Карактерот нема везе со расата. Баш во неделата кога бев во паркот за кучиња се здавија златен ретривер и хаска, кои ги сметаме за најмирољубивите кучиња, додека двата пит були што беше внатре не направи ама баш ништо. Исто така, во маало има еден добеман кој сака да се гали како мачка и си игра со моето кутре како да е 2 месеца, а не 2 години, додека еден Бретонец Шпаниел, рака ќе ти изеде, а ги сметаат за најигривите ловџииски кучиња.
Да, али доколку се здавеа 2 Питбула или Питбул и Х раса ... немаше така лесно да се одвојат, и штетата можеше да биде многу поголема ... заразлика од здавувањето на Златниот Ретривер и Хаската.
За ова имавме на долго и широко дискутирано со
@Vanlok ... и јас така размислував, дека куче си е куче ... се додека еден ден не ми се деси и на мене најцрното сценарио, кое што за малку можеше да биде фатално ... во тамава
(Искуства со неодговорни сопственици на кучиња) имам опишано, што и како се деси тогаш.
Не секој човек е способен да контролира моќна раса, раса со цврст карактер.
За да некој се одлучи да земе моќно куче со цврст карактер, како прво и основно
самиот човек мора да има цврст карактер, и да е способен да се носи со тој карактер на кучето, и да има доволно знаење и искуство од областа на кучињата.
Заедно бевме во парк, али ти не ја виде целата ситуација, и не виде точно што се деси бидејќи подоцна стигна, али јас точно видов што се деси, и како реагираа.
Како прво, Златниот Ретривер и Хаската, беа 2 возрасни мажјаци, и цело време си даваа знаци на доминација ... али нивните „едуцирани“ сопственици незнаеа да ги прочитаат тие знаци, и како телиња стое цело време и си правеа муабет.
А јас и пријателот мој, цело време коментиравме отстрана, и го чекавме моментот кога ќе се здават ... искуство

... само гледаш отстрана, го следиш говорот на телото, и веќе пред да се деси нешто, знаеш дека ќе се деси, бидејќи веќе си ја „прочитал“ реакцијата на кучето преку неговото движење, односно преку неговиот говор на телото.