BiG_kIsS
You talk too much... Let me shut you up
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 3.414
- Поени од реакции
- 2.923
- Возраст
- 35
ми требаат неколку совети околу германскиот овчар.Како што знаете,земав германски овчар женка стара 6 месеци.Каде што била претходно била малтретирана,тепана и недоволно хранета.После скоро месец дена кај мене накачи на маса и полека се опушта во новиот дом,но одвреме навреме гледам дека сеуште има страв.На пример кога се доближувам накај неа да си играм,ги спушта ушите позади од страв,а кога се оддалечувам од неа ги крева ушите како што треба.Некоја "финта" да ја ослободам од стравот и да ја опуштам,да не се плаши и да не ги спушта ушите така?
Друго,не можам никако да ја натерам да се заигра со нешто,макар со топче.Кога ја пуштам знае да се истрча убаво едно саат време и се е во ред со неа,нема страв ни ништо,ушите и се кренати цело време,ама не знае да игра со топче никако.
и друго, кога е најубаво да ја избањам,на пролет?со каков шампон,колку пати?
Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
Некои кучиња не сакаат да си играат со играчки. Пораснала без да знае што е игра и сега тешко дека ќе ја научиш. Можеш да пробаш да купуваш различни играчки (плишани, гумени, што испуштаат звуци и сл) и да видиш дали ќе изреагира на нешто. Ама искрено, можно е само да си ги фрлаш парите. Маламутката моја само со топчиња сака да си игра. Изнакупував ствари за неа, ништо друго не допре освен топчињата ( и има едно плишано меченце што си го чува ко бебе


Што се однесува до стравот, незнам никаква забрзана метода. Мора полека и со многу трпение. И можно е секогаш да биде по малку плашлива. Јас би ти рекла да не правиш нагли потези и кога ѝ се доближуваш или кога пробуваш да ја погалиш прави го тоа полека, можеби дури и да сопреш на пола пат, да оставиш да те душне или сама да ти пријде. Најбитно е да си многу мил и нежен за да сфати со тек на време дека немаш намера да ја повредиш. Големи се шансите тие што ја малтретирале и тепале да викале, така да пробувај да не го појачуваш тонот, зашто може да влијае негативно... И со тек на време треба да почне да ти верува повеќе. Многу зависи од тоа колку лошо е истрауматизирана. Нашиот мелез еве после година и пол чување, уште се здрвува ако појачаш глас и не мрда и е преплашен. Ама и не е баш паметен

Тоа со храната или колачиња е добра идеја. Сакаш да ти се враќа зашто сака, а не од страв (како што имам чувство дека е сега, зашто очигледно веќе ја знае командата, а ако била тепана, не ја научила командата како што треба). И ќе ја научиш на „полека“ за да не те гризне и тебе сосе колачето
