Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Немаше ни потреба од волку објаснување. Јасно е дека повеќето денешни одгледувачи ги интересира само заработка, во најкус можен рок. Првото куче што го имав, пред многу години, платено 1000 марки на одгледувач од Сомбор, ми го донесе во Белград на возраст од 3.5 месеци. Не сакаше да чуе за порано, бидејќи јас бев нестрплив. Човекот имаше шампионско легло и сакаше тој да е сигурен дека ми продал здраво куче.
Исто и ветеринарите.Само кеш ги интересира
 
Aj кога сме кај ветеринарите кажете добар во Скопје за мачо кутре од 2 месеца јорки

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Моја препорака воопшто за ветеринар во Скопје е Др. Диме -Ветеринарен центар
 
Фала ти,сите него го фалат ке закажам утре да видам кога може

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Да Диме мн го фалат, ама кај него во клиника го нема ни како сопственик да фигурира што се вика, не дека новите дечки нема да ти помогнат ама повеќе се претвори во штампање пари одколку во она што порано била. Мада за секој ќе слушнеш лоши зборови најубаво е да видиш кој најмногу тебе ти одговара.
Јас моите ги носев на факултет и бев презадоволен, ама имам слушнато и незадоволни од таму. Единствена замерка што јас ја имав кон болницата при факултетот (не приватната што е во ист двор) ми е што работеа само прва смена(може сега е сменето)
 
Колку награди за тренинг и гризинки се дозволени во еден ден за балансирана исхрана на куче? Знам дека прашањето е многу апстрактно. Ама поќе ме интересира за награди за тренинг зошто го учам основни команди моментално, а на наградите шо ги земам не пиши колку треба дневна доза. Мислам на коскичките од сликата:
Polish_20200112_090336717.jpg
Гризинки и коски за заби му оставам дома да му дават кога им е многу хиперактивен за да се занимава, така да не е секој ден и не му давам поќе од една. Мислам на гризинките од говедска кожа сува, исто од говедска кожа сува со чоколадо.

Од награди страна сега ќе му прам и пифтија со зеленчук (ориз, морков) од говетска срцевина. Храната му е балансирана со мускул и сува храна само се бунам со наградите. Страв ми е да не пречкорам дневна доза.
 
Прегледај го приврзокот 228456

Обично нема утка за награда со виршла. Јас кога го тренирав во тој период му давав по пола виршла на мали тркалца (куче од 15 кг). По еден месец престанав
 
Обично нема утка за награда со виршла. Јас кога го тренирав во тој период му давав по пола виршла на мали тркалца (куче од 15 кг). По еден месец престанав
Не ми текнало за виршли до сега. :LOL: Со пријателка зборав за говетска "пифтија" со малку зеленчук и ситно насецкано и во фрижидер. Така и дневна доза зеленчук да прима. И ми прати линк за како се прат желатин награди и можни комбинации. Наводно тиквата била многу здрава за кучињата и сакам на Пес да му напрам и од тиква со желатин, исто ситно сецкано и чувано во фрижидер.

А, овие сега шо му давам награди се доста функционални само шо ми е страв да не претерам. Малите кафеави коски ги сака многу и тие ми се кога му внесвам нова команда. Кога почнува да ја сфаќа вртам на бисквитчиња коски, тие во три бои шо се за повторвање секој ден то шо научил и постепено му ги повлеквам кога ќе видам дека инстантно реагира.

Ама сепак фала за предлогот со виршлата, кога ќе сакам добро да го наградам ќе сменам малку и на то. :)
 
Како и каде се проверува педигре од србија дали е оригинал
 
Како и каде се проверува педигре од србија дали е оригинал
Пробај преку кинолошки сојуз на Македонија. Не знам дали имаат пристап до друѓи држави па преку бројот JRxxxxx да направат проверка.
Ако не скенирај го и преку маил барај одговор во кинолошки сојуз Србија.
 
По неколку дена пролив, го однесов кучето (18 месеци) на ветеринар (кај Диме) каде врз база на симптомите што ги кажав (ретка светла столица, мирис како и некои маснотии во неа) плус слика од столицата, заклучија дека е паразит Giardia и ми кажаа да го прочистам со таблети 3 дена по ред (предтоа беше последно прочистен пред 45 дена) + после таблетите уште 7 дена Флажил, за на крај после 14 дена да се даде уште една доза од таблетите за прочистување. Некој со вакво искуство или плус некој совет?
П.С. Му давам уште Пролајф пробиотик, кучето е весело и разиграно но со послаб апетит.
 
Колку награди за тренинг и гризинки се дозволени во еден ден за балансирана исхрана на куче? Знам дека прашањето е многу апстрактно. Ама поќе ме интересира за награди за тренинг зошто го учам основни команди моментално, а на наградите шо ги земам не пиши колку треба дневна доза. Мислам на коскичките од сликата:
Прегледај го приврзокот 228456
Гризинки и коски за заби му оставам дома да му дават кога им е многу хиперактивен за да се занимава, така да не е секој ден и не му давам поќе од една. Мислам на гризинките од говедска кожа сува, исто од говедска кожа сува со чоколадо.

Од награди страна сега ќе му прам и пифтија со зеленчук (ориз, морков) од говетска срцевина. Храната му е балансирана со мускул и сува храна само се бунам со наградите. Страв ми е да не пречкорам дневна доза.
кај има вакви да се купат и колку кошта ?
 
кај има вакви да се купат и колку кошта ?
Сите сем лентичката ми се од локален пет шоп. Тие бисквитите ги немам на др место видено, а кафеавите коски можиш да ги најдиш и Лидл, и Веро, и по пет шопови. Лентичката е со витамини и е од дм.
Кафеавите коскички кај нас се 120 денари, во Лидл ги земав за 60-70. Бисквитите се 1ден парче, имам и други од 3ден парче и 5ден парче и во пет шопот од кај шо земам обично имаш мешани и не мешани паковања за 100денари. Лентите од дм се 20 парчиња внатре околу 40-50 денари ако добро се сеќавам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom