Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Нејќам да ви се машам во муабетот, али Almala има право кога вели дека на било кое куче без разлика на расата и големината, треба да им се покаже каде им е местото и кој е главен, бидејќи од премногу мазење и попушање кучето може да си земе за право да се наметне на газдата и да сака да стане алфа (лидер) во семејството , ко што вика Almala - leader of the pack.
 
А како така ти оценуваш дека повеќе знаеш од мене?
И нема шо ти да кажваш за мене како сопственик, бидејќи прво, ме судиш без воопшто да дознаеш каков бил мојот живот, и колку и какви кучиња сум чувала, и згора над тоа ме навредуваш со - такви сопственици како тебе. Сам/а се спушти на ниско ниво.
И не знам се` (како тебе), отворена сум за совети, само не сакам да примам од луѓе кои навредуваат.

И дека си постар/а од мене, ќе преќутам многу нешта. Ајде нека биди по твое, поискусен/на си :smir:

Го кажав тоа „сопственици како тебе“ за да направам генерална слика - не мислев лично на тебе дека имаш невоспитани кучиња. Сите луѓе јас што ги знам и ги гледаат кучињата свои како бебиња имаат невоспитани миленици. Сите луѓе што ги гледаме на Dogs Whisperer и имаат проблеми со нивните кучиња - причината е иста. Построги се со своите деца него ли со милениците.

Ако ги гледаме како кучиња и се понашаме со нив исто така, тоа не значи дека не треба да ги сакаме и да им пружиме се во нашата можност. Но, треба да си го знаат местото.
 
Нејќам да ви се машам во муабетот, али Almala има право кога вели дека на било кое куче без разлика на расата и големината, треба да им се покаже каде им е местото и кој е главен, бидејќи од премногу мазење и попушање кучето може да си земе за право да се наметне на газдата и да сака да стане алфа (лидер) во семејството , ко што вика Almala - leader of the pack.

И демек едно ши цу или помериан или пудла ќе стани алфа, а?
Ај шо не ќе прочитам.
 
апсолутно. Фала што малку ги појасни моите зборови :smir:

--- надополнето ---

Да, ќе стане....само што нан некој тоа ќе му биде слатко или воопшто нема да го примети. Куче си е куче и живее како pack animal. Тоа е психологијата и неговиот инстинкт. Без разлика колку е мало или големо.
 
Значи сепак, има разлика. Ама ај, ко запнавте, така нека биди. :smir:
 
Не е дали сме запнале или не, луѓе има што истражуваат вакви работи и ги објавуваат. Ако побараш малку барем по нетов уместо тврдоглава да бидеш - ќе увидиш за што збориме. Без навреда. Едина разлика е тоа што повеќето сопственици на мали кучиња ги гледаат како слатки бебиња, како fashion accessory и пошто се мали, бушави и слатки не можат никад ништо лошо да направат. Она што човек од страна ќе го види како неваспитано понашање, они ќе го видат као нешто смешно and cute. Тоа е разликата. А по прашањето на расата и големината на кучето - сите се кучиња и реагираат на исти начин, како што кажавме ја и Лу. И луѓе има различни - има џуџиња, има со нормален раст и има ненормално високи. Различни инстинкти имаат ради тоа?
 
И демек едно ши цу или помериан или пудла ќе стани алфа, а?
Ај шо не ќе прочитам.

Да, безразлика дали е Пудла или Пекинезер или Ши Цу (или било која мала раса) ќе се обиде да стане алфа.
Еве ти еден пример.
Јас веќе 6 години чувам Пудла и мојата Пудла е прекрасно воспитана бидејќи не ја третирам како бебе и знам да бидам строга со неа кога ќе погреши некоја работа, а заразлика од мојата Пудла нејзината сестрса (другарками има исто пудла, сестра е со мојата) е многу размазена и невоспитана, а тоа е бидејќи никогаш ја нема искарано во животот и и нема покажано каде и е местото, нејзината пудла е алфа во семејството.
А инаку јас сум дресер и сум имала еден куп случаи со мали невоспитани кучиња, а причината е размазеност и попуштање.
 
Ама вие изгледа воопшто не читате. Не знам шо да речам. Значи моето куче никогаш не сум го карала, бидејќи немало и за шо, не сум му викала, па еве не е Алфа во фамилијата. Дресура за куче ми е глупаво, ова е мое мислење, бидејќи кучињата не се робови (барем не за мене), па ти кога ќе сакаш да станат, да одат, да клекнат, да молат. Основни работи прифаќам, значи кога ќе се шета да знае да шета до тебе, и ајде се прифаќаат оние здраво, лежи. Ама да изиграва циркузант, ми е многу глупаво.
 
Јас ти реков погоре дека само така ти се погодило покротко кученце. Си имала среќа, ништо повеќе. Дресура не мора да значи дека мора циркузант да изиграва, не знам од кај добиваш таква идеја. Ама да седне кога ти ќе му кажеш богами е потребна команда. Да остане не место исто така. Замисли ако некој има куче што скока ненормално по луѓе. Сопственикот може мисли - еееј, колку сака луѓе. Гостинот мисли - тргни ми го кучево. Кучето мисли - опаааа, играчка! Ако е издресирано, во момент кога гостин доаѓа можеш да му кажеш да седне кучето. Па кога гостинот ќе седне на кауч, ќе се соблече и све то....тогаш ослободи го куќето од командата. Не мора да е како робот.
 
Ама вие изгледа воопшто не читате. Не знам шо да речам. Значи моето куче никогаш не сум го карала, бидејќи немало и за шо, не сум му викала, па еве не е Алфа во фамилијата. Дресура за куче ми е глупаво, ова е мое мислење, бидејќи кучињата не се робови (барем не за мене), па ти кога ќе сакаш да станат, да одат, да клекнат, да молат. Основни работи прифаќам, значи кога ќе се шета да знае да шета до тебе, и ајде се прифаќаат оние здраво, лежи. Ама да изиграва циркузант, ми е многу глупаво.

:pos::pos::pos:

Ама изгледа ти си таа која не чита.
Секаде има исклучоци, се е тоа генетика.
Можеби твоето во генетиката му е да биде мирно по природа (неговите предци биле мирни) и затоа не прави бељи по дома и не пробува да стане алфа, но не се сите кучиња исти како твоето.
Од кај си поврза дресура со робови - тоа не можам да го сватам.
Ако го дресираш кучето тоа не значи дека ти е роб и дека треба со него лошо да се однесуваш.
Дресура е воспитување за да кучето те слуша и да не ти прави секојдневни проблеми.
Тука никој не спомна дресура да бидат циркузанти кучињата, тука се спомна дресура за послушност.
 
:pos::pos::pos:

Ама изгледа ти си таа која не чита.
Секаде има исклучоци, се е тоа генетика.
Можеби твоето во генетиката му е да биде мирно по природа (неговите предци биле мирни) и затоа не прави бељи по дома и не пробува да стане алфа, но не се сите кучиња исти како твоето.
Од кај си поврза дресура со робов - тоа не можам да го сватам.
Ако го дресираш кучето тоа не значи дека ти е роб и дека треба со него лошо да се однесуваш.
Дресура е воспитување за да кучето те слуша и да не ти прави секојдневни проблеми.
Тука никој не спомна дресура да бидат циркузанти кучињата, тука се спомна дресура за послушност.

Еееее, тука можеме да споредиме деца....хаххаааа :pos2: Како што децата ги воспитуваме и не ги оставаме да прават све што ќе им прдне - исто и со кучињата. Сите прават паралела за деца = куче и мислат само на љубовта и мазењето. А каде е воспитувањето и поставување граници и правила?
 
Точно, и на детето ако уште од мало му се дозволи се да прави, и ако не му се покажат границите до каде може да оди неговото однесување, кога ќе порасне нема да го слуша и почитува својот родител.
Истата ситуација е и со кучињата, и на кучето треба да му се покаже кој е лидер за да те слуша и почитува :smir:
Ама ај после тоа оди и објасни им го на некои луѓе :toe: , па после ќе се чудат како тоа почнало да ги каса сите по дома, па да им 'ржи и да не ги слуша, епа ќе се чудат кога ги размазуваат и не се однесуваат правилно со кучињата и не им поставуваат граници до каде може да оди нивното однесување.
 
Ради вакви ситуации и деца умираат. Овде ќе се чудат зошто „одеднаш“ нивниот ротфајлер, питбул, кане корсо итн им го нападнал бебето и го убил....трагедија е, ама трагедија за која кучето не е криво а детето платило со живот. И ради ова, пит булот е баниран на многу места. Сега ако во мојов град го банираат, мене ќе дојдат, ќе ми го земат кучето од дома и ќе го успијат. Ради вакви случаи - мазење и оставање на кучето да прави што сака.
 
Баш ме потсети на една случка што се случи во Македонија пред околу 1 или 2 години, незнам дали имаш чуено бидејќи нели ти живееш во Америка, али ќе ја пишам случката.
Некој постар човек (од Прилеп мислам дека беше) чувал Ротвајлер врзан за дрво со ланец 2 метра долг, значи во многу лоши услови ни куќичка немал ни ништо, и на сонце и на дожд и на ветер кучето било врзано за 2 метра долг синџир на дрво.
И човекот го малтретирал го тепал и му давал многу малку храна (колку да преживее), и кучето било коски и кожа и редовно малтретирано и тепано затоа што лаело ( а кое куче нема да лае и да полуди да биде се на едно исто место без никаква љубов и грижа?)
И еден ден нормално на Ротвајлерот му дошло преку глава и човекот како што се приближи да го удри, Ротвајлерот му рипнал и го убил човекот, цела фаца му ја распарчил.
И после кажуваа на сите Вести како тоа се опасни кучина како напаѓале и ги убивале газдите и бла бла бла ред други глупости, а никој не му текна да ја види причината зошто така постапил Ротвајлетот.
И после од вакви случки од несовесни сопственици, ги прават Питбулите,Ротвајлетите,Доберманите и сл. раси ги прават агресивни, вакви такви а не ги гледаат причините зошто кучето така постапило и како се однесувал газдата со него.
 
Лелееее, греота ротфајлерот....душичка. Не знам како имаат срце такви работи да прават на животинче. Овде ги пријавуваат такви, им го зимаат кучето и они или идат у затвор или плаќаат казна. Некои луѓе стварно не заслужуваат миленик да имаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom