Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Е па земете му и женка однак, само ќе треба да ја пазите повеќе. Тоа дека се мали и флафи е факт, но знаат да се оштетат меѓусебно ако се зарчкаат. Така да, ќе си ги пазите и нема да имате проблеми. Он нема да пробува да ја клецне додека е малечка, ама кога ќе потпорасне...:pos:
 
Знае некој колку пати треба да се клецкат :D за да остане трудна кучката? - Ја носев 2 дена под ред , во вторникот и средата , доволно е или уште да ја носам? И ако е останата трудна ќе има некои мачнини и промена во расположението или?
 
Имам лабрадор и изгледа е збеснат за парење :), досега го немам парено и муабетот ми е ако се спари дали ќе се смири оти неможам да го шетам колку е агресивен ме отепа од тргање, :mad: само мириса по бандери и по дрва,абе лудилоо :). Ќе му купам еден зајак нека го пари таму playboy mansion во дворот.:pos:
 
Нема да се смири, само спротивно може да се деси. Има намирисано кучка во циклус затоа така прави. Ако не планираш да го париш и ако не сакаш тепачки и влечење, размисли за кастрација.

Знае некој колку пати треба да се клецкат :D за да остане трудна кучката? - Ја носев 2 дена под ред , во вторникот и средата , доволно е или уште да ја носам? И ако е останата трудна ќе има некои мачнини и промена во расположението или?
Ако биднало биднало и од прва. Ако е трудна после први месец ќе има промена во однесување, ќе јаде повеќе и ќе се штеди и чува.
 
Нема да се смири, само спротивно може да се деси. Има намирисано кучка во циклус затоа така прави. Ако не планираш да го париш и ако не сакаш тепачки и влечење, размисли за кастрација.
Не бе какво кастрирање :eek:, ете веќе еден месец барам низ Битола лабрадорка ама неможам да најдам а неќам да го парам со шо било. :)
 
Последно уредено од модератор:
Здраво ,некој од Струмица и Струмичко да има Samoyed-мажјак со педигре да биде исклучиво, за парење ми треба . поздрав
 
Можда ова ќе звучи глупо за некој , али колкави се шансите мало волче да го одделиш од самото раѓање од мајката и да пробаш да го изгледаш? Може ли да ги има истите или барем сличните карактеристики како кучињата? Да те почитува и да те сака како кучињата? ... Со еден другар се инаетиме цел месец веќе , па затоа бараме и друго мислење. :D
 
Во Полска можеш да купиш бел волк, ама пред скоро време дознав дека изгледа можеш да го чуваш само додека порасне...Јас познавам еден човек од Скопје што чува, ги нашол на планина многу мали само што се родиле, му било жал и ги израснал, еве ден денес ги чува...:) Дали може со сите така, ако ги чуваш од мали не знам, јас верувам дека може...:)
 
Можда ова ќе звучи глупо за некој , али колкави се шансите мало волче да го одделиш од самото раѓање од мајката и да пробаш да го изгледаш? Може ли да ги има истите или барем сличните карактеристики како кучињата? Да те почитува и да те сака како кучињата? ... Со еден другар се инаетиме цел месец веќе , па затоа бараме и друго мислење. :D
Прво, кај нас е забрането да се чува волк како домашен миленик, ќе те убијаат од казни а да не зборам за бруката новинариве што ќе ти ја напраат, а воедно и здуженијава за заштита на животни. Така да, не се глупирај, ако стварно си го наумил тоа.
Второ, волкот може да биде припитомен до одреден степен, но единствено ако препрепре многу му ја познаваш психологијата и знаеш како да се однесуваш со него, односно да му ја почитуваш природата и нема да бидеш изеден. За тоа дали може да се однесува и сака као што те сака кучето-НИКОГАШ! од проста причина што не е куче туку е волк, а нивните карактери се каде каде различни. Најосновна разлика е- кучињата кога се упознаваат меѓу себе и со други луѓе, душкаат гениталии, за разлика од волците кои се душкаат во забите. Имаш храброст да му дозволиш на волк да ти се доближе до лице и да ти душне заби? Не би рекла, па макар и од мало да го чуваш... не може да се припитоми до степен да биде домашен миленик, туку може да те прифати- едвај некако...
Еве ти еден добар документарец, ако имаш време и желба да го изгледаш.
И еве како изгледа препознавањето на волците-
 
Последно уредено:
Можда ова ќе звучи глупо за некој , али колкави се шансите мало волче да го одделиш од самото раѓање од мајката и да пробаш да го изгледаш? Може ли да ги има истите или барем сличните карактеристики како кучињата? Да те почитува и да те сака како кучињата? ... Со еден другар се инаетиме цел месец веќе , па затоа бараме и друго мислење. :D
Хммм Имав комшија ( бог да го прости почина ) тој имаше чист волк го чуваше од мало , мислам дека не беше агресивно, но му беше постојано врзан и јас мислам дека тоа зависи како ќе биде гледано од мало. Сепак може да се распрашам дали уште му го чува некој или му го открадоа слушнав и некој такви муабети.
 
Здраво луѓе,

Наумив да си земам кутре и да му посветам време и енергија, никако да го третирам како приверзок. Читајќи тука на форумов и низ нет видов дека изборот на куче што сакаш да го имаш како миленик е деликатна работа, па бидејќи сум потенцијален стопан морам да кажам дека сум неискусен во одгледување на кутре. Морам да нагласам дека кутрето кое сакам да го поседувам нема да го носам на изложби, натпревари туку едноставно ќе си биде миленик за во двор и за во парк.
Од некое мое делумно познавање на раси, заинтересиран сум за лабрадор ретривер или златен ретривер. Прочитав дека се препорачуваат за сопственици без искуство, не бараат некоја професионална дресура и лесно ги прифаќаат луѓето. Во однос на кутрето би сакал да е со педигре, секако не кутре од некои шампиони на натпревари, бидејќи и буџетот е ограничен.
Би сакал да ми одговорите дали лабрадор ретривер или златен ретривер е добра опција за некој стопан како мене, и која цена се движат овие кутриња?
Доколку имате некои прашања за да добиете појасна слика и да ми помогнете да го направам вистинскиот избор, со задоволство би одговорил.
Поздрав!
 
Супер- одлично куче за почетник!
Кога сме кај педигрето (а не е за изложби и не бараш изложбен карактер), не сфаќам зашто ти е. Кај нас, вадат педигре скоро сите, без разлика на квалитетот на кутрето, што значи не добиваш никаква гаранција за квалитет на куче. Добиваш само лист хартија, и киндер изненадување- што ќе ти се погоди. Така да, мој совет, не се летај по тоа дали има или нема педигре, гледај кога ќе го видиш за прв пат кутрето да имаш конекција со него. Педигрето, значи само поголем трошок за тебе, а ништо плус не добиваш. Воедно имаш доста кутриња кои се подаруваат, а се баш мешанчиња од лабрадори и ретривери (има и чисти премероци), а не даваш воопшто пари. Си правиш услуга на себе а и на кутрето со тоа што ќе му спасиш живот.

За тоа дали кучето бара или не бара дресура- секое куче мора да се научи на дисциплина, без разлика која раса е, ако сакаш да имаш совршено куче. Кога мислам дисциплина не мислам да го млатиш, туку да си поставиш принципи, правила, на кој прво ТИ ќе се тренираш да се придржуваш, а потоа ќе бараш од кутрето да ги почитува.

Сакаш да го чуваш надвор- ја бо те замолила тоа да не биде на ланец, туку еден убав склопен бокс, добра куќичка со солидна изолација. Лабрадор/ретривер сака да се бања, така да ако сакаш да му напраиш кеиф на кучето обезбеди му и простор да си се брцка некаде. Доста паметни и активни кучиња- бараат истрошување на енергија доста, така да спреми си се за долги прошетки.
Рана социјализација со кучиња и деца ти е задолжителна, изложување на буквално све уште во првиот моменти кога ќе го помине периодот во карантин. Земи го кутрето, после лесно е да одговориме на конкретни прашања.
Со среќа.
 
И јас сум за бокс и ми се кине срцето што последните 2-3 месеци сум принуден да го држам на ланец и тоа само преку вечерта , го заврзувам вечер некаде 22 часот , сабајле 8-9 го пуштам и по цел ден е низ дворот. Кучето го купив кога имаше само 2 месеци , денес прави година ипол точно и нонстоп ми беше слободно , али сеа го делиме дворот со дедо ми бидејки е принуден да оди да зима дрва од гаражата , а освен мене и чичко ми кучето неможе да поднесе друг човек на негова територија , цел двор го има присвоено од мало и кога има друг човек буквално збеснува , има невидена агресивност во очите. Али за чудо кога го шетам знае да шета меѓу други луѓе тотални странци и да се гали со нив , да си игра , буквално како друго куче да е.

Сега бидејки во план е да го париме градиме бокс од 15 квадрати , мислам дека ќе има доволно простор за него и сите кутриња. Единствено жал ми е што го израснавме само. Секој ден социјализира со други кучиња најмалце по 2 часа шетња со другарите кои имаат исти вакви Кане Корсо , али сепак друго е кога нонстоп ќе биде со другарче. Планираме да задржиме едно машко кога ќе роди , конечно ќе си има занимација. :)

Еве го сликата од сабајле кога отидов да го пуштам. :ROFLMAO:

abi.jpg
 
Прегледај го приврзокот 85763
Aбе ако е агресивно, зашто да го париш? И плус, мажјак со мажјак комбинација за чување, не мириса на арно. Али ти си знаеш.
 
Женско е. Иначе агресивно е само кога има друг човек во дворот , надвор кога шета е мирно дури на моменти и плашливо. Никојпат до сега ми нема никаков проблем направено надвор , се гали со деца , си игра со сите буквално од тој тип на кучиња е сите што го сакаат. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom