Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Па баш и имам искуство со Малиноа женка, и тоа негативно, еднаш се фати Астра со Малиноа женка, и двете пројдоа со по некој заб на себеси, мада Малиноата потешко пројде, зашто Астра поголема и помасивна, па лесно ја соборе, среќа блиску бевме и одма се стрчавме и ги раздвоивме, да бевме подалеку, партали ќе се направеа.
Ова чисто како случка што ми се има десено ја споделив.

Инаку Малиноата има сличен напад како и Доберманот, вилицата им е исто маказеста, така да стилот на напад е речиси ист, во кус период нанесуваат многу угризи.

Генерално Малиноата не е раса за почетници, сепак се работи за службена раса, а со службени раси нема играње.
Уште од сам старт ако не го воспиташ како што треба, додека е мало, кога ќе порасне може многу лесно да изгубиш контрола над кучето.
Многу хиперактивна раса се, си бараат ментални вежби, односно сакаат да работат, да им се задаваат команди.
Карактерно генерално се прилично остри и храбри, али како што кажав, најголем акцент е ставен на воспитувањето, со правилно воспитување се' може да се постигне.
Во АРМ се користат претежно Малинои, покрај останатите раси.

За ова правам муабет ;)

На второво видео, прават вежби, и обрни внимание од 40 до 50 секунда на видеото, Малиноата во сиот насобран адреналин, губи контрола, и се случува вистински напад.
13232872_1606108336368104_4720920802583156787_n.jpg
 
Дали некој има информација кои документи се потребни за патување на одмор со куче во Грција .
 
Дали некој има информација кои документи се потребни за патување на одмор со куче во Грција .
Книшкa (пaсoш). Мa дa мене ни тoa не ми пoбaрaa. Сепaк, нoси зa секoј случaј.
 
Дали некој има информација кои документи се потребни за патување на одмор со куче во Грција .
Пасош и Чип ако не се лажам, сега последниве дена не ги прифаќат пасошите на Миленичињата тука на Битолска граница дека R. Macedonia пиши... и обавезно печат од ветеринар за беснило.

Ливчиња нека ни дат :D
 
Фала.Зборував со еден ветеринарен инспектор ми рече се вадело потврда од таму за граница,но ова со македонскиве пасоши ме плаши.:(:confused:
 
Фала.Зборував со еден ветеринарен инспектор ми рече се вадело потврда од таму за граница,но ова со македонскиве пасоши ме плаши.:(:confused:
Значи не се замарај ако ти е за грчка граница, ништо нема да ти побараат едино, вакцината за беснило да биде уште валидна и дали и тоа ќе ти го побараат
 
Фала.Зборував со еден ветеринарен инспектор ми рече се вадело потврда од таму за граница,но ова со македонскиве пасоши ме плаши.:(:confused:
Битола е башибузук т.е. грчката страна. Оди си од Гевгелија сигурно ќе немаш никаков проблем. Мене неќеја тука на преминот да ми потпишат ливче за да си вратам 200е данок, се тегнев со таја гркинката на граница цел сат, за на крај да ми окара и да ми потпиши само сакаше малце молење упм да фати.

Јас ја спремам Ада да ја носам Хрватска во Јули. Пасошот го извадив, ревакцинација денес прими за штењача (бар така мислам дека е за тоа) 2 вакцини прими и ми рекоа демек 1 месец треба во карантин или само со вакцинирани кучиња па ете со на женска ми пикинезерот цел ден се заедно, 1 месец да не го вадам кучево ќе се мрдни дома т.е. ќе ме мрдни, за една недела прај 4 месеци...

Иначе за беснило ја неам вакцинирано имам само лепенка ставено во пасошот и печат од ветеринар демек е вакцинирана.
 
Zboruvaj so inspektor,najverojatno ke ti treba i potvrda za patuvanje, hrvatite otkako vlegoa vo eu dosta problemi pravat za milenicite. Inaku kutreto oficijalno ti e nalo za besnilo. Idi kaj veterinar i ubavo rsprasaj se, bidi si apremen. Porano se barase titar,se demek ne baraat ali znam slucai vo koi bas hrvative zaebavale.
 
Да ви го претставам НИТРО ;)

13329810_10209766623906099_366081752_n.jpg

13324109_10209766624226107_1691030787_o.jpg
 
Имам ставено ампула на кучето пред нешто повеќе од месец дена па сеа сакам да го бањам дали доколку го избањам ке помине дејството на ампулата. Иначе имам шар пеи.
 
Имам ставено ампула на кучето пред нешто повеќе од месец дена па сеа сакам да го бањам дали доколку го избањам ке помине дејството на ампулата. Иначе имам шар пеи.
Веќе е поминато дејството. Откога ќе се стави ампула, кучето не смее да биде во контакт со вода 48 часа, а ампулата штити месец, до месец и пол најмногу (ова зависи и од самото куче).
 
^ @Papillon.Papi убаво си одговорила, само да надополнам дека не само по ставањето на ампулата кучето не смее да биде во контакт со вода 48 часа, туку исто така и пред ставањето на ампулата кучето треба барем 24 часа да не било мокро, за да кожата му е потполно сува, за да ампулата го има максималниот ефект, затоа што ампулата за да дејствува ефикасно, треба да се стави на потполно сува кожа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom