Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе што да се прави ако му се појави перут на кучето, зашто на моево по цело влакно му се појавија мали бели топчиња?
 
@JETKUNDO немој да користиш влажни марамчиња и слични миризливи работи. Само трилни ја со водена крпа и почесто чешлање како што кажа викса.
 
Дали таксињава примаат кучиња,или има некои посебни што возат и миленици ? за мало лабрадорче 2 месеци ваљда нема да праат проблем ? искуство некој ?
 
Една моја другарка пред една година вртеше на такси Ројал кога требаше да го пренесе кучето и не и правеа проблем. Јави се прашај ги 078 484 848
 
Дали таксињава примаат кучиња,или има некои посебни што возат и миленици ? за мало лабрадорче 2 месеци ваљда нема да праат проблем ? искуство некој ?
Зависи од таксистот, дали е кучкар или не е :)

Битно е ти да најавиш дека ќе бидеш со куче, па они ќе ти испратат таксист што би сакал да те пренесе со куче.
 
Луѓе што да се прави ако му се појави перут на кучето, зашто на моево по цело влакно му се појавија мали бели топчиња?

И кај моето се појави перут, па замисли ти на црно лабрадорче како изгледа перут :) Како завеан е :D Ама почнав да му давам зачин ДИМЕ во готвената храна и му се намали значително. Нека ти кажат поискусните што како да правиш. :)
 
Ај вака ,некоја паника ме фати деноиве од температуриве
Значи имам стафорд 4та година како е зиме надвор до сеа сум немал проблеми ама ова температуриве ме засекираа.
Куќарката е од сите страни со стиропор 5цм заштитена и има преграда поделена е во два дела ,има доста слама стаено и навечер му ставам шперт плоча кај отворот за да го заштитам повеќе. Весел е не дека е нешто тмурен,знаци на настинка до сеа не можам да приметам ,температура нема ,кога ќе искочи надвор малку почнува да се тресе ,ама преку ден трча низ двор по некоја минута.

Нема гајле или што мислите ? Да стаам сијалица 100ватна во тегла во куќарката?
Па налет ,овие што чуваат питови ,стафорди во мизерни услови ,а и позаштитена куќарка не верувам дека може да се напраи...
 
земи си гo бе вo кревет сo тебе, штo газда ке беше, мајка ми и таткo ми не мoжат да заспијат акo сo нив не е 30кг зверoт :D
 
1.Колку AD капки дневно би ми препорачале за шарпланинче од 12-13кг?
2.Има ли разлика во дoзирањето ако капките се на водена база или "уљни"?
3.Кој е рецептот на зачинот ДИМЕ?:))

Огромна благодарност
 
За кутре од 2 месеци,освен добра храна,што друго треба да се дава ? коски смее ли ? и дале на малава(лабрадор) коски од батак,3-4 и дале,маф ги напраила...ама знам дека не е добро толку многу,ама се дави во коски...ама после некој саат повратила.Колку пати да и се дава неделно коски ? месо више смее секакво ? свинско наводно не требало да и се дава ? зеленчук,овошје,смее така? леб ?

некои апчиња освен калциум,нешто друго ? за влакното ?
 
1 и 2 појма неам чекај од некој од ветеринариве на форумов или прашај ветеринар во амбуланта.
рецептата ќе ја добиеш овде.

За кутре од 2 месеци,освен добра храна,што друго треба да се дава ? коски смее ли ? и дале на малава(лабрадор) коски од батак,3-4 и дале,маф ги напраила...ама знам дека не е добро толку многу,ама се дави во коски...ама после некој саат повратила.Колку пати да и се дава неделно коски ? месо више смее секакво ? свинско наводно не требало да и се дава ? зеленчук,овошје,смее така? леб ?

некои апчиња освен калциум,нешто друго ? за влакното ?

Коски ти е малку рано да и даваш (а пилешки воопшто несмееш да и даваш ни сега ни кога ќе порасне може да ти наштетат само), колку што знам јас коски се почнува кога ќе ги смени забите значи после 6-7 месеци. Месо смееш да даваш само немој свинско (не ме прашувај зашто така ми е кажано од ветеринар така ти пренесувам). Зеленчук и овошје без никакви проблеми можеш да даваш колку сакаш и кога сакаш. За апчиња освен калциум мислам дека ти е рано за било што друго, можеби евентуално да дадеш омега 3 , 6 , 9 и ништо друго.
 
За кутре од 2 месеци,освен добра храна,што друго треба да се дава ? коски смее ли ? и дале на малава(лабрадор) коски од батак,3-4 и дале,маф ги напраила...ама знам дека не е добро толку многу,ама се дави во коски...ама после некој саат повратила.Колку пати да и се дава неделно коски ? месо више смее секакво ? свинско наводно не требало да и се дава ? зеленчук,овошје,смее така? леб ?

некои апчиња освен калциум,нешто друго ? за влакното ?

Зачин ДИМЕ ти се природни Omega 3 и 6 масни киселини и за влакното се СУПЕР! Почни да даваш па ќе видиш како ќе биде... а и посјајно ќе биде :D
 
Кутрево се научи уште пред недела дена да цивка за на тераса да мочка/кака ама последниве 2 дена не знам што и е,многу моча внатре и на кревет...да не е настинато ? за какање иде надвор ама моча внатре...не сме ја шетале,едино што излагала за нужда,и што ја носевме до ветеринар во раце...или така и годи на дудето ? :D
 
Ладно му е хихи, и мене да ми речеш сеа не идам надвор па во гаќи ке мочам ако треба:eek:
 
Мислиш тоа е ? некој друг мислење,страв ми е да не е настината..[DOUBLEPOST=1420465198][/DOUBLEPOST]Мислиш тоа е ? некој друг мислење,страв ми е да не е настината..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom