Za vakcina koga e najdobro da go vakciniram roden e na 3 septemvri ?Ајде ќе бидам добар нема да те мачам да читаш 206 страни колку што до сега се испишани, ама си можел бар последниве 10-15. Иначе ова земи го со доза на резерва зашто може да те излажам за нешто ама затоа има ветеринари на форумов кој ќе ме поправат за секоја грешка.
Треба да прими 3 вакцини мислам дека се почнува на 42 дена, па после тоа имаш 2 ревакцини на раздалеченост од 21 ден.
Значи пример првата вакцина ја прима на 42 ден + 21 ден е следната +21 ден е последната и процесов ти завршува на нешто пред 3 месеци.
лекови за што кучето веројатно ти е здраво значи не ти требаат никакви лекови. Ако мислеше на додатоци во исхраната тоа е веќе друго ама мислам дека е сеуште рано за било што од ова.
Храна е доста дебатирано во темата за храна за кучиња побарај ја на форум и исто бар последните 10 страни прочитај ги ќе добиеш страшно многу совети (голем дел од нив си контрираат ама не секој чува исто куче па дури и иста раса да е пак по нешто ке се разликува). Не се води само по имете гледај и како ќе ти се покаже таа храна на твојот миленик. Да пожелно е да му даваш колку можеш поквалитетна храна бар додека е во раст за да ти требаат помалку додатоци. Веројатно следно прашање е која е квалитетна храна е тука имаш повеќе да се пишува ама многу голема улога игра и колку си спремен да двоиш за храна на кучето.
Мислам дека ти одговорив на сите прашања, ако нешто сум испуштил или некој ќе ме надополни или препрашај. Ако нешто сум погрешил поправете поискусниве за да не правам пак грешки![]()
Sent from my GT-I9195 using Tapatalk