Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Еееее, тука можеме да споредиме деца....хаххаааа :pos2: Како што децата ги воспитуваме и не ги оставаме да прават све што ќе им прдне - исто и со кучињата. Сите прават паралела за деца = куче и мислат само на љубовта и мазењето. А каде е воспитувањето и поставување граници и правила?

И ја како помал, шестто-седмо одделение инаку 187 цм висина бев воспитан да бидам толерантен и дисциплиниран па јадев шамари од деца 2 глави пониски од мене. После у средно, заземав друг став на почетокот и немав проблеми со никој... освен во моменти кога сум „р‘жел“ :) Значи тоа со воспитувањето, поставување граници и правила... како е кај луѓето, доколку се применува и кај кучињата не би требало да има проблеми.

Инаку, јас сум голем обожавател на кучиња. Имам некои видови коишто не ги сакам воопшто дека ми изгледаат одвратно (некои од оние лигави пит були) или недостојно (оние Бу „глувченца“), но воглавно сакам кучиња. Во последните 4-5 часа мислам дека прочитав доволно, од почеток до крај темава, со некои исклучоци и можам да кажам дека доста научив од Lu, Almala и Димитри... во глобала за кучињата, па од сега натаму можам да кажам дека би го препознал сопственикот преку неговиот миленик („Миленичето е огледало на сопственикот.“ - би можел да додадам) :)

Во моментов не сум во состојба да чувам куче, поради тоа што сум зафатен со други ствари, али едвај чекам да се средам па да земам едно. Дотогаш, собирам информации од секаков тип и би сакал да го најдам „вистинскиот партнер“ :) (перфекционист во душа)

Мене особено ми се допаѓаат следниве:
1. лабрадор (златен) ретривер 9/10
Еден комшија има ваков и многу сум љубоморен. Питом е (кучето) и добро дресиран. Секогаш оди покрај него, не тегне, не лае..

2. доберман 8/10
Мислам дека прв пат го видов на некој спот од Каролина Гочева, ако не беше хипокрит. Не сум ни сигурен дали беше доберман, али знам добро што е доберман и знам дека ми се допаѓа.

3.аљаски маламут 7/10
Или онаа демон-хаска... нешто онака повеќе да личи на волк отколку на куче... али не сакам хаска, премногу е overrated

4.германски овчар 8/10
Оној од германската серија со полицајците не ми текнува името, ама сите го знаеме кучето Рекс.

5. и стафорд може да речам 6/10
Со оваа раса не сум баш сигурен али може да се каже.. :)

Но, овие како поголеми раси на кучиња... дали истотака значи за сите дека не се за почетници? Од тоа што го прочитав веќе знам дека доберман не би бил за почетници поради агресивноста која може да се појави доколку не е правилно дресиран.
Да речеме дека е така, дека би требало да се почне со мало куче. Кое би одговарало најмногу на мојот карактер? Инаку знам да бидам многу променлив и воглавно одам „од крајност во крајност“... од крајно повлечен и мирен до крајно агресивен и енергичен така да доколку би требало да изберам раса која совршено ќе прилега, мислам дека не би се нашла таква.
Од помаливе, според мене мислам дека би ми одговарало нешто вакво:
smooth_fox_terrier_breed.jpg

или
fox_terrier_york.jpg

(овакво слично имаше во некој цртан филм на мтв) :)

Има некои слики што ги изгуглав што не ми се допаѓаат дека муцката му е предолга и вратот. Ми изгледа како мутиран коњ :D


Така мислам доста е за у еден пост (овој ми е најдолг мислам у историјата и почнав да се бунам).
Знам дека постои тема „Омилени раси на кучиња“ али овие слики ги ставив за да дадам некоја информација во врска со тоа што барам одговор.
Би било добро ако добијам некаква информација од Lu, Almala или Димитри, но секако сите мислења се добредојдени.

П.С. Овие #/10 ги ставив како поени.. да се има некаква претстава кај би ги рангирал.
 
Bogo, од оние што ги наброја - лабрадорот е дефинитивно куче за почетник. Остала банда може само и само ако си направиш истражување како треба да се дресира тоа куче и секако - да го примениш тоа на правилен начин. Моето прво куче беше Пит Бул. Среќа ми се падна со покроток темперамент, па беше полесно да го научам.

Оние што ги стави на слика се многу енергетски кучиња. Уствари, сите што ги наброја се полни со енергија :) Ако искачаш на шетање често и можеш да го земеш со себе, тогаш супер. А ако си помрзлив, тогаш тражи куче што е такво.

Еве многу добра страна со сите врсти на кучиња,нивниот темперамент, здравје и се:
http://www.justdogbreeds.com/dog-breeds.html

Се надевам ќе ти помогне.
 
Фала ти на брзиот одговор. :) Овие териериве ги ставив сметајќи дека се кучиња од помала раса мислејќи дека се за почетници. Инаку бев свесен дека се многу енергични.. а тоа што велиш за лабрадорот ме радува оти ми е најгоре на листата. Каков е за чување во домашни услови, било во стан или куќа?

A и ова последно што го видов ми се допадна. Не знам како се вика на македонски. Rhodesian Ridgeback
kimba_rhodesian_ridgeback_08.jpg


Обично трчало у Африка по 50 километри наеднаш... без да се измори. Ја неможам толку ќе треба и подвижна лента да му купам или да го носам у трговски центар на елеватор. :D
 
Добар е лабрадорот во секакви услови. Само и на него му треба вежбање доста. Научи за што бил створен - пример, за враќање ствари назад (To retrieve) и играј такви игри со него за да му ги исполниш потребите.

А овој сега што го стави - не знам на македонски како се вика :( И јас многу го сакам, ама ако трчал по 50 км без замор....тоа ти е како Далматинецот - да не можеш да го измориш, па станува деструктивен и хиперактивен
 
Би било добро ако добијам некаква информација од Lu, Almala или Димитри, но секако сите мислења се добредојдени.

Еве ме :)
Епа вака сега, големината на кучето не игра толку важна улога, колку што е важен КАРАКТЕРОТ на кучето.
Гледам ти се допаѓа Лабрадор ретриверот и Златниот ретривер.
Овие 2 раси се одлични за почетници, иако не се мали кучиња, сепак имаат многу стабилен карактер.
Ако досега не си чувал куче, морам да ти кажам да заборавиш на Доберман, Ротвајлер, Американски Стафордски Териер - (Стафорд) и сл. раси.
Тие раси како Доберманот и сл. воопшто не се агресивни или лоши како што владее мислењето во народот, туку тие кучиња имаат доста јак карактер и поради нивниот карактер неискусните луѓе не успеваат правилно да ја насочат енергијата на кучето и правилно да го воспитаат.

Ако нешто подетално те интересира околу кучињава, слободно обрати ми се, поздрав :)
 
Еве ме :)
Епа вака сега, големината на кучето не игра толку важна улога, колку што е важен КАРАКТЕРОТ на кучето.
Гледам ти се допаѓа Лабрадор ретриверот и Златниот ретривер.
Овие 2 раси се одлични за почетници, иако не се мали кучиња, сепак имаат многу стабилен карактер.
Ако досега не си чувал куче, морам да ти кажам да заборавиш на Доберман, Ротвајлер, Американски Стафордски Териер - (Стафорд) и сл. раси.
Тие раси како Доберманот и сл. воопшто не се агресивни или лоши како што владее мислењето во народот, туку тие кучиња имаат доста јак карактер и поради нивниот карактер неискусните луѓе не успеваат правилно да ја насочат енергијата на кучето и правилно да го воспитаат.

Ако нешто подетално те интересира околу кучињава, слободно обрати ми се, поздрав :)

Па тоа и ја мислам дека го реков, ама со други зборови. Ве прочитав (мислењата) тебе и Алмала и Димитри и затоа од вас побарав совет... увидов некои работи... :)
Инаку ми се допаѓа оној со крзното што е... оној со подолгите влакна не. Мислам дека е Лабрадор Ретривер а на некои видеа на јутјуб го пишуваше Golden Labrador Retriever поради бојата ваљда... црн не сакам!

И ме интересира сега за сега само уште финансииски колку би чинело... месечно да кажеме. Со се храна, вакцини... опрема... знам дека варира од многу работи како на пример возраста ама онака грубо... доколку имаш некоја претстава?
 
Па тоа и ја мислам дека го реков, ама со други зборови. Ве прочитав (мислењата) тебе и Алмала и Димитри и затоа од вас побарав совет... увидов некои работи... :)
Инаку ми се допаѓа оној со крзното што е... оној со подолгите влакна не. Мислам дека е Лабрадор Ретривер а на некои видеа на јутјуб го пишуваше Golden Labrador Retriever поради бојата ваљда... црн не сакам!

И ме интересира сега за сега само уште финансииски колку би чинело... месечно да кажеме. Со се храна, вакцини... опрема... знам дека варира од многу работи како на пример возраста ама онака грубо... доколку имаш некоја претстава?

Вака сега околу расите:
Има вкупно 6 видови на Ретривери, но во Македонија се чуваат само 2 вида на Ретривери:
1) Златен Ретривер (англиски - Golden Retriever) се со подолгите влакна и можат да се најдат во бела или крамаста боја.
2) Лабрадор Ретривер (англиски - Labrador Retriever) се со покусата длака и ги има во 3 бои: Црна, Кремаста и Чоколадна боја (Чоколадните Лабрадор Ретривери во МК се доста ретки, најзастапени се Црните и Кремастите).

Не е многу битно колку пари ќе трошиш месечно на кучето, многу побитно е да не штедиш пари кога ќе го купуваш кучето.
Важно е да земеш кученце од добро легло кое што ќе биде здраво и без наследни болести.
Епа месечно еве една пресметка:
Вакцина 500 денари + огрлица и поводник 300 ден. + некои играчки 200 ден + храна (многу зависи со каква храна ќе го храниш) али ако му даваш квалитетна храна околу 2.000 ден (значи се вкупно околу 50 евра месечно).
Али вакцини има 3 (вакцина + 2 ревакцини) и толку завршуваш со вакцините, огрлицата и поводникот ќе ти останат за понатаму (сигурно нема секој месец да купуваш нови огрлици и поводници) единствено пари ќе треба да даваш за храна околу 2.000 денари месечно.
 
Па искрено, не е многу скапо. Мислев ќе кошта повеќе. Али не сега. Од ко ќе најдам работа. :p Сега за сега е скапо. :)
Со оглед на тоа што може да ти се врати. Пријател во секое време, знам да си правам сам муабет во огледало (еден од ретките начини да зборуваш со интелигентна личност овие денови) па би можел да зборам со кучето... пријател за на прошетка... и тоа секој ден. Тренинг партнер за џогирање, исто така секој ден. Аххх... едвај чекам да дојде и тој ден. :)
 
aj malku i na kratko za kuchinjata mojata slabost ushte od detstvo., a pametam pobaegi., znachi ., lucio poslushaj go sovetot na Lu okolu retriverite ., prekrasni. kuchinja iako jas cel zhivot se raspravam so sharplaninci no imajki vo predvid deka ovaa rasa bara dvor i se malku specifichni ., i gi smetam za najpametni iako malku tvrdoglavi ., sepak sovetot na Lu poslushaj go zimaj retrivet ., bilo koj od dvete vrsti da odberesh nema da zgreshish., a i sprema onoa kako shto te chitkam ., ovaa rasa ., bi ti bila dobitna kombinacija ., i dobre dojde vo klubot na obozhavateli na ovie prekrasni najverni prijateli na chovekot ., srekno(y)
 
Баш се убави кучинцата :)

Штета што неможаме да ги носиме во вселена и да истражуваме со нив :)

Па Лајка нели ја испративте во вселената.
Русите имаат правено такви експерименти со повеќе кучиња,ако не се лажам,ама Лајка е најпозната.:)
 
Па Лајка нели ја испративте во вселената.
Русите имаат правено такви експерименти со повеќе кучиња,ако не се лажам,ама Лајка е најпозната.:)
Ама проблемот е во тоа што Лајка не се врати од таа ексурзија :D
 
Ама проблемот е во тоа што Лајка не се врати од таа ексурзија :D
Да,воопшто не ни било планирано леталото да се врати на Земјата, така што Лајка е свесно жртвувана за научни и истражувачки теми...Колку е тоа правилно од етички аспект е веќе друга тема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom