Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Не направивме биопсија, зошто ми беше скапо и затоа го опериравме само. Диме ми рече дека и немам потреба зошто ако е лошо ке покаже со време ке порасне пак многу повеќе и побрзо и би живеел 2 месеца највеќе..Сеа редовно го носам на контрола


Не направивме биопсија тоа беше предлог на Диме и башка не бев толку финансиски подготвен и за операција и за биопсија мислам дека операцијата беше побитна па тумурот сам ке покаже со време каков е ...
Ѓумбир и аронија... тоа му била цаката... не го сакаат ама со сила ќе буташ и ќе мора да јаде.
Еве ти еден добар артикл...
http://www.helpyourdogfightcancer.com/Inappetance.shtml
 
Отсекогаш ми биле интересни оние фотографии од типот на „Некогаш и сега“ :)

Астричка - 5 месеци :)

302721_379886488772802_1963471550_n.jpg


Астричка - денес, 2 години и 2 месеци ;)

o5xll2.jpg
 
Ме интересира доколку некој чувал или чува англиски булдог да ми каже дали се лигави како американскиот и колку расте отприлика, бидејќи на интернет што барав ми излегуваат секакви слики и незнам дали има повеќе видови ..
 
Отсекогаш ми биле интересни оние фотографии од типот на „Некогаш и сега“ :)

Астричка - 5 месеци :)

302721_379886488772802_1963471550_n.jpg


Астричка - денес, 2 години и 2 месеци ;)

o5xll2.jpg

Па добро си го средила дворот :-)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Ме интересира доколку некој чувал или чува англиски булдог да ми каже дали се лигави како американскиот и колку расте отприлика, бидејќи на интернет што барав ми излегуваат секакви слики и незнам дали има повеќе видови ..
Немам чувано, ама другар мој чува.Погнасно куче ми нема и јас она не би го поднесол,смрди цел се лигуши по алишта и ваљда сери кај сака.
 
Знаеш англиски?
Ако да...
Ако не, да ти сумирам. Се лигават, хрчат и прдат многу, затоа што дишат со отворена уста зашто носот им е набиен. Тешки се за тренирање и треба да ги чистиш убаво, особено каде што кожата им е збрчкана зашто може да настане инфекција, Исто така, имаат бааги здравствени проблеми, така да треба да пазиш многу од каде го зимаш. И не смеат да бидат изложени на многу топло време. Исто така, не живеат многу долго, најчесто околу 8 години. Нема повеќе видови. Најчесто растат до кај 40 сантиметри и 25 килограми.

Ако не сакаш куче што се лигави, не би ти го препорачала.
Иначе ниедно куче не е гнасно! Свашта да се изначиташ значи...
 
Ѓумбир и аронија... тоа му била цаката... не го сакаат ама со сила ќе буташ и ќе мора да јаде.
Еве ти еден добар артикл...
http://www.helpyourdogfightcancer.com/Inappetance.shtml

Ти благодарам Zeenka за советите и помошта, исто ми препорачаа и брокула имала многу моќни анти-канцер својства.
 
Ме интересира доколку некој чувал или чува англиски булдог да ми каже дали се лигави како американскиот и колку расте отприлика, бидејќи на интернет што барав ми излегуваат секакви слики и незнам дали има повеќе видови ..
Исто се лигават колку и американските... можеби и повеќе. Имаше едни во маало што чуваат англиски булдог. Јас мислам дека тие кучиња трујат, многу смрдат. Па ако можеш да им ја поднесеш миризбата, земи. Исто така имаат многу генетски болести и треба да знаеш од какви одгледувачи го купуваш. Кога сме кај купувањето, најевтини булдози сум видела од 350 евра, мислам. Најскапи се до 500 или 550.
А, да, треба да им се поминуваат местата под брчките на лицето со влажни марамчиња, во спротивно, можат инфекција да добијат.
Карактерот ти можеш да им го одредиш со дресура. Ако сакаш чувар куче, тогаш можеш да го тренираш да чува куќа. Ако сакаш куче за разонода, тогаш го тренираш да не лае на секој што влегува. Исто така и неговата активност ќе влијае на твојата грижа за него. Ако секојдневно го изнесуваш по неколку пати на ден, тоа ќе биде поживо. (обично англиските булдози се мрзливи)
И знај дека ќе има проблеми преку лето, сите кучиња што имаат многу мал стоп или воопшто, го немаат, имаат проблеми со жешката температура.
Еве како би требало да изгледа еден англиски булдог:
English-Bulldog.jpg

naughtiest-dogs-english-bulldog-58277692.jpg

49449671_scaled_256x259.jpg

dogpicture1388777979553.jpg


Исто така има Старо-Англиски Булдог што е многу редок во Македонија. Сепак, старо-англиските булдози немаат толку генетски проблеми зошто немаат претрпено генетски измени како англискиот булдог.
Еве како изгледал еден убав примерок на англиски булдог во тоа време:
historical_bulldog_1_sm.jpg


Еве како изгледа денешниот старо-англиски булдог:
contactus.jpg


Исто така еве ги измените кај англиските булдози:
182613.jpg
 
Девојче, најскапите булдози не се до 500-550 евра :D би се изненадила колку изнесуваат.

Реално од ова куче не очекувајте да биде чувар, ма колку сакаш тренирај го. Ова е раса за некој кој сака лежерност и не сака долги прошетки или напорни тренинзи. И да, некој што е спремен да ги поднесе сите екскрети и секрети и гасови кои ги продуцира :D
 
А француски булдог има слични карактеристики како англискиот, да хрчи, прди и да се лигави ?
 
Девојче, најскапите булдози не се до 500-550 евра :D би се изненадила колку изнесуваат.

Реално од ова куче не очекувајте да биде чувар, ма колку сакаш тренирај го. Ова е раса за некој кој сака лежерност и не сака долги прошетки или напорни тренинзи. И да, некој што е спремен да ги поднесе сите екскрети и секрети и гасови кои ги продуцира :D

Јас што сум видела, тоа го кажувам. Баш се сеќавам, имаше еден булдог кај другарка ми во комшии и човек само да помине, ова се стрчуваше со р’жење и лаење. И видов имаше на оглас ставено англиски булдози за 500 евра.

А француски булдог има слични карактеристики како англискиот, да хрчи, прди и да се лигави ?
Да и францускиот булдог има слични карактеристики. Многу се митарат, смрдат, се лигават, хрчат... Но не се мрзливи колку и англиските булдози. (за степен подобри)
 
А француски булдог има слични карактеристики како англискиот, да хрчи, прди и да се лигави ?

Ако не сакаш такви работи, тргни се од набиените фаци :D Јесда, јас имам пит и амерички булдог микс, и не сакаш да си околу неа ако има гасови :D Мислам дека скоро сите булдози и були бридс кучиња се тука негде. Ако веќе толку многу ги сакаш тие раси, ондак има начини да пробаш да ги ублажиш, ама пак зависи колку можеш да трпиш.
Што се однесува до францускиот булдог, имаат помалку здравствени проблеми, ама сепак ги имаат. Неможе да се репродуцираат сами, им треба многу помош. Лесни се за одржување, највеќе внимание треба да посветиш на фацата околу брчките за чистење... Тешко се тренираат зашто се многу тврдоглави. Исто како и англиските, не сакаат многу топло време. И се поактивни од англиските. И дефинитивно каде каде послатки :D
 
Еве за сите тие кои сакаат да одат на море со нивното куче, а не се сигурни дали можат да му дозволат да се бања во солена вода....

Капење во море, Дали кучињата смеат да се капат во море?
Секако дека смеат доколку сакаат сами без присила од нас луѓето. Капењето на кучињата во море покрај тоа што одлично ќе го освежат вашиот миленик, во исти време пливањето ќе претставува и одлична рекреација па нема да мора и да го шетате тој ден вашето куче.
Како да одредите која е идеална температура на вода за капење на вашето куче?
Не постои правило колку треба да биде топла водата за капење, па така доколку не вие премногу ладно на вас да се капете, тогаш нема да има никаков проблем и вашето куче да се искапе.


Дали е штетна морската сол за моето куче?
Ветеринарните доктори препорачуваат по капење во море задолжително да се истушира кучето со што би се отстранила морската сол, да не би влијаела на појава на одредени промени на кожата и влакната на кучињата и појава на чешање. Но сепак морската вода и сол различно влијае кај различни раси на кучиња и не постои правило дека мора да се истушира кучето по капење во море. Некој сопственици воопшто не ги тушираат своите миленици по капење во море и нивните кучиња немаат никакви проблеми, некој ги тушираат еднаш неделно,некој секој ден.


Зошто моето куче повраќа по капење во море?
Повраќањето по капење во море е нормално,кучето во текот на пливањето голта морска вода па како нормална физиолошка реакција се појавува повраќањето преку кое се исфрла водата надвор, а воедно во периодот кога кучето е на море поради морската вода која ја голта кучето тоа почесто ке врши нужда преку која заедно со повраќањето ќе ја исфрли морската вода од организмот.


Текстот е превземен од ТУКА.
 
Па вака кај нас на улица едни комшии имаат едно кученце,многу убаво и ја сакам да си земам такво.Ама незнам каква раса е и од кај да најдам такво?Ако знае некој каква раса е нека каже ке ставам слики од него.Фала однапред.:)
Kuce.jpg Kuce (1).jpg Kuce (2).jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom