Планирам да земам Пит/Дого аргентино микс, колку што разбрав додека зборев со газдата немало здравствена книшка едно друго.
Тоа значи дека треба да го однесам на ветеринар да му се извади?
Како иде то и колку пари е ? дали знае некој , нека одговори молам ! позз
И што се друго треба да сторам на почеток ако го земам ???
Јас ти препорачувам да не земаш мешано куче од Пит и Дого аргентино.
Еве од кои причини ти препорачувам да
НЕ го земаш мешаното куче.
Како прво човекот од кај што ќе го земеш кученцето е неодговорен бидејќи дозволил да се спарат Пит и Дого аргентино, ако бил одговорен и ако си го пазел кучето немал да дозволи да се спарат Питот и Догото.
Како второ уште една потврда дека човекот е неодговорен е тоа што го нема вакцинирано кученцето.
Тоа здравствената книшка е
бесплатна и кучето кога се носи првпат на ветеринар за вакцина, ветеринарот
бесплатно ви дава ветеринарна книшка во која што се води евиденција за примените вакцини.
Така што човекот од каде што треба да го земеш тоа кученцето го нема вакцинирано, бидејќи како што и самиот ти кажал кучето нема ветеринарна книшка, (а доколку ти кажал дека е вакцинирано тогаш те лаже бидејќи ако е вакцинирано ќе има и ветеринарна книшка).
А во случај да го земеш кученцето, имам пишано неколку страни поназад во темава како треба да го храниш и како да се грижиш за кученцето.
Резервирав за нова година да земам мало сибирско хаски, ај ако може да ми кажете некој совет, исхрана за неговата возраст бидејќи е месец и пол, дали е во ред да го чувам надвор (пошто неможам внатре, дома) итн ...
Добро јас стварно незнам што е толку тешко да се прочитаат неколку страници поназат ?
На темава имам пишувано и за исхрана и за грижа на мало кутре, сврти неколку страници наназат.
И не е во ред да го чуваш надвор бидејќи е месец и пол и е премногу мало и нема имунитет.
Ако неможеш да го чуваш дома тогаш поарно не го ни зимај бидејќи со неговата возраст од месец и пол дена, тешко дека ќе преживее на ладното време (освен ако не му направиш добро изолирана куќарка) а и плус со месец и пол ги нема ни примено потребните 3 вакцини за имунитет и може да фати болест и да умре.
Здраво. Покрај сите компликации околу кученцето (златен ретривер) сепак решив да го задржам.
Е сега би сакал да ми помогнете за неколку прашања.
Кученцето има 9,1/2 недели. Бидејќи немам можност да го чувам дома мора да престојува надвор ... но тоа и не е некој проблем, барем имам читано така.
Е сега кога ќе го земам кученцето на шетање и ќе го вратам и врзам (уште некој ден ќе биде врзано додека не оградам простор за чување) почнува да лае.
Од ден на ден тоа лаење е се со помал интензитет, но сепак е присутно.
Исто така лае и кога ќе види некој член од моето семејство.
Претпоставувам дека тоа е нормална процедура и лае бидејќи е оставено само ... но некој совет како да пристапам?
2 месечно Златно ретриверче го држиш врзано за ланец ???
БРАВО
Незнам што е тука чудно што кученцето лае ?
Лаењето е сосем нормална работа за мало кутре (поготово врзано за ланец).
Тебе како мал некој да те врзел за ланец да те чува, нема да плачеш ???
Епа исто е и со кученцето, 2 месечно е, сеуште е бебе и му треба внимание да му се посвети.