Крвните групи и начинот на исхрана

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Листав едно списание и налетав на интересна статија во врска со крвните групи и начинот на исхрана. Мене ми се погоди скоро се од А до Ш, немора да значи ама јас сепак сакав да го споделам тоа со вас :) Е па еве отприлика како изгледа сето тоаЧ

Крвна група 0

Ловец, месојад, јак, самоуверен, тип водач
Позитивни карактеристики: јак систем за варење, јак имунолошки систем, природна заштита од инфекции, ефикасен метаболизам.
Слабости: нетолеранција према нова исхрана и нови услови на околината. После претерана активност може да се случи имунолошкиот систем да се нападне самиот себе.
Ризици: запаление на зглобови, намалена функција на штитната жлезда, чирови, алергии, пречки во коагулацијата.
Начин на исхрана: високо ниво на белковини, трошење на месото. Месо, риба, зеленчук, овошје. Ограничено: житарици, грав, легуминоза
Начин на слабеење: треба да се избегнуваат пченични пахуљици, грав, зелка, карфиол, сенф.
Помагаат: морски алги, морска риба, сол, џигер, црвено месо, келј, спанаќ, брокули
Додатоци во исхраната: витамини Б и К, калциум, јод, морски алги
Физички вежби: интензивна физичка активност како аеробик, боречки спортови, трчање


Крвна група А

Земјоделец, вистински вегетеријанец, кооперативен, прецизен, промислен
Позитивни карактеристики: добро се прилагодува на промена на исхраната и на нови услови на околината. Лесно ги согорува хранливите материи.
Слабости: осетлив систем за варење, слаб имунолошки систем - сколн кон инфекции
Ризици: срцеви болести, рак, слабокрвност, болести на жолчката, шекерна болест
Начин на исхрана: вегетеријанец - зеленчук, тофу (сирење од соја), морска риба, житарици, грав, овошје
Начин на слабеење: избегавање на месо, млечни производи, пченица, грав
Помагаат: растително масло, храна од соја, зеленчук, ананас
Додатоци во исхраната: витамини Б12, Ц и Е, фолна киселина, ехинацеја, глогињи, кварцетин,
Физички активности: мирни вежби како јога, таи чи


Крвна група Б

Номад (стабилен, еластичен, креативен)
Позитивни карактеристики: јак имунолошки систем, прилагодливост на нова околина и на нов начин на исхрана, стабилен нервен систем
Слабости: ретки вирусни инфекции
Ризици: шекерна болест, хроничен замор, автономни болести ( мултипасклероза, лупус ...)
Начин на исхрана: урамнотежена исхрана, сештојадец, месо (не пилешко), млечни производи, житарици, грав, зеленчук, овошје.
Избегнувајте: пченка, лешник, сусамово семе, хељда, пченица
Помага: зеленчук, јајца, месо од дивеч, чај
Физички активности: умерени физички вежби, на пример пешачење, возење точак, тенис, пливање


Крвна група АБ

Омилени му се загатките (современо спојување на А и Б типот), редок, харизматичен, таинствен
Позитивни карактеристики: добро се прилагодува на современите услови. Многу толерантен имунолошки систем.
Ги соединуват предностите на групите А и Б
Слабости: осетлив систем за варење. Претерано телрантниот имунолошки систем може да биде склон кон инфекции. Негативно реагира на околностите како од А така и од Б типот.
Ризици: срцеви болести, рак, слабокрвност.
Начин на исхрана: разновиден начин на исхрана- месо, морска риба,
млечни производи, тофу, грав, житарици, овошје.
Начин на слабеење: треба да се избегаваат црвени меса, семки, пченка, хељда
Помага: тофу, морска риба, млечни производи, зеленчук, морски алги, ананас
Додатоци во исхраната: витамин Ц, глогињи, одољен,
Физички активности: мирни физички активности како јога, тај чи, комбинирани со умерени активности ( пешачење, возење велосипед, тенис)
 
Ова мислам дека е список кој го користи оној ресенчанецот, кој се занимава со лековити тревки, диети, лечења од свашта. Оној, дее, што го лечеше Туѓман, на времето. Има нешто во тоа. Јас сум нулта и баш ми прилега дефиницијата.
 
ja sum A + i samo ovaa e tocno za mene : Позитивни карактеристики: добро се прилагодува на промена на исхраната и на нови услови на околината. Лесно ги согорува хранливите материи.

...i sum krvodaritel , posle sekoe daruvanje krv se cuvstvuvam mnogu podobro
 
нешо во контекст со ова..

Лектините - причина за исхрана по крвни групи

Четирите крвни групи, О, А, Б и АБ, не се појавиле во исто време. Крвните групи О, А и Б се продукт на човековата еволуција, а АБ е последица на интеракцијата на крвните групи А и Б.

Антрополошките податоци говорат дека луѓето се појавиле 40.000 години пред новата ера и сите имале иста крвна група - О. Во наредните 20.000 години сите луѓе имале иста крвна група и се хранеле со месо од диви животни, инсекти, зелени лисја, диви јаткасти и јагодести овошја и со корења. Но поради растечкиот наталитет луѓето биле принудени да мигрираат и во предели каде што немало доволно диви животни за исхрана. Тие биле принудени да се приспособат на новите услови и затоа нивната исхрана, но и тела, претрпеле радикални промени. Нова крвна група се појавила кај луѓето што почнале да се занимаваат со земјоделство. Тие одгледувале мешункасти и други зеленчуци, домашни животни и живееле во заедници. Така се појавила крвната група А. Во следните пет до 10 илјади години се појавила и нова крвна група Б, што било уште еден чекор напред во човековата еволуција. Тие луѓе биле номади, кои се селеле на север во потрага по простор за живот. Крвната група АБ, која денес ја имаат само 5 отсто од светската популација, се појавила како резултат од браковите на луѓе со крвните групи А и Б. Таа крвна група е најмлада и се појавила пред околу 1000 години. Ова покажува дека крвните групи се појавиле под влијание на природна средина и исхраната на луѓето.

Крвната група е дел од нашата генетска структура. Но начинот на исхрана, физичките активности, размислувањето и стресовите можат да придонесат сопствената крв да ни биде пријател или непријател. Ако ги следиме препораките за исхрана што овозможува нашето тело да има добра биохемија, ќе бидеме поздрави. Но ако се храниме спротивно од нашиот метаболизам тогаш ќе го наполниме телото со токсини, кои ќе предизвикуваат здравствени проблеми.

Нашата крв му дава информации на телото како да реагира во стресни ситуации или кога е нападнато од вируси, бактерии, паразити, габички или кога му е потребна храна.

Човековите антитела што реагираат според крвните групи се најсилните антитела во имунолошкиот систем и нивната способност да ги аглутинираат (групираат) крвните клетки на одредена група е толку силна што може да се регистрира во лабораторија со голо око на стаклена плочка. За да се создадат поголем број на другите антитела потребна е стимулација како на пример вакцинација или појава на инфекција.

Меѓу човековата крв и храната што ја јадеме се одвиваат хемиски реакции. Интересно е што и денес, на почетокот на 21 век, човекот има склоност кон онаа храна што ја јаделе и нашите предци со иста крвна група. Тоа се случува поради постоење на чинители во храната што се викаат лектини.

Лектините се разни белковини во храната кои имаат аглутинирачко својство, кое влијае на човековата крв. Лектините, меѓу другото, им овозможуваат на организмите во природата да се поврзат со други организми. Ова "суперлепило", кое го има на површината на клетките на жолчните патишта во црниот дроб, овозможува да се поврзат со бактерии или со паразити. Бактериите и микроорганизмите исто имаат лектини на својата површина, со што се овозможува тие да се врзат за слузницата во човековото тело. Ист е случајот со лектините од храната што човекот ја консумира.
 
schtranga напиша:
ja sum A + i samo ovaa e tocno za mene : Позитивни карактеристики: добро се прилагодува на промена на исхраната и на нови услови на околината. Лесно ги согорува хранливите материи.

...i sum krvodaritel , posle sekoe daruvanje krv se cuvstvuvam mnogu podobro
И за мене важи истото,другото нема врска.
+ ја и земјоделец=крај на земјоделието :)
 
Devilish Angel напиша:
Крвна група Б

Номад (стабилен, еластичен, креативен)
Позитивни карактеристики: јак имунолошки систем, прилагодливост на нова околина и на нов начин на исхрана, стабилен нервен систем
Слабости: ретки вирусни инфекции
Ризици: шекерна болест, хроничен замор, автономни болести ( мултипасклероза, лупус ...)
Начин на исхрана: урамнотежена исхрана, сештојадец, месо (не пилешко), млечни производи, житарици, грав, зеленчук, овошје.
Избегнувајте: пченка, лешник, сусамово семе, хељда, пченица
Помага: зеленчук, јајца, месо од дивеч, чај
Физички активности: умерени физички вежби, на пример пешачење, возење точак, тенис, пливање

Јас незнам која крвна група сум т.е. не сум правел испитувања на крвта за да ми одредат која крвна група сум, но според овој текст претпоставувам дека сум крвна група Б, бидејќи се најдов самиот себе во текстов. Повеќе од 80% од текстов има точности во кои се најдов.
 
јас сум крвна група А+ и бик во хороскоп што значи дека јас уживам во секоја храна без разлика дали е месо, зеленчук,овошје..... али сепак покрај сите зеленчуци и овошја со ги внесувам со изхраната јас сум анемична :icon_frow јебига тоа е :icon_frow
 
Б+ сум. Нешто се годи нешто не во текстот за мене и многу ме потсеќа на хороскоп :)

Инаку ќе можи некој да го објасни ова? Оти мене малку ме збунва:toe:
Крвна група Б

Начин на исхрана: урамнотежена исхрана, сештојадец, месо (не пилешко), млечни производи, житарици, грав, зеленчук, овошје.
Избегнувајте: пченка, лешник, сусамово семе, хељда, пченица
 
Крвна група 0

Ловец, месојад, јак, самоуверен, тип водач
Позитивни карактеристики: јак систем за варење, јак имунолошки систем, природна заштита од инфекции, ефикасен метаболизам.
Слабости: нетолеранција према нова исхрана и нови услови на околината. После претерана активност може да се случи имунолошкиот систем да се нападне самиот себе.
Ризици: запаление на зглобови, намалена функција на штитната жлезда, чирови, алергии, пречки во коагулацијата.
Начин на исхрана: високо ниво на белковини, трошење на месото. Месо, риба, зеленчук, овошје. Ограничено: житарици, грав, легуминоза
Начин на слабеење: треба да се избегнуваат пченични пахуљици, грав, зелка, карфиол, сенф.
Помагаат: морски алги, морска риба, сол, џигер, црвено месо, келј, спанаќ, брокули
Додатоци во исхраната: витамини Б и К, калциум, јод, морски алги
Физички вежби: интензивна физичка активност како аеробик, боречки спортови, трчање

Јас сум Нулта група и мене ми е апсолутно погодено.
Обожавам да јадам месо, зеленчук и овошје.
Пред година дена ја видов табелава во весник и се зачудив зашто ми е погодена.
Јадам месо и сакам и тоа всушност е најздраво за мојата група и не дебелее кај нас :icon_lol:
Не седнувам да ручам ако нема зеленчук и обавезно јадам во текот на денот овошје.
За позитивностите точно е до негде јак имунолошки систем имам, ретко се разболувам, иако сум слаба и побел тен имам и порано стално на прегледи ме прашуваа дали јадам нешто воопшто јас:) а на крај испаѓаше да имам најјака крв од сите.

Мене се ми е точно за други не знам :pipi:
 
Крвна група Б

Номад (стабилен, еластичен, креативен)
Позитивни карактеристики: јак имунолошки систем, прилагодливост на нова околина и на нов начин на исхрана, стабилен нервен систем
Слабости: ретки вирусни инфекции
Ризици: шекерна болест, хроничен замор, автономни болести ( мултипасклероза, лупус ...)
Начин на исхрана: урамнотежена исхрана, сештојадец, месо (не пилешко), млечни производи, житарици, грав, зеленчук, овошје.
Избегнувајте: пченка, лешник, сусамово семе, хељда, пченица
Помага: зеленчук, јајца, месо од дивеч, чај
Физички активности: умерени физички вежби, на пример пешачење, возење точак, тенис, пливање

Bukvalno sve mi pogodile.
b+ sum. Retko se razboluvam. moze da kazam ednas vo 5 godini. Ne pamtam koga posleden pat sum se razbolel ako ne gi racunam malite nastinki so temperatura da kazam do 37 :P.ali obozavam da pesacam.
Duri vo slabosti samo edno ni e navedeno :D. Moze da se kaze megju najzdravite lugje sme so ovaa krvna grupa.
 
ја имам дома книгата од Питер ди Адамо и разочаран сум зашто се она што го внесувам ми е забрането. И јас сум О+ и без јогурт, сирење и кикирики неможам а месо ич не ни јадам, требало да бидам крвна група А...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom