Кучиња (грижа, општи дискусии)

L

Lu

Гостин
epa mozam da najdam vo golema kolicina svinski nozi i usi i zatoa prasuvam dali e stetno da mu se davat na 2 3 dena,ne sekoja den
Штетно е, свинското месо е штетно за човекот е тек да не правам муабет за кучето колку е штетно.
Подобро набави Пилешко месо или кучешка храна, свинското месо е многу штетно за кучињата.
Најдобро е воопшто да не му даваш на кучето свинско месо, заборави ги ушите и нозете од свињата, можеш само да си направиш проблеми од нив.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Па што критикуете само свиснкото демек другите меса немаат масти :D
 
L

Lu

Гостин
Само доберманџии на темава :P
Па него како :LOL:

a otprilika so problemi moze da se javat od svinsko
Како што кажа погоре членот, Свинското месо може да ги предизвика следните последици:
- опаѓање на длаката
- штетно е за кожата
- предизвикува интензивно чешање и од чешањето се создаваат рани
- зголемен холестерол
- запушување на крвните артерии
- чирови
- и најбитното, многу е штетно за срцето бидејќи содржи висок процент на заситени масти
- пократок животен век на кучето
- и еден куп други негативности .....

Па што критикуете само свиснкото демек другите меса немаат масти :D
Спореди ја количината на масти на Свинското со Пилешкото, Телешкото месо ... па можеби ќе сватиш што зборам.
Мастите во свинското и во пилешкото месо не се исти.
Свинското месо е премногу мрсно и содржи многу заситени масти кои што само се таложат во организмот и се комплетно непотребни а воедно и штетни.

Еве ти еден мал но многу корисен ТЕКСТ за видовите на масти, и пред да пишеш нешто прво едуцирај се.
пс. текстот е наменет за луѓе но истото важи и за кучињата.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Свинското месо не е ништо помалку мрсно од јунешко, или јагнешко, дури напротив, тие можат да бидат и помрсни, зависно од кој дел е месото. Постои некаков мит меѓу народот дека свинското е штетно по здравјето, ама многу е кул да се бута телешко без мера и дека на тој начин имаме здрави навики. Кучешкиот метаболизам не е значително различен од човечкиот, и не би требало да има значајна разлика дали ќе му се даде свинско или јунешко. Секако многу подобро е да се јаде пилешко или риба, но, умерено и не пречесто и свинско не би требало да биде специјален ризик, со претпазливост при готвењето да се уништат евентуалните паразити. Но, едно е месо, а друг муабет се папци, уши, опашки... тие се пуни со маснотии, протеини речиси и да немаат во себе, и тие би требало да се избегнуваат.

Спореди ја количината на масти на Свинското со Пилешкото, Телешкото месо ... па можеби ќе сватиш што зборам.
Мастите во свинското и во пилешкото месо не се исти.
Свинското месо е премногу мрсно и содржи многу заситени масти кои што само се таложат во организмот и се комплетно непотребни а воедно и штетни.

Еве ти еден мал но многу корисен ТЕКСТ за видовите на масти, и пред да пишеш нешто прво едуцирај се.
пс. текстот е наменет за луѓе но истото важи и за кучињата.
.
Свинското не се разликува значајно од составот на телешкото месо. Еве за споредба состав на говедско, јагнешко и свинско месо, процентите им се многу блиски во сите категории. Сите црвени меса носат ризик по здравјето, особено за колоректален карцином и болести на срце, но ризикот доаѓа пред се со прекумерна и пречеста употреба. Пилешкото и рибата се друга категорија. Сето ова е во однос на составот на месата, особено во поглед на маснотиите. Друга тема се алергиските реакции кај кучињата во однос на различните типови месо, но генерално тие реакции можат да се јават во однос на сите месни протеини, што е индивидуално, па некои може да се алергични на свинско, но исто така може да бидат алергични на пилешко месо.
 
L

Lu

Гостин
Свинското не се разликува значајно од составот на телешкото месо. Еве за споредба состав на говедско, јагнешко и свинско месо, процентите им се многу блиски во сите категории.
Во текстот беше направено споредба помаѓу говедско, јагнешко и свинско месо.
Јас зборев за Телешко месо а не за Говедско.
Говедското месо е помрсно и покалорично од телешкото месо, а во споредбата беше говедско месо, да беше телешко месо тогаш резултатите ќе беа други.

И според тебе јагнешкото со своите 246 калории е процентуално блиску со свинското и неговите 541 калории ?
Па тоа се дупло повеќе калории во свинското отколку во јагнешкото, а говедското има 313 калории што е за цели 230 калории помалку од свинското.
И говедското со своите 21 грама масти и јагнешкото со своите 15 грама масти е процентуално блиску до свинското со неговите 41 грама масти ?
Свинското е дупло помрсно од говедското.

Незнам кај виде тука блискост во процентите кога јасно се гледа дека свинското е дупло покалорично и помрсно од другите видови на меса.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Во текстот беше направено споредба помаѓу говедско, јагнешко и свинско месо.
Јас зборев за Телешко месо а не за Говедско.
Говедското месо е помрсно и покалорично од телешкото месо, а во споредбата беше говедско месо, да беше телешко месо тогаш резултатите ќе беа други.

И според тебе јагнешкото со 246 калории е процентуално блиску со свинското и неговите 541 калории ?
Па тоа се дупло повеќе калории во свинското отколку во јагнешкото, а говедското има 313 калории што е за цели 230 калории помалку од свинското.
И говедското со своите 21 грама масти и јагнешкото со своите 15 грама масти е процентуално блиску до свинското се неговите 41 грама масти ?
Свинското е дупло помрсно од говедското.

Незнам кај виде тука блискост во процентите кога јасно се гледа дека свинското е дупло покалорично и помрсно од другите видови на меса.
Јас немам намера да се расправам или да делам лекции. Калорија е едно, а процент на маст е друго. Калорија е мерка за енергетската вредност на храната, и генерално, што повеќе калории, толку поубаво, со помала количина месо (храна) ќе ги задоволиш енергетските потреби.

Кучињата нетреба да јадат свинско.
Можеш да даваш Риба, Пилешко, Јунешко, Телешко, Говедско, Мисиркино ... али Свинско НЕ.
Ова е твој цитат, впрочем и небитно е ти што си рекла, бидејќи целта ни е тука да споделиме корисни информации, а не да се натпреваруваме во било што. Телето е младо од крава. Да, се согласувам, телешко месо е покорисна варијанта од јунешко, со помал процент на масти, но исто така, во месара се продава јунешко, а телешко и ако има е изгор скапо, па луѓе со очи не виделе телешко, а не па да го даваат на куче. Но дури и како телешко, не се разликува премногу од свинското, барем во параметрите што ги коментираме. Нејсе.

Понатаму, јас спомнав, процентот на масти во месото, зависи и од самиот дел од телото на животното од кој тоа месо потекнува, а на линкот кој го посочив, убаво имаш различни категории на месо. Нормално дека свинската сланина, која ја зимаш како репер ќе биде повеќекратно побогата со масти од чиста кременадла, на пример. Но, погледни ги процентите кај чисто свинско месо.

Јас си стојам на тоа дека убаво, чисто парче свинско месо, не е помрсно од говедско. Впрочем, не ми беше целта да укажам дека свинското месо не е мрсно и дека е здраво, туку дека сите црвени меса кои ги имаме на располагање се горе-доле подеднакво мрсни, а со тоа и подеднакво штетни.
 
L

Lu

Гостин
Јас колку што видов во текстот што го имаше ти постирано за составот на месата, општо процентуално земено за Говедското месо (кое што е помрсно од телешкото) беше дека има 21 грама масти, додека Свинското со своите 41 грама масти е дупло помрсно од Говедското месо.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Јас колку што видов во текстот што го имаше ти постираше за составот на месата, општо процентуално земено за Говедското месо (кое што е помрсно од телешкото) беше дека има 21 грама масти, додека свинското со своите 41 грама масти е дупло помрсно од телешкото.
Не, таму пишува 41 грам маснотии за свинската сланина, а чиста свинска кременадла има 10 грама маст. Затоа реков опашки, уши, кожи, сланини, тоа е се ѓубре кое прави повеќе штета од корист, но чисто свинско месо нема причина да се етикетира како поопасно од говедско или јагнешко. А кој што ќе му дава на кутрето, пред се зависи од можностите, камо среќа сите да можат да ги хранат со месо, па уште и да пребираат што е поубаво.
 
Факт е дека сите црвени меса се помрсни и покалорични отколку белото месо.
Но сепак има разлики од црвено до црвено, телешкото сигурно не е мрсно колку што е мрсно свинското (па макар и да станува збор за најНЕмрсниот дел од свинското месо).

Затоа за кучињата најчесто се препорачува риба и пилешко бидејќи не содржат толку маснотии, и телешкото е исто така одлично.
Еве прашај ветеринар за свинското месо и ќе видиш што ќе ти каже.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Факт е дека сите црвени меса се помрсни и покалорични отколку белото месо.
Но сепак има разлики од црвено до црвено, телешкото сигурно не е мрсно колку што е мрсно свинското (па макар и да станува збор за најНЕмрсниот дел од свинското месо).

Затоа за кучињата најчесто се препорачува риба и пилешко бидејќи не содржат толку маснотии, и телешкото е исто така одлично.
Еве прашај ветеринар за свинското месо и ќе видиш што ќе ти каже.
ОК, ветеринарот може повеќе знае од лекар :)

Не се согласувам дека телешкото е помалку мрсно, еве наидов на еден линк кој го тврди истото:
Though veal is higher in cholesterol than many cuts of beef and contains about as much fat...
со што испаѓа дека телешкото е дури и поштетно во тој поглед.

Не само за кучињата, туку и за луѓето се препорачува риба и пилешко, но не е лошо од време на време да се касне и право месо, но се во свое време и со мерка, и со здрави животни навики. Доволна физичка активност кај кутрето, ќе го надмине негативниот ефект на мастите во храната, па конечно било какво месо е подобро од никакво месо.

Муабетов е перверзен до негде, бидејќи го правиме во тема за кучиња. Со цел респект и љубов кон нив, но има луѓе кај нас што се среќни ако имаат ајвар и леб да јадат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom