Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Колку време после третата вакцина може да се изнесува кучето надвор ?
Можеш уште истиот ден, ама ќе ти биде кучето поспано од вакцината, така да наредниот ден можеш слободно да го шеташ.
 
Хммм некои викаат одма, некои после недела дена, некои после десет дена...
 
По која логика кучето би било поспано од вакцината? Тоа е обичен вирус, во мали количества кои го предизвикуваат огранизмот да се бори со нив, па затоа се ствара имоноошкиот систем, така да ... која е логиката на поспаноста? Врска нема тоа, кутрето мора да седи одреден период во карантин и без никакво дружење со други кучиња додека да закрепне организмот...
 
Јас поради непознавање на таа информација не ја чував во карантин :) И на втората и на третата вакцина пешки со кучето се враќав од ветеринарот. Плус ме советувавте двапати шетање во ден па и тоа го правев, и со улични кучиња се душкаше. Така да жива здрава е срцката.
 
Неможе одма после вакцината да го шеташ кученцето, бидејќи треба да биде во карантин за да вакцината почне да делува на организмот.

Најбитни се првите 2 вакцини, третата е за максимална имунолошка заштита.
Како што кажав претходно, вакцинирај го кученцето и нека биде во карантин околу 1 недела, и после ќе можеш да го шеташ колку што сакаш.
Сепак здравјето на кученцето е најбитно, такада ништо не би ти сменило тебе дали ќе почнеш да го шеташ 1 недела порано или подоцна ... затоа нека си поседи малку во карантин по примањето на третата вакцина.

Јас поради непознавање на таа информација не ја чував во карантин :) И на втората и на третата вакцина пешки со кучето се враќав од ветеринарот. Плус ме советувавте двапати шетање во ден па и тоа го правев, и со улични кучиња се душкаше. Така да жива здрава е срцката.

Нормално... многу е важен организмот на кучето, некои кучиња имаат појак имунолошки систем а некои послаб.

На другарками кучето и умре на 2 месечна возраст бидејќи го шеташе со 1 примена вакцина.
Првата вакцина му ја имаше ставено на околу 40 дена, и викаше (ја цитирам) „Абе ајде еве има примено прва вакцина, ќе си го шетам кученцето“
И по 3 недели од примањето на првата вакцина кученцето и умре бидејќи го шеташе надвор а сеуште не му беше изграден имунолошкиот систем.

Затоа треба да се примат минимум 2 вакцини за имунтет, бидејќи понекогаш се случува вакцината да не го заштити организмот и затоа секогаш се става и втора вакцина ... односно ре-вакцина ... и серазбира после примањето на вакцината кученцето треба да биде во карантин, односно да нема контакт со други животни и да не се шета надвор.
 
Дали некој има познавање од лажна бременост кај кучки? И дали е нормално во тој процес кучето да крвари?
Ја пипкам на градите, топли и отечени, стискам- млеко и искача (само од 4 гради), а во исто време и ми крвари како да е во период, а не и е време за да добие, имаше добиено пред 2 месеци... целава ситуација ми е малку чудна...
Ја однесов сабајле кај Диме, немаа струја, па само ја погледна во градите и не сакаше ништо да коментира со разлог да не ме исплаши... што треба да мислам ја со тоа- да не те исплашам, да не зборам така...????
Ако некој има познавање или искуство ќе ве молам... било што...
 
Ќе може ли некој да ми препорача дресер за куче, и колку пари е отприлика ?
 
Јас дресирам кучиња.
За основни команди можам да го научам, али кажи ми што раса е и колку е старо ?
Цената е 200 денари од 1 час.
Прати ми ПП ќе се договориме.
 
По која логика кучето би било поспано од вакцината? Тоа е обичен вирус, во мали количества кои го предизвикуваат огранизмот да се бори со нив, па затоа се ствара имоноошкиот систем, така да ... која е логиката на поспаноста? Врска нема тоа, кутрето мора да седи одреден период во карантин и без никакво дружење со други кучиња додека да закрепне организмот...
Значи го носам моето куче кај доста познат ветеринар, може да се каже и дека е најдобар во Скопје, така да сигурно повеќе ќе верувам на него со оглед дека има и те како поголемо искуство од тебе или од мене. Така да ако сакаш логика да бараш, иди и прашај го него, или на крај краева земи прочитај на гугл нешто за контра ефекти од вакцина.
И точно е тоа дека кутрето после првата и втората вакцина треба да седи под карантин, но после третата може уште одма да се пушти надвор, или пак токму ради тие контра ефекти може еден или два дена да поседи дома. НЕ СИТЕ КУЧИЊА РЕАГИРААТ ИСТО!
 
Откога ќе се прими вакцината потребно е одреден период да помине за да почне да делува на организмот, затоа и тој период се нарекува карантин.
И ако после 1 или 2 дена од примањето на вакцината кучето се шета надвор и е во контакт со други кучиња, тогаш тоа е исто како да не ја примило вакцината бидејќи вакцината сеуште не делува на кучето по 1 или 2 дена од ставањето.
 
Значи го носам моето куче кај доста познат ветеринар, може да се каже и дека е најдобар во Скопје, така да сигурно повеќе ќе верувам на него со оглед дека има и те како поголемо искуство од тебе или од мене. Така да ако сакаш логика да бараш, иди и прашај го него, или на крај краева земи прочитај на гугл нешто за контра ефекти од вакцина.
И точно е тоа дека кутрето после првата и втората вакцина треба да седи под карантин, но после третата може уште одма да се пушти надвор, или пак токму ради тие контра ефекти може еден или два дена да поседи дома. НЕ СИТЕ КУЧИЊА РЕАГИРААТ ИСТО!

Ма кој ти збори за контра ефекти? Прашањето беше перфектно поставено, дали кучето после вакцина треба да искочи надвор? А твојот одговор е кој? Слободно шетај го?
И сигурна сум дека ни еден ветеринар нема да ти го каже тоа... зашо досега бар мене никој не ми го кажал тоа... а не е само едно кутре во прашање... логично е дека сите реагираат различно, но тоа повторно не значи дека нема потреба од карантин...
 
Не планирам да се надмудрувам со тебе, прво прочитај, обработи, информирај се, врати се една страна наназад и види на кој пост јас имам реплицирано, се однесува на третата вакцина, ЗНАЧИ ТРЕТА ВАКЦИНА. Кој дел од трета вакцина не ти е јасен?!?!
 
И вака можеме да идеме до бескрај... без разлика која вакцина е... кутрето има потреба од карантин поради доза на вирус во организмот- и да те цитирам= прво прочитај, обработи, информирај се... па после нуди совети;)
 
Дечки кутрето покажува тотална непослушност
Се работи за џуџест пинчер женка стара 2 месеци. За основни команди не сака ни да чуе, си душка наоколу рандом предмети и ич не ме ферма... Кога и фрлам топче наместо да ми го донесе го зема и го крие некаде. Се обидов како награда да и давам храна ама попусто е, тогаш уште помалку е заинтересирана и само скока околу мене чекајќи уште храна.

Дали е премала за тренирање? Каде грешам во тренинзите? Некои совети да почне да ме слуша?
 
Не е мало таман си е. Само ти треба трпене. Моево година ипол има па ми го зима топчето и бега, а не па да го донесе.:D
А основни команди, знае уште од 2-3 месеци...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom