Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, сакам да ми дадете совет како да му помогнам на кученцево. Значи ќе ви објаснам од почеток.
Кученцето го купив пред 4 дена уште кога го носев по колата повраќаше 2-3 пати (повраќаше глисти) , пошто прв пат земам кученце незнаев за што станува збор и одма го однесо на ветеринар му дадоа апче и мислам дека за 2 дена се среди тој проблем. Другиот проблем е што кученцето нејќе да јаде веќе 2 дена односно јас му давам со шприц млекце и водичка но после 10 минути кученцето повраќа се што конзумирало. Го однесов на ветеринар му дадоа витаминска инекција и уште една инекција незнам точно, но истото се случува и 4 ден по ред. Се јавив кај газдата откај што го купив ми беше посочено дека сум му направил јас проблем со млекото што му го давав но тоа беа 4-5 шптица по 10мл. , млекото било премногу јако за него да сум купел млеко со помала масленост. Кученцето е 35-40 дена ве молам да ме посоветувате како да му помогнам жал ми е да го гледам тажно и да не јаде :(

Значи кој преварант е тој човекот од кај што си го зел кученцето.
Колку покварен човек, вината ја префрла на тебе дека си му дал млекце на кученцето, а уствари тој човекот е крив за ваквта состојба во која што се наоѓа кученцето бидејќи не му има дадено апче против глисти.
Срам да му е, колку скржав човек, несакал да даде ни 40 денари за едно апче против глисти , а и плус ти го продал премалечко само колку да си земе пари.
Ич не сакам вакви луѓе кои што се неодговорни и кои што само гледаат што побрзо да го продадат кученцето колку да си земат пари.

Кученцето ти е преполно со глисти и прашање е дали ќе остане живо.
Кучињата глистите ги исфрлаат преку изметот, а штом твоето кученце повраќало глисти, тоа значи дека е преполно во организмот со глисти и работатае многу серијозна.

Тој од кај што си го зел кученцето штом не му дал апче против глисти, тогаш сигурно не е ни вакцинирано кученцето.

Како прво треба да го вакцинираш кученцето, ако си од Скопје би ти препорачала да одиш кај Диме во Капиштец, тој е најдобар ветеринар во Скопје.
И додека не се вакцинира кученцето немој да го шеташ бидејќи нема имунитет и може да фати смртоносна болест.

Млекото нема многу да го нахрани.
Купи му сува кучешка КВАЛИТЕТНА храна со висок процент на месо и протеини во составот (Ројак Канин, Еукануба, Пурина ПроПлан, Фармина Натурал & Делишиус, Брит ...) и сувата храна потопија со ЈОГУРТ за да му биде мека, напрај му ја како кашичка и ако несака да јаде тогаш со сила бутај му во уста но кученцето мора да почне да јаде макар и насила да му даваш бидејќи ќе ти умре ако не јаде.
Исто така штом не јаде би ти препорачала да го однесеш на инфузија, малку да го опраиш кученцето.
Исто можеш да му свариш (без зачини) ориз со варено пилешко месо да му дадеш.
 
ви благодарам на советите ми значат многу, инаку сум од велес ама ако има потреба ќе го однесам кученцето во друг граднема да е проблем. Мислам дека е среден проблемот со глистите на кутрето зашто јас му дадов апче и нема веќе глисти во изметот. Вчера мудавав супа со лепче нејќеше да јаде , ќе ве послушам ќе му купам храна за кучиња како што сте напишале и ќе ја направам како каша. Инаку договорив да го вакцинираа за 4-5 дена така ми рекоа, ако има потреба ќе кажат на ветеринар нека му пуштат инфузија. Уште еднаш ви благодарам
 
Лебот нема многу да го нахрани и само може да му се залепи за цревата и да му се створат проблеми.
Избегавај да му даваш свеж леб бидејќи се лепи за цревата.
Ако му даваш леб тогаш тоа нека биде леб што стоел неколку дена, значи сув леб и намокри го со вода за да омекне.

За да се нахрани кученцето најдобро е да му купиш сува кучешка храна бидејќи во неа ги има сите потребни состојки, и исто така треба и да му даваш и домашна храна (без зачини) варен ориз со варено пилешко / телешко месо, можеш да му дадеш риба од конзерва сардина / туна , јогурт, палента, тестенини (макарони, јувки, шпагети) ...
Можеш и течна храна, на пример супа со пилешко месо.

Баш ми е мило што се средил проблемот со глистите, и ако имаш понатаму некој проблем или нешто ако те интересира слободно прашај на форумов :)

Поздрав
 
прашање.. дали кај нас може да се најде англиски или американски мастиф и колку одприлика се движат цените.. на реклама5 гледам има 5-6 огласи за легла во србија ама нешто нели се збореше превари биле тие??
очекувам одговор и фала многу :)

Цените..па сум сретнал неколку огласи и мислам дека беа над 500 евра. Не се занесувај што ќе ти е американски ,англискиот башка тоа е стара раса а не американскиов 20 години е стара расата.
 
ви благодарам на советите ми значат многу, инаку сум од велес ама ако има потреба ќе го однесам кученцето во друг граднема да е проблем. Мислам дека е среден проблемот со глистите на кутрето зашто јас му дадов апче и нема веќе глисти во изметот. Вчера мудавав супа со лепче нејќеше да јаде , ќе ве послушам ќе му купам храна за кучиња како што сте напишале и ќе ја направам како каша. Инаку договорив да го вакцинираа за 4-5 дена така ми рекоа, ако има потреба ќе кажат на ветеринар нека му пуштат инфузија. Уште еднаш ви благодарам
Hrana davaj mu ama ko sto ti pisaa pogore nekoja od tie brendovi nemoj od drugoto gjubre zasto nisto nema da naprais
 
Од денес и јас имам нов член на семејството-Џина,тоа е убедливо нај радикално феминистички поткована кучка во Македонија,едвај ја донесов до дома....ме измори влечејќи:)
 
Од денес и јас имам нов член на семејството-Џина,тоа е убедливо нај радикално феминистички поткована кучка во Македонија,едвај ја донесов до дома....ме измори влечејќи:)
Со среќа да си ја чуваш.
Ако не е тајна,марка и возраст :P
 
Фала.

Оваа нема лого али е полу хаска која се обврзав да ја чувам има година ипол и не можам да ја смирам сега скрената е многу сака да ја играш.
 
кученцето веќе еден ден не јаден ништо се напи малку млеко малку вода но не сака да јаде нишш друго му зедов и калциум но не ги сака помош околу тоа?
 
кученцето веќе еден ден не јаден ништо се напи малку млеко малку вода но не сака да јаде нишш друго му зедов и калциум но не ги сака помош околу тоа?

Прочистено е од глисти?
 
Kolku e staro kutreto?
околу 2 месеци...добро е згризено и се..го цувам во топло..т.е една нок го цував во кујната во крзно завиткано на ладно и стана вака..:S
--- надополнето: Oct 29, 2011 6:29 PM ---
Прочистено е од глисти?
Да прочистено е..вцера му ја додаов последната четвртинка од таблетата..го хранам со специјална храна и млеко..цат пат и месо..но денес несака да јаде..му зедов и калциум
 
Почекај да делуваат апчињата. Можно е да нема апетит од глистите. Ако во утрешниот ден не пројави желба за јадење или пиење на вода, млеко носи го на ветеринар.
 
Пие вода но несака да јаде..денес ветеринарот ми рече да не го оставам во контакт со др животни така да мачките ги оставив надвор..а другото куче го врзав..:S
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom