Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Imame kuce pinc. Go cuvame od 2 meseca starost, a sega ima edna godina i osum meseci.Slusa naredbi, vrsi nuzda, gi ima primeno site vakcini.Mu pruzame golema ljubov.Nitu ednas ne e ostaven sam da bide, go cuvame site od deca do babi .No imame golem problem. Mnogu e agresivno,a ne bese takvo.Site po doma sme iskasani od nego so rani sme site do krf.Osobeno napaga ako spie i ako nekoj mu se doblizi ili slucajno go dopre. Togas pocnuva da rzi i napaga.Kasa, grize se dodeka ne dojde nekoj da pomogne.Sega sum iskasana na dvete race so rani i bolki.Potoa znae deka zgresil i se krie pod krevet. I potoa se gali kako nisto da ne bilo.Imam mali deca i se plasam. Inace mnogu sakame zivotni i go cuvame vo mnogu dobri uslovi. Ako ima pomos pisete ve molam. Nesakame da go izgubime ama stanuva se poloso.
 
Пред 2,5 години во истава тема побарав мислење за избор на куче. Тогаш децата ми беа мали (1,5 и 6 години) и не се нафатив со предизвикот. Сега децава се поголеми и мислам дека малку од малку ќе можат да ми помагаат. Јас сум еден ден на работа, еден ден дома. Ме интересира, доколку не можат дома да се справат со малото "ѕверче", ќе може ли да си го носам на работа (се знае - после карантинот) со мене. Инаку работам како возач на камион и возам во просек околу 13 часа дневно (значи секој втор ден). Секој совет ќе ми биде добредојден. Инаку живеам во Ново Лисиче на 9-ти и сакам да "посвојам" лабрадорче. Искрено, не сакам мали раси на кучиња, едноставно не ме привлекуваат. Ви благодарам однапред на одговорите.

П.С. Верувале или не, ги прочитав сите 208 страни.
 
Ќе можеш, зошто да не би можел. Лабрадорот е раса која е лесно прилагодлива и лесно се дресира. Лесно се поткупливи за храна и живеат за да го задоволат сопственикот и да го направат среќен. Нормално додека расне ќе има тинејџерска фаза и као нема да служа, но ако од почеток се постави кој е алфа во куќата нема да има проблем. Среќно во потрагата! (y) ps Ако кучето е доволно активно преку денот, ќе нема време за правење глупости, така да 3 часа минимум добра активност и ќе имате среќен пес.
 
SaltNPepa, муабетот ми беше дека ако го носам на работа, дали ќе стекне рутина бидејки ќе е мало?
 
Па на почеток ќе мочнува низ камион неможеш да очекуваш дека нема ниеднаш да направи беља, ама со тек на време ќе се навикне и ќе немаш проблеми, на почеток веројатно на секој 1-2 часа ќе правиш кратка пауза за да изврши нужда ама потоа ќе стигнеш до фазата од 6-7 саати да чека.

Иначе нема да имаш никаков проблем и дома да е со децата нормално постарото нема да му биде никаков проблем да го симне пред зграда за да си заврши работа, како што пиша салт доста се паметни и лесно се прилагодуваат на сопственикот. За разлика од самојед на пример кои се прилично тврдоглави. Еве јас имам 2 и да разгалени се и такви глупости ама дедо ми ги размазува 10 пати повеќе од мене а со него кога шетаат одат строго до нога, а јас пробувам некогаш и строг да бидам па мислам дека лебдам еден вчеше на една страна друг на друга и јас како детско летато сум :)
Ова ти го пишувам за да потврдам она што сите го велат дека кучето се прилагодува на сопственикот/шетачот, сигурно ќе му биде задоволство и на детенцето да го симне пред зграда.

Ама кога веќе кажуваме совети да знаеш дека не е убаво да одат по скали барем до 6 месеци и ако немаш лифт ќе ти биде доста мачно.
 
imam kuce demon haska 1godina e, imam u komsii minka i momentalno se tera,demon e so nea pola mesec sekoj den zaedno, i sea pocna da ne mozam da go dvojam od nea kako da ja brane spie so nea, nekje ni jade ni pie, vrzam go doma sekne se neznae so prae kvice tegle se, so da napravam

Sent from my Nexus 5
 
Последно уредено:
Па на почеток ќе мочнува низ камион неможеш да очекуваш дека нема ниеднаш да направи беља, ама со тек на време ќе се навикне и ќе немаш проблеми, на почеток веројатно на секој 1-2 часа ќе правиш кратка пауза за да изврши нужда ама потоа ќе стигнеш до фазата од 6-7 саати да чека.

Иначе нема да имаш никаков проблем и дома да е со децата нормално постарото нема да му биде никаков проблем да го симне пред зграда за да си заврши работа, како што пиша салт доста се паметни и лесно се прилагодуваат на сопственикот. За разлика од самојед на пример кои се прилично тврдоглави. Еве јас имам 2 и да разгалени се и такви глупости ама дедо ми ги размазува 10 пати повеќе од мене а со него кога шетаат одат строго до нога, а јас пробувам некогаш и строг да бидам па мислам дека лебдам еден вчеше на една страна друг на друга и јас како детско летато сум :)
Ова ти го пишувам за да потврдам она што сите го велат дека кучето се прилагодува на сопственикот/шетачот, сигурно ќе му биде задоволство и на детенцето да го симне пред зграда.

Ама кога веќе кажуваме совети да знаеш дека не е убаво да одат по скали барем до 6 месеци и ако немаш лифт ќе ти биде доста м
Па на почеток ќе мочнува низ камион неможеш да очекуваш дека нема ниеднаш да направи беља, ама со тек на време ќе се навикне и ќе немаш проблеми, на почеток веројатно на секој 1-2 часа ќе правиш кратка пауза за да изврши нужда ама потоа ќе стигнеш до фазата од 6-7 саати да чека.

Иначе нема да имаш никаков проблем и дома да е со децата нормално постарото нема да му биде никаков проблем да го симне пред зграда за да си заврши работа, како што пиша салт доста се паметни и лесно се прилагодуваат на сопственикот. За разлика од самојед на пример кои се прилично тврдоглави. Еве јас имам 2 и да разгалени се и такви глупости ама дедо ми ги размазува 10 пати повеќе од мене а со него кога шетаат одат строго до нога, а јас пробувам некогаш и строг да бидам па мислам дека лебдам еден вчеше на една страна друг на друга и јас како детско летато сум :)
Ова ти го пишувам за да потврдам она што сите го велат дека кучето се прилагодува на сопственикот/шетачот, сигурно ќе му биде задоволство и на детенцето да го симне пред зграда.

Ама кога веќе кажуваме совети да знаеш дека не е убаво да одат по скали барем до 6 месеци и ако немаш лифт ќе ти биде доста мачно.
Во зградата имам 2 лифта, од таа страна немам проблем. Значи, судејки по одговориве, не сум згрешил ниту во изборот на расата. Ок, значи се фрламе на барање "малишанци".
 
Пред 2,5 години во истава тема побарав мислење за избор на куче. Тогаш децата ми беа мали (1,5 и 6 години) и не се нафатив со предизвикот. Сега децава се поголеми и мислам дека малку од малку ќе можат да ми помагаат. Јас сум еден ден на работа, еден ден дома. Ме интересира, доколку не можат дома да се справат со малото "ѕверче", ќе може ли да си го носам на работа (се знае - после карантинот) со мене. Инаку работам како возач на камион и возам во просек околу 13 часа дневно (значи секој втор ден). Секој совет ќе ми биде добредојден. Инаку живеам во Ново Лисиче на 9-ти и сакам да "посвојам" лабрадорче. Искрено, не сакам мали раси на кучиња, едноставно не ме привлекуваат. Ви благодарам однапред на одговорите.

П.С. Верувале или не, ги прочитав сите 208 страни.

Јас би ти препорачала да си земеш (посвоиш) постаро (барем 2 години) куче. Така ќе го одбегнеш делот на учењето на кученцето да не моча/кака и гризе.

Што се однесува до раса, јас сум многу голем љубител на питбули :) Многу се послушни, сакаат да задоволат и се приспособуваат на секакви ситуации. Ама, дефинитивно треба да си ја потрошат енергијата бар еднаш на ден. Гледам дека ги има во Македонија се повеќе, ама незнам колку лесно може да се најде, нити пак знам со документи и тоа како иде.
Твојов пост ме потсети на една приказна за еден питбул Гилберт којшто го посвои пар којшто вози камион заедно (немаат деца, двајцата работат). Кучето ужива да се вози во камионот :) Имаше многу повеќе слики, ама сега неможам да ги најдам.
 
BiG_kIsS сакам кучето да порасне со нас, затоа сакам мало. А за расата расмислував за АСТ, ама сепак мали деца се, а лабрадорот има по мек темперамент. За прво куче ќе пробам со лабрадорот, па ќе видиме. Сепак, фала за советот.
 
Јас идев на карта дека кучето би растело во камион (барем пола од времето), затоа таков предлог дадов. Ако расте дома, ондак кученце е сосема ок :)
Што се однесува до АСТ, многу одамна биле сметани за најдобри дадилки :) Али прашање на вкус е на крај краева, и дефинитивно треба да си ја земете онаа раса која највеќе ќе одговара на целото семејство ;)
 
BiG_kIsS сакам кучето да порасне со нас, затоа сакам мало. А за расата расмислував за АСТ, ама сепак мали деца се, а лабрадорот има по мек темперамент. За прво куче ќе пробам со лабрадорот, па ќе видиме. Сепак, фала за советот.
Карактерот нема везе со расата. Баш во неделата кога бев во паркот за кучиња се здавија златен ретривер и хаска, кои ги сметаме за најмирољубивите кучиња, додека двата пит були што беше внатре не направи ама баш ништо. Исто така, во маало има еден добеман кој сака да се гали како мачка и си игра со моето кутре како да е 2 месеца, а не 2 години, додека еден Бретонец Шпаниел, рака ќе ти изеде, а ги сметаат за најигривите ловџииски кучиња.
 
Има и тоа многу. Се знае дека биглот е хиперактивен и не може такво куче да чува некој што дома седи 24/7. Не секоја раса е за почетник. Остави ги тие поедини случувања, се гледа некоја генерална слика. Колку пати луѓе се жалеле дека не можат да го контролираат кучето бидејќи го разгалиле или се работи за раса која е подоминантна и ако не знаеш да се наметнеш ќе имаш проблеми. @wiksa и сам си кажува за сибирските раси, а тоа е општо познато, не се раса за почетник. Има многу такви примери.

Најголема грешка е што луѓето бираат раса поради изглед а не поради карактер. Секоја чест на исклучоците што пред да земат куче ќе прочитаат и ќе се информираат за самата раса.
 
Карактерот нема везе со расата. Баш во неделата кога бев во паркот за кучиња се здавија златен ретривер и хаска, кои ги сметаме за најмирољубивите кучиња, додека двата пит були што беше внатре не направи ама баш ништо. Исто така, во маало има еден добеман кој сака да се гали како мачка и си игра со моето кутре како да е 2 месеца, а не 2 години, додека еден Бретонец Шпаниел, рака ќе ти изеде, а ги сметаат за најигривите ловџииски кучиња.
Да, али доколку се здавеа 2 Питбула или Питбул и Х раса ... немаше така лесно да се одвојат, и штетата можеше да биде многу поголема ... заразлика од здавувањето на Златниот Ретривер и Хаската.

За ова имавме на долго и широко дискутирано со @Vanlok ... и јас така размислував, дека куче си е куче ... се додека еден ден не ми се деси и на мене најцрното сценарио, кое што за малку можеше да биде фатално ... во тамава (Искуства со неодговорни сопственици на кучиња) имам опишано, што и како се деси тогаш.

Не секој човек е способен да контролира моќна раса, раса со цврст карактер.

За да некој се одлучи да земе моќно куче со цврст карактер, како прво и основно самиот човек мора да има цврст карактер, и да е способен да се носи со тој карактер на кучето, и да има доволно знаење и искуство од областа на кучињата.

Заедно бевме во парк, али ти не ја виде целата ситуација, и не виде точно што се деси бидејќи подоцна стигна, али јас точно видов што се деси, и како реагираа.

Како прво, Златниот Ретривер и Хаската, беа 2 возрасни мажјаци, и цело време си даваа знаци на доминација ... али нивните „едуцирани“ сопственици незнаеа да ги прочитаат тие знаци, и како телиња стое цело време и си правеа муабет.

А јас и пријателот мој, цело време коментиравме отстрана, и го чекавме моментот кога ќе се здават ... искуство ;) ... само гледаш отстрана, го следиш говорот на телото, и веќе пред да се деси нешто, знаеш дека ќе се деси, бидејќи веќе си ја „прочитал“ реакцијата на кучето преку неговото движење, односно преку неговиот говор на телото.
 
Да не излезе дека оние со ретривери имаат "лабилен" карактер;). Мислам дека има врска со расата и заради тоа не им се препорачува на почетници. Не сакам да ризикувам и тоа е тоа. Инаку лабрадорот победи во изборот помеѓу АТС, бигл, хаска и доберман. Ама победи откако ги прочитав сите 208 страни од темава
 
Лабрадор е супер избор зашто се одлични фамилијарни кучиња (дека спомна имаш две дечиња), а и како што веќе кажаа претходно лесно и брзо можеш да ги дресираш со наградување со храна...само внимавај да не ти стане кучето дебелко па да си имаш потешкотии (како што имам јас со мојата ретриверка). :oops: Знам дека се повторувам со коментарите од претходните членови ама сакав да дадам и јас поддршка за твојата одлука. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom