KSC #358 - Танго

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
17.270
Поени од реакции
43.507
Локација
Скопје
OK, @Darklady ја нема, сепак ќе морам јас. Одиме со тема која сме ја немале до сега во историјата - „Танго“.

Тангото е латино-американски танц кој потекнува од 1880-тите во областа околу реката Rio de la Plata или River Plate, природната граница помеѓу Аргентина и Уругвај. Тангото е родено во сиромашните области околу Ривер Плејт како комбинација на аргентинската Милонга и шпанско-кубанската Хабанера, како и уругвајските Кандомба прослави. Најчесто се тансувало во борделите и баровите во близина на пристаништата каде сопствениците на бизнисот најмувале танчери да ги забавуваат посетителите. Постојат многу варијации на тангото ширум светот. На 31 август 2009, УНЕСКО го прогласи за дел од светското културно наследство како заедничко наследство на Аргентина и Уругвај.

Тангото црпело влијанија од африканската и европската култура. Танго музиката е фузија на многу музички жанрови по потекло од Европа, а самиот танц потекнува од прославите на некогашните црнци-робови во Уругвај. И ден денес е вклучено како еден од латино-американските танци на сите спортски натпревари во танц.

Постојат многу познати пејачи кои пееле песни на танго музика, меѓу кои: Карлос Акуња, Нестор Фабиан, Карлос Гардел, Хулио Соса, Тита Мерело, Едмундо Риверо и Пјотр Лесченко. Музиката и танцовите елементи се популарни во манифестации како гимнастика, уметничко лизгање, синхронизирано пливање и сл. За Светското првенство во фудбал во 1978 во Аргентина, Адидас дизајнирал топка која се викала Танго. Многу филмови се инспирирани од Тангото и го вклучуваат истото во насловите или темите на филмот.

Самиот танц Танго значи љубов, значи страст, желба за допир, но истовремено и борба (корида, каде едниот од танчерите е тореадорот, а другиот е бикот, симболично). Но и со самото тоа што е танц кој бил проминенден во латино-американските бордели, и денес се спомнува во таква конотација: како танц на проститутките.

Со се ова на ум, знаете дека постојат многу песни кои се отпеани на танго музика, насекаде во светот, па дури и кај нас. Така, тука ја бараме најдобрата танго-песна на сите времиња. Не е битно од која држава, на кој јазик, битно е да е танго.

Јас играм со за мене најјаката танго песна од Мулен Руж:


Roxanne, you don't have to put on that red light
Walk the streets for money, you don't care if it's wrong or if it is right
Roxanne, you don't have to wear that dress tonight
Roxanne, you don't have to sell your body to the night
 
Вака се важи, песна за танго?
Или треба да има танго?

 
Вака се важи, песна за танго?
Или треба да има танго?

Не е ова песна за танго, болеро е. Ритамот на тангото е поинаков - 4/4 или 2/2. На болерото ритамот е 3/4. Болерото е нешто измеѓу румба и валцер. Кубански танц е, нема врска со танго.
 

Ја на оваа песна на полу-матура играв танго :cool:
А од Ривер Плата, го знам само клубот! .. така да..
 

Ја на оваа песна на полу-матура играв танго :cool:
А од Ривер Плата, го знам само клубот! .. така да..
Сериозно?

Може да си танцувал на оваа песна, танго не си играл - 100%!

Еве ви еден класичен пример за танго + рок, и плус на српски јазик.

И за тие што уште не знаат за што станува збор, еве подолу од ChatGPT, преку споредба со болеро:

Screenshot_20260206_170202_Chrome.jpgScreenshot_20260206_170212_Chrome.jpgScreenshot_20260206_170222_Chrome.jpgScreenshot_20260206_170233_Chrome.jpg
Автоматски споено мислење:

Искрено, оваа верзија, на Лорена Меккенит, иако е оригинал, не звучи баш како танго. Секако, песната се прифаќа зашто постои тоа „танго“ во насловот, но ова е по дефиниција нешто друго, некоја етно, world, new age музика. Но, слушни ја оваа верзија, на пример:


Ова е де факто - аргентинско танго! Но, реков, се прифаќа и твојата првично пријавена верзија.
Автоматски споено мислење:

@Zlatikevichius танго роксен во поглед на зои секогаш ме потсеќа на ова
Прекрасно! Мене таа песна освен на Мулен Руж ме потсеќа и на еден пар танчери што се натпреваруваа на едно од „Ја имам таленат“ натпреварувањата во Србија. Знам дека стигнаа во финале, но нема никаде никакво видео од нивниот настап. Сања и Урош се викаа. Дечкото буквално си играше со девојката како навистина да е црвено платно. Неверојатно изгледаше тој настап.
 
Fuck You!

Та дам дам дам та дара дам, та да дам дам тарарара дам.


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom