И јас сум за бокс и ми се кине срцето што последните 2-3 месеци сум принуден да го држам на ланец и тоа само преку вечерта , го заврзувам вечер некаде 22 часот , сабајле 8-9 го пуштам и по цел ден е низ дворот. Кучето го купив кога имаше само 2 месеци , денес прави година ипол точно и нонстоп ми беше слободно , али сеа го делиме дворот со дедо ми бидејки е принуден да оди да зима дрва од гаражата , а освен мене и чичко ми кучето неможе да поднесе друг човек на негова територија , цел двор го има присвоено од мало и кога има друг човек буквално збеснува , има невидена агресивност во очите. Али за чудо кога го шетам знае да шета меѓу други луѓе тотални странци и да се гали со нив , да си игра , буквално како друго куче да е.
Сега бидејки во план е да го париме градиме бокс од 15 квадрати , мислам дека ќе има доволно простор за него и сите кутриња. Единствено жал ми е што го израснавме само. Секој ден социјализира со други кучиња најмалце по 2 часа шетња со другарите кои имаат исти вакви Кане Корсо , али сепак друго е кога нонстоп ќе биде со другарче. Планираме да задржиме едно машко кога ќе роди , конечно ќе си има занимација.
Еве го сликата од сабајле кога отидов да го пуштам.
Прегледај го приврзокот 85763