Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
ОК, ветеринарот може повеќе знае од лекар :)

Не се согласувам дека телешкото е помалку мрсно, еве наидов на еден линк кој го тврди истото:

со што испаѓа дека телешкото е дури и поштетно во тој поглед.

Не само за кучињата, туку и за луѓето се препорачува риба и пилешко, но не е лошо од време на време да се касне и право месо, но се во свое време и со мерка, и со здрави животни навики. Доволна физичка активност кај кутрето, ќе го надмине негативниот ефект на мастите во храната, па конечно било какво месо е подобро од никакво месо.

Секое месо доколку се дава во граници на нормалата е добро и корисно, мене поентата ми е дека доколку пречесто се дава свинско месо во големи количини тогаш е навистина штетно.
Нормало е дека на кучето нема ништо да му биде од свинското доколку го конзумира ретко и во мали количини, но доклку се дава често, ги пишав последиците што можат да настанат на претходната страница.

Муабетов е перверзен до негде, бидејќи го правиме во тема за кучиња. Со цел респект и љубов кон нив, но има луѓе кај нас што се среќни ако имаат ајвар и леб да јадат.

Епа секој со среќата :)

И јас сакам да имам црвено Ферари, ама немам Ферари туку имам Мицубиши Лансер, а друг па што има на пример Југо радо би сакал да има Лансер ... поентава со споредбата на коли ми е дека секој си има различна судбина, додека некои сиромашни луѓе едвај преживуваат и немаат пари за леб, некои кучиња си имаат комотен живот јадејќи Еукануба и пилешки стекчиња :)
 
Секое месо доколку се дава во граници на нормалата е добро и корисно, мене поентата ми е дека доколку пречесто се дава свинско месо во големи количини тогаш е навистина штетно.
Нормало е дека на кучето нема ништо да му биде од свинското доколку го конзумира ретко и во мали количини, но доклку се дава често, ги пишав последиците што можат да настанат на претходната страница.
А мене муабетот ми е дека исти се последиците и од свинско и од телешко, и без основа е разликата што се прави со оглед дека составот им е горе-доле еднаков.
 
abe decki se sto e preterano se e stetno kako za covekot taka i za kuceto
jas mislam kolku i da e stetno svinskoto meso T.S. usite i nozete koi sto planiram da mu gi davam jas nema da se mnogu stetni ako mu se davaat vo mala kolicina i retko,znaci ne preterano
 
Преј,преуцавање свинско-телешко :D
Да,вистина е штетно,ама ако се дава претерано често,јас на питот му давав на пример 5 дена храна за куче и 2 дена месо,па не му беше ништо.
 
Искрено ме нервира ваке кој само го потенцираат свинското кој и другите меса можат истата штета да ја нанесат
 
abe decki se sto e preterano se e stetno kako za covekot taka i za kuceto
jas mislam kolku i da e stetno svinskoto meso T.S. usite i nozete koi sto planiram da mu gi davam jas nema da se mnogu stetni ako mu se davaat vo mala kolicina i retko,znaci ne preterano

Ама работата е што ушите не содржат хранливи материи, содржат само масти и ништо повеќе и тоа нозете исто така ништо хранливо не содржат.
Тоа сакам да ти кажам, ти со ушите само ќе му го напуниш стомакот на кучето за да не биде гладно, но од таа храна што ќе ја изеде (ушите и нозете) нема да ги прими хранливите материи што се потребни да ги внесе во текот на 1 ден.

Мое е да кажам па сега ти одлучи си со што ќе го раниш ;)
Макар и ретко да ги даваш ушите и нозете, незнам со која цел би ги давал кога не содржат хранливи материи.
 
А ако му даваш пилешки виршли на тие што маана ќе им најдеш баш ме интересира :D
 
Немојте да ги споредувате луѓето со кучињата зошто кучињата маснотиите неможат да ги исфрлат како луѓето па затоа им се создаваат гнојни канали под кожа и ред други работи ...
--- надополнето: Nov 7, 2011 1:31 PM ---
Само доберманџии на темава :P
cigare stafordive iskocija od moda sea dobermanite se :P
 
За живо месо - замрзни го три дена и сите паразити и бактерии ќе ги снема....нема штетно месо за куче. А за полезно - пополезно е црвено месо (свински, телешко, говедско, јагнешко) него ли бело (ќурка, кокошка). Нема да го унакази белото, ама црвеното е подобро. Јас моето го хранам со свинско, говедско и пилешко - ротирајќи измеѓу нив.
 
Конечно градоначалникот Коце Т. ќе ни ја исполни желбата да имаме парк за кучиња каде што ќе можеме слободно да ги шетаме нашите кучиња(бар на мене ова ми беше желба)
Кучињата ќе добијат свој парк

Паркот ќе се наоѓа во вториот дел на Градски парк, ќе има реквизити за игра за кучиња, катче за дресура
Кучињата ќе добијат свое катче за прошетки на пролет. Тоа нема да биде обична патека или парк, туку простор во кој освен зеленило ќе има и специјални реквизити за домашните миленичиња. Градските власти оваа идеја ја ставиле веќе на хартија, а екипа од Градот Скопје разменила и искуства со колегите од Белград, каде што постои парк за кучиња. Планирано е тој да се наоѓа во вториот дел на Градскиот парк, каде и сега најчесто ги шетаат скопјани домашните миленици.

„Одамна размислуваме да изградиме ваков парк, по примерот на главните градови во речиси сите европски земји. Одлучивме дека такво нешто е навистина неопходно и во Скопје, бидејќи се' почесто добиваме молби од сопствениците на домашните миленичиња. Со неговата изградба не само што ќе можат кучињата да шетаат одврзани и да играат на раат туку и оние што, на пример, се плашат од кучиња, а шетаат на кеј или, пак, во Градски парк ќе можат слободно да се рекреираат", ја објаснува идејата за паркот градоначалникот Коце Трајановски.

Тој вели дека за реализација на проектот веќе се испланирани средства во буџетот за 2012 година. На задоволство на сопствениците на домашните миленици, најавува дека паркот ќе биде готов до пролет. Иако се' уште не постои идејно решение за изгледот на ова специјално катче, начелно е утврдено дека во паркот сигурно ќе има реквизити за игра на кучињата, катче за дресури и специјални чешми за пиење вода, по примерот на паркот за кучиња во Белград.

Дај боже ова да се реализира:cuc:
 
Знаете ли дека кога е жешко кучињата не се потат, тие потешко дишат. ;)
 
Знаете ли дека кога е жешко кучињата не се потат, тие потешко дишат. ;)

Точно, кучињата не се потат бидејќи немаат потни жлезди, па затоа кога времето е многу топло кучињата секогаш дишат преку отворената уста и јазикот им е исплазен.

Конечно градоначалникот Коце Т. ќе ни ја исполни желбата да имаме парк за кучиња каде што ќе можеме слободно да ги шетаме нашите кучиња(бар на мене ова ми беше желба)
Кучињата ќе добијат свој парк

Паркот ќе се наоѓа во вториот дел на Градски парк, ќе има реквизити за игра за кучиња, катче за дресура
Кучињата ќе добијат свое катче за прошетки на пролет. Тоа нема да биде обична патека или парк, туку простор во кој освен зеленило ќе има и специјални реквизити за домашните миленичиња. Градските власти оваа идеја ја ставиле веќе на хартија, а екипа од Градот Скопје разменила и искуства со колегите од Белград, каде што постои парк за кучиња. Планирано е тој да се наоѓа во вториот дел на Градскиот парк, каде и сега најчесто ги шетаат скопјани домашните миленици.

„Одамна размислуваме да изградиме ваков парк, по примерот на главните градови во речиси сите европски земји. Одлучивме дека такво нешто е навистина неопходно и во Скопје, бидејќи се' почесто добиваме молби од сопствениците на домашните миленичиња. Со неговата изградба не само што ќе можат кучињата да шетаат одврзани и да играат на раат туку и оние што, на пример, се плашат од кучиња, а шетаат на кеј или, пак, во Градски парк ќе можат слободно да се рекреираат", ја објаснува идејата за паркот градоначалникот Коце Трајановски.

Тој вели дека за реализација на проектот веќе се испланирани средства во буџетот за 2012 година. На задоволство на сопствениците на домашните миленици, најавува дека паркот ќе биде готов до пролет. Иако се' уште не постои идејно решение за изгледот на ова специјално катче, начелно е утврдено дека во паркот сигурно ќе има реквизити за игра на кучињата, катче за дресури и специјални чешми за пиење вода, по примерот на паркот за кучиња во Белград.

Дај боже ова да се реализира:cuc:

Дајбоже да се изреализира оваа идеја и конечно да се направат посебни паркчиња за кучиња.
 
Дајбоже да се изреализира оваа идеја и конечно да се направат посебни паркчиња за кучиња.
И ја се надевам смачено ми е веќе низ парк/населба кога се шетам со кучкава некој нон-стоп да ми мрчи Еј собери го кучето не е твој парков има мали деца....и ред други срања кој секојпат морам да ги трпам
Ама како да им објаснам дека и јас сум совесен и дека ако прави проблеми не би го пуштил тука така али тоа е....
Со ова ќе ни се решат проблемите на долгорочен план :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom