Денеска го посетив пак кучето кое било малтретирано и тепано од претходниот газда...ми кажаа дека некоја девојка,им кажала дека и заржела и пробала да ја касне,мада веројатно девојката била под некои дроги+ сигурно не знаела како да постапи со неа,исто и на уште еден дечко му направила ама тој бил и малце забеган со паметот...ги убедував дека на нив,тие што се поголем дел од времето со неа,не може ништо да им направи...така е нели ? седи со нив,се качува на кревет за да ја галат и слично,но сеуште е премногу уплашена,бега од луѓе и слично...дали е ризик да чуваш такво куче ? според мене не е,барем ако знаеш како да постапиш..јас кога сакам да ја погалам и клекнувам на нејзина висина и и ја оставам раката да ја душне,не ја брзам,не ја бркам низ објектот за да ја погалам и слично,не и се приближувам ако се стутка во некој ќош итн...100% тие не го направиле истото,па се исплашила ?