Lucio
титула по желба
- Член од
- 26 јуни 2006
- Мислења
- 871
- Поени од реакции
- 42
- Возраст
- 33
Еееее, тука можеме да споредиме деца....хаххаааа :pos2: Како што децата ги воспитуваме и не ги оставаме да прават све што ќе им прдне - исто и со кучињата. Сите прават паралела за деца = куче и мислат само на љубовта и мазењето. А каде е воспитувањето и поставување граници и правила?
И ја како помал, шестто-седмо одделение инаку 187 цм висина бев воспитан да бидам толерантен и дисциплиниран па јадев шамари од деца 2 глави пониски од мене. После у средно, заземав друг став на почетокот и немав проблеми со никој... освен во моменти кога сум „р‘жел“

Инаку, јас сум голем обожавател на кучиња. Имам некои видови коишто не ги сакам воопшто дека ми изгледаат одвратно (некои од оние лигави пит були) или недостојно (оние Бу „глувченца“), но воглавно сакам кучиња. Во последните 4-5 часа мислам дека прочитав доволно, од почеток до крај темава, со некои исклучоци и можам да кажам дека доста научив од Lu, Almala и Димитри... во глобала за кучињата, па од сега натаму можам да кажам дека би го препознал сопственикот преку неговиот миленик („Миленичето е огледало на сопственикот.“ - би можел да додадам)

Во моментов не сум во состојба да чувам куче, поради тоа што сум зафатен со други ствари, али едвај чекам да се средам па да земам едно. Дотогаш, собирам информации од секаков тип и би сакал да го најдам „вистинскиот партнер“

Мене особено ми се допаѓаат следниве:
1. лабрадор (златен) ретривер 9/10
Еден комшија има ваков и многу сум љубоморен. Питом е (кучето) и добро дресиран. Секогаш оди покрај него, не тегне, не лае..
2. доберман 8/10
Мислам дека прв пат го видов на некој спот од Каролина Гочева, ако не беше хипокрит. Не сум ни сигурен дали беше доберман, али знам добро што е доберман и знам дека ми се допаѓа.
3.аљаски маламут 7/10
Или онаа демон-хаска... нешто онака повеќе да личи на волк отколку на куче... али не сакам хаска, премногу е overrated
4.германски овчар 8/10
Оној од германската серија со полицајците не ми текнува името, ама сите го знаеме кучето Рекс.
5. и стафорд може да речам 6/10
Со оваа раса не сум баш сигурен али може да се каже..

Но, овие како поголеми раси на кучиња... дали истотака значи за сите дека не се за почетници? Од тоа што го прочитав веќе знам дека доберман не би бил за почетници поради агресивноста која може да се појави доколку не е правилно дресиран.
Да речеме дека е така, дека би требало да се почне со мало куче. Кое би одговарало најмногу на мојот карактер? Инаку знам да бидам многу променлив и воглавно одам „од крајност во крајност“... од крајно повлечен и мирен до крајно агресивен и енергичен така да доколку би требало да изберам раса која совршено ќе прилега, мислам дека не би се нашла таква.
Од помаливе, според мене мислам дека би ми одговарало нешто вакво:

или

(овакво слично имаше во некој цртан филм на мтв)

Има некои слики што ги изгуглав што не ми се допаѓаат дека муцката му е предолга и вратот. Ми изгледа како мутиран коњ


Така мислам доста е за у еден пост (овој ми е најдолг мислам у историјата и почнав да се бунам).
Знам дека постои тема „Омилени раси на кучиња“ али овие слики ги ставив за да дадам некоја информација во врска со тоа што барам одговор.
Би било добро ако добијам некаква информација од Lu, Almala или Димитри, но секако сите мислења се добредојдени.
П.С. Овие #/10 ги ставив како поени.. да се има некаква претстава кај би ги рангирал.