името мора да си го научи од мало за кога ќе го викнеш да дојде одма.Ако го пуштиш на отворен простор,еве да речеме во парк најверојатно ќе го најдеш во зоолошка кај волците после :D

Школо или градинка или некое затворено паркче мора да имаш во близина,пуштај го полека таму,една недела,викај го по име и давај му награди секој пат кога ќе дојде,па фати му го чурот некоја недела накај Водно полека.Јас викендов планирам да одам со кучето,ама бидејќи е премногу заштитнички настроено кон други кучиња,се мислам сеуште.Но патот Ѓорче-Волково-Крст Кучково не ни бега посекако.
Сакаат долги прошетки кучињата,барем навечер нема да имаш големи проблеми со скокања по кревети,гризења влечки и лаење во стан

Ова ти кажувам по мене,јас како направив со моето,не мора да ме послушаш,ама бидејќи териерот е премногу активно куче за неговата големина и брзо е како струја,за да не го бркаш низ парк,прво во затворен простор поминувај време со него,нека се навикне на тебе и обратно,на наредби,на името негово.После ако имаш живци ќе ти биде многу полесно
 
@Dumb Demos другар вака народски кажано многу го тупиш :D

шала на страна нема лутење.

Де бре даааеее.

Сериозно сега,ќе земам пример по моето куче,не знам дали си видел на претходните страни,ама имам суперхиперактивно говедо дома што кога е излезено надвор со мене не знае за доста кога станува збор за играње.
Јас со него сум излезен најмалку саат време преку недела,а за викенд одиме да пешачиме од сабајле,па дома си доаѓаме накај 18 часот навечер.
Е сега тука кај мене има ниви што никој не ги користи и се огромни.Го пуштам таму да се издува едно 20 минути,обожава да фаќа шишиња наполнети со малку вода,спринтови прави како Болт.Така работиме едно 20 минути до пола саат,после половина час тегне јаже со заби,тоа го изморува многу малку,па на крај едно 20 минути трча со мене.
Имаме и школо во близина,го пуштам во школскиот двор исто така да се истрча,само ти на почеток мораш прво во затворен простор да бидеш со него и да го довикуваш по име.Името мора да си го научи од мало за кога ќе го викнеш да дојде одма.Ако го пуштиш на отворен простор,еве да речеме во парк најверојатно ќе го најдеш во зоолошка кај волците после :D

Школо или градинка или некое затворено паркче мора да имаш во близина,пуштај го полека таму,една недела,викај го по име и давај му награди секој пат кога ќе дојде,па фати му го чурот некоја недела накај Водно полека.Јас викендов планирам да одам со кучето,ама бидејќи е премногу заштитнички настроено кон други кучиња,се мислам сеуште.Но патот Ѓорче-Волково-Крст Кучково не ни бега посекако.
Сакаат долги прошетки кучињата,барем навечер нема да имаш големи проблеми со скокања по кревети,гризења влечки и лаење во стан

Ова ти кажувам по мене,јас како направив со моето,не мора да ме послушаш,ама бидејќи териерот е премногу активно куче за неговата големина и брзо е како струја,за да не го бркаш низ парк,прво во затворен простор поминувај време со него,нека се навикне на тебе и обратно,на наредби,на името негово.После ако имаш живци ќе ти биде многу полесно

Добро си кажа де, све како што треба на место. Само финтата е што ти имаш напуштени ниви во близина, јас немам. Плус празно школо или градинка е малце зезнато да најдеш. Треба наутро во 06:00 да појдеш и порано што е малку тешко имајќи во предвид ако имаш и други обврски наутро. Според мене евентуално некое поголемко заградено игралиште за деца рано наутро е најпогодна варијанта. Навечер е подруго, ама е темница. Викенди океј настрана ќе го носиш.

Како сакаш кажи ама Скопје нема добар затворен голем простор за кучиња. Треба да импровизираш како што веќе наведе/наведовме, а сето тоа (треба да) е казниво со закон (нели без подводник и маска на јавно место).
 
Од се ова можам да заклучам дека реално немаш услови за џек, ама имаш голема желба :) Размисли си уште еднаш за изборот на расата
 
@Dumb Demos епа тука е проблемот,еве Курто ти пиша погоре,мораш да имаш слободно време стриктно само за него,некој си час,час и половина.Џекот е специфично куче,народски кажано што има црви во газот и мора да шпарт лево десно,да има занимации да не ти се мрдне дома,па некој ден кога ќе си дојдеш дома да го најдеш станот превртен целиот.

Кога работев во парк на еден објект лани секое утро гледав еден човек со џек во школото карши Буњаковец,не ми текнува како се викаше.Секое утро во исто време кога проаѓав го гледав човекот во школскиот двор со кучето и со ранче полно со награди како го учи на команди кучето и едно утро баш застанав да поправам муабет со него и ми вика човекот “ова ми е рутина веќе три години.Почнувам на работа во 8 часот,а станат сум од 5 сабајле само да го прошетам него.Ако не го прошетам наутро не се осеќам ни јас исполнет,а камоли кучето кое е многу активно куче и сака секогаш да има работа.Не сакам да му го ускратувам тоа бидејќи знам дека се одразува и на мене“.
Многу добро си кажа човекот,дури и ме зачуди колку е посветен на кучето.А кучето прав робот,додека човекот збореше со мене не се помрдна од покрај него.

Кучето е исто како бебе кога чуваш.Си бара внимание,грижа,редобна и убава исхрана,социјализација и дружење со сопствениците.Не е само купи го,врзи го на ланец,менувај му вода и давај му еднаш во денот за јадење,две минути погали го и батали го.
 
Од се ова можам да заклучам дека реално немаш услови за џек, ама имаш голема желба :) Размисли си уште еднаш за изборот на расата

@Dumb Demos епа тука е проблемот,еве Курто ти пиша погоре,мораш да имаш слободно време стриктно само за него,некој си час,час и половина.

Слободно време имам на претек. За мене е нереално е да стануваш во 05:30 и да се шуњаш по училишта и градинки... посебно во есен/зима.

Џекот е специфично куче,народски кажано што има црви во газот и мора да шпарт лево десно,да има занимации да не ти се мрдне дома,па некој ден кога ќе си дојдеш дома да го најдеш станот превртен целиот.

Не знам зошто повторуваш информации кои што се досега 2-3 пати кажани. И јас самиот го констатирам ова што ти го нафрлаш.

Кога работев во парк на еден објект лани секое утро гледав еден човек со џек во школото карши Буњаковец,не ми текнува како се викаше.Секое утро во исто време кога проаѓав го гледав човекот во школскиот двор со кучето и со ранче полно со награди како го учи на команди кучето и едно утро баш застанав да поправам муабет со него и ми вика човекот “ова ми е рутина веќе три години.Почнувам на работа во 8 часот,а станат сум од 5 сабајле само да го прошетам него.Ако не го прошетам наутро не се осеќам ни јас исполнет,а камоли кучето кое е многу активно куче и сака секогаш да има работа.Не сакам да му го ускратувам тоа бидејќи знам дека се одразува и на мене“. Многу добро си кажа човекот,дури и ме зачуди колку е посветен на кучето.А кучето прав робот,додека човекот збореше со мене не се помрдна од покрај него.

Џабе везеш анегдоти (така стручно се вика кога човек генерализира спомнувајќи само еден настан или прилика). Имено, јас сум слободен буквално цел ден, освен наутро два саати (06:30 - 08:30). ЗНАЧИ не ми менува ако го изнесам во 09:00 така? Чичето што го спомнуваш станува во 05:30 зошто МОРА. На работа е човекот до којзнае кога (17:00, 18:00, итн.) и таа му е единствена прилика да го прошета наутро. Мене не ми е. Не знам дали се разбираме.

Кучето е исто како бебе кога чуваш.Си бара внимание,грижа,редобна и убава исхрана,социјализација и дружење со сопствениците.Не е само купи го,врзи го на ланец,менувај му вода и давај му еднаш во денот за јадење,две минути погали го и батали го.

Брат, добро, знаеме ова не мора да пишуваш колку да се напише нешто. Веројатно сакаш да помогнеш као, ама некако на 'condescending' ја вртиш работава што би рекле Енглезиве.
 
Слободно време имам на претек. За мене е нереално е да стануваш во 05:30 и да се шуњаш по училишта и градинки... посебно во есен/зима.

Не знам зошто повторуваш информации кои што се досега 2-3 пати кажани. И јас самиот го констатирам ова што ти го нафрлаш.

Џабе везеш анегдоти (така стручно се вика кога човек генерализира спомнувајќи само еден настан или прилика). Имено, јас сум слободен буквално цел ден, освен наутро два саати (06:30 - 08:30). ЗНАЧИ не ми менува ако го изнесам во 09:00 така? Чичето што го спомнуваш станува во 05:30 зошто МОРА. На работа е човекот до којзнае кога (17:00, 18:00, итн.) и таа му е единствена прилика да го прошета наутро. Мене не ми е. Не знам дали се разбираме.

Брат, добро, знаеме ова не мора да пишуваш колку да се напише нешто. Веројатно сакаш да помогнеш као, ама некако на 'condescending' ја вртиш работава што би рекле Енглезиве.
Штом си решил,терај си.
Не е само времето,сам си ги дефинира проблемите...место за шетање...вишок енергија...живееш во стан и слично. Времето нема да биде секогаш сончево и убаво,и што ќе правиш тогаш? Ако ти изгледа дека сакам да те предомислам, тоа е зошто сум чувал куче во стан во урбана средина и ги знам маките. А ако сакаш да пишуваш за твојот проблем биди спремен да чуеш туѓо мислење,во спротивно земи си го песот и не се замарај со никој. И прати некоја слика
 
Fair enough. Знам дека е предизвик. Го констатирав тоа уште во првиот пост.
 
Не мораш толку да се возбудуваш,само ти пренесуваме искуства и даваме мислења од самото искуство,не мора да се сложиш со нас.

На крај краева,штом си веќе решен да си земеш миленик со среќа нека ти е,само да не ти се здосади за два-три месеца па да читаме постови во Анима Мунди за вдомување.Многу такви случаеви има на фб,затоа ти велиме да не правиш некоја такваа грешка.
 
Koja rasa e najpovolna za cuvanje vo stan, no ne mali rasi?
Ердел териер. Не се митарат, не мирисаат, а се 56-62 цм (и тежат до 25 кг максимум). Моментално нема легла во Македонија, но знам две многу квалитетни легла во Србија.
 
Дечки дајте некоја идеја за награда при дресирање? Моментално и' давам сува храна зашто ми е најпрактична за ставање во џеб итн, ама губи интерес одма, ми треба нешто ептен вкусно :)

Sent from my A8 using Tapatalk
 
Дечки дајте некоја идеја за награда при дресирање? Моментално и' давам сува храна зашто ми е најпрактична за ставање во џеб итн, ама губи интерес одма, ми треба нешто ептен вкусно :)

Sent from my A8 using Tapatalk
Дехидрирaн џигер, бел дрoб, пилешки стек, меленo месo, срце... Акo немaш дехидрaтoр, ги стaвaш вo печкa нa нaјнискa темперaтурa дa седaт 1-2 сaaти (зa oргaните кaкo џигерoт и белиoт дрoб требa пoдoлгo). Сaмo штo џигерите и белиoт дрoб мнoгу ќе смрдaт дoдекa ги печеш, тaкa дa oстaви ги нa пoслужaвник сo хaртијa зa печење, вo фрижидер дo 4 денa (oвa гo прaвев сo дрoбoвите и беше успешнo). Нa 2 денa се превртувaaт и ги oстaвaш уште 2 денa дa стoјaт. А, зa нaгрaди вo "пoследен мoмент" кoристaм кaшкaвaл исечкaн нa кoцки. Мoетo куче пoлудувa пo наградиве.[DOUBLEPOST=1474108139][/DOUBLEPOST]20160423_122655~2.jpg
Мисиркинa кртинa, сушенa вo печкa нa 50°Ц.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom