Зедов лабрадор пред неколку дена и го чувам во стан. Сега е моментот на карантин и има уште долго и ајде се учиме хигиенските работи, тешко ни оди некако и грешава на многу пати каде треба да се покака и помочка но има некој напредок по малку. Да преминам преку тоа дека се ми изгриза по дома, сношти дури и слушалки од 100 евра ги направи на неколку делови по моја кривица зошто заборавив да ги фатам на сигурно место, ама имам проблем кога го оставам сам.
Живееам сам и во текот на денот треба да излезам на неколку часа и кога ќе го оставам сам во собата, се пика во најтемниот агол во собата под кревет и најверојатно таму го поминува цело време уплашен. Кога ќе се вратам ми треба неколку минути да го довикувам или пак молкнам од под кревет за да излези од што е преплашен. Имал некој ваков проблем да кажа како го решил или пак е само момент на адаптација од причина што денеска го најдов малку повесел за разлика од претходните пати кога го оставав сам?
Не се секирај, ќе почне да излегува од под кревет и да те бара само што ќе излезеш
Ќе си стекне навика, подобро сега да е смирен и да не лае и така да се научи бидејќи покасно ќе ти биде тешко да го оставаш сам бидејќи ќе се буни. Пред да излезеш некаде не му обраќај внимание (без галење, без зборење без играње, дури не го ни гледај) околу 10 - 15 мин. и излези од соба како никој да нема во неа. Така ќе се научи дека е во ред да го оставаш сам, пред да почне да развива separation anxiety.
Сега околу грицкањето.. Додека е мало и му се менуваат запчињата, ќе бара нешто за грицкање. Жиците се меки и затоа најдобро му легнуваат.. Само внимавај да не изгрицка нешто што е поврзано за струја зошто може да го мавнат 220 волти.
Штом си поминал само со слушалки, добар си, рекордот на Лулу е слушалки за компјутер, слушалки за нокиа, 2 полначи за мобилен и 3 кабли за поврзување на мобилен со компјутер. Секогаш пред да излезам сега го покривам компјутерот и ги средувам жиците да не се гледат за да неможе да ги грицка. Сега веќе знае дека не смее да се доближи до компјутерот (не и е интересен повеќе), зошто секогаш ја прекорувам кога го душка. Жиците ги заменивме со играчки за грицкање, најомилено и е едно плишано меченче (со извадени пластични делови за да не ги голтне) стапчиња за грицкање (има во Веро, пакување од повеќе стапчиња со различна мекост, сеуште и се поубави тие што се помеки) и памучен јазол (исто од Веро). И се разбира да не ги заборавам кондурите и чизмите, како и папучите, кои се многу вкусни (затоа секогаш се наместени во шкаф за да неможе да дојде до нив).
За навиките за мочкање, додека е помало повеќе пати во денот му треба изнесување надвор, за да сфати дека надвор се вршат тие работи. Значи кога ќе стане од спиење или кога ќе се најаде, веднаш надвор или во твојот случај зошто си во стан на тераса или каде и да сакаш да ти мочка (песок, најлон, пелена). Ако не се измочка веднаш, ќе седиш таму и по 30 мин се додека не се измочка.