Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Па не е лошо мислев да не затера над 1000, за некое време планирам да земам куче, до скоро имав германски боксер и многу бев задоволен од таа раса, али веќе некое време (по напишани карактеристики) многу ме бендисува Алано.... ќе видиме....

Ако те интересира подетално од каде да земеш, каде има легла, цена и сл. можам да прашам, се познавам со луѓето што вршат набавка на кучиња :)
 
Ако те интересира подетално од каде да земеш, каде има легла, цена и сл. можам да прашам, се познавам со луѓето што вршат набавка на кучиња :)

па јас обично одам за србија 1-2 пати во годината таму би ми било најлесно да земам, фала за информациите ако можеш најди ми али не се брзај и не го сфаќај како обврска
 
A колку би се движеле цените на пример ако го има во Србија?
Ќе ја надополнам само Lu, расата е многу ретка па и за во Србија, а Србија како што знае да има добри кучиња така знае да има и лоши, многу лоши. Јас лично не би ти препорачала да одиш преку препродавач, од проста причина што повеќето од нив( со чест на исклучоците) соработуваат со штанцари, така што ќе добиеш лош примерок, за богами големи пари и не дај боже куче кое ќе ти биде болникаво. Квалитет поготово на некои ретки раси на балканов многу тешко затоа што ретко кој може да го плати. Бидејќи рече дека патуваш, најдобро ќе биде сам да отидеш кај одгледувачот, да видиш каде и како живеат кученцата, каква е мајката, да добиеш една општа представа за тоа какво е леглото. Јас попрво би ти помогнала да најдам одгледувач, отколку да те посоветувам одма да одиш преку препродавач.
 
Затоа јас не го шетам секаде да не нападне некого:) него ја си имам проблем со шетањето,добро поднесува поводник али оди само оно каде сака и кога сака инаку се укопува во земја и оди мрдни го ако мозеш инаку има 3,5 месеци и тешко е околу 25 кг,да не има некоја финта да ми кажат поискусните
 
Треба да му го привлечеш вниманието (со храна или играчка), и така ќе го натераш преку игра кучето да те следи тебе, а не обратно ти да го следиш него ;)
 
Продавам фурминатор за кучиња (20 до 40 кг) и големина на влакно не поголемо од 5цм. Фурминаторот е оргинал, порачан онлајн али јас порачав за мачка а они за куче ми пратиле :eek: па затоа го продавам.
Заинтересирани контакт во инбокс.

Прегледај го приврзокот 68239

Прегледај го приврзокот 68240

ИТНО! 1300 денари
 
На која возраст мажјак може да се пари?Моето има година и 3 месеци,и збесна,има една женка кај мене изгледа е за парење и сите мажјаци околу неа,плаче луѓе дома за а го пуштам надор,како дете и едвај го додржувам надвор кога шетаме
 
И уште едно прашање...Како иде тоа со ставање чип?Колку чини?
 
Пред околу една година избега / го украдоа Сибирски Самојед. Тогаш имаше околу 3-4 месеци, денеска се врати дали е можно да е истото куче - тешко е да се открие бидејќи поминато е долго време и дамката што ја имаше околу окото најверојатно исчезнала. Ако не, дали може крвната слика да се спореди со нејзините родители или брат и сестра?
 
Со крвна слика невозможно е,барем не во Македонија.
Пробај сети се на нешто што било карактеристично САМО за него.Било што,играчка некоја омилена,нешто негово,пробај нема да те чини ништо,само ќе знаеш на што си.
 
Здраво,
Татко ми сака да си земе миленик/другарче за во стан да му прави друштво додека сум јас во Скопје на студии. Разгледувавме по расите и за сега само 2 раси најдовме што ни одговараат, Западношкотски Териер(Вести) и Бостонски Териер. Дали имате и нешто друго да предложите, за условите во стан и нормално да не митарат многу. Растот да не им биде поголем од 30-40 цм.

Исто така доколку знаете, каде можам да ги набавам овие раси(за вестито се наоѓа по нешто, но бостонски териер неможам да најдам никаде)?
 
Минијатурна пудлица, тие воопшто не се ни митарат. Француски булдог, мопс... Ако не мора да е расно, поарно контактирај со друштвава за заштита, имаат мали кутриња за посвојување какви што сакаш. За бостонци газдата на Club Bravos- Мојсо Аврамовски се вика човекот има одгледувачница за бостонци, па пробај да го контактираш него.
 
Пред околу една година избега / го украдоа Сибирски Самојед. Тогаш имаше околу 3-4 месеци, денеска се врати дали е можно да е истото куче - тешко е да се открие бидејќи поминато е долго време и дамката што ја имаше околу окото најверојатно исчезнала. Ако не, дали може крвната слика да се спореди со нејзините родители или брат и сестра?
Што бидна,има некаков исход?
--- надополнето: 7 август 2013 во 19:50 ---
И уште едно прашање...Како иде тоа со ставање чип?Колку чини?
Кај Др.Диме е 1000(ако не се пуштени државните,тие се 700).
 
Има некој од форумов што чува Аргентинска дога? Сакам да го прашам каде е осетот за околината додека се шета тоа куче и каде и како го шетате?
Го шеташе по Партизанска, кај Палма. Вриеше од деца и луѓе. Немаше маска и ланецот на кој го шеташе беше претенок дури и за една пудлица. Од спротивната страна идеше Лабрадор, релативно млад и ова збесна. Ама во буквална смисла збесна и настана тотален хаос, газдата изгуби целосна контрола над кучето, до душа тоа не е куче туку магаре ( мислам дека поголема дога во животот немам видено) и колку и да немам против ниедно животно, едноставно не е природно да се шета во таква средина. И едвај чекам да се спроведува законот и да ги изгорат од казни зошто беше језива и хорор глетка.

Не постои Агрентинска Дога како раса, ваљда затоа и никој на форумов не пишува за неа. А кога збориме за Дого Аргентино како раса, целосно бело куче, кое што воопшто не може да се спрореди со големината на Германските доги и дел од Мастиф расите, тоа е само еден обичен загар, што го користат во Агрентина, како кај нас што се користат Алпинците и Балканците, па по некад и Босанските Бараци. Ако загарот за тебе претставува агресивна раса на куче, ондак на улици не треба да видиме ни еден териер (јоркширски, џек расел, германски...) ни еден птичар (лабрадор, ретривер, далматинец....) пошо и тоа е загар.... А за језиви и хорор глетки... ех, ако куче е хорор глетка ондак живееш во розев свет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom