Македонец.
Значи искрено другар не те сфаќам како можеш да мешаш раса, нација, крв со религија? Што имаш ти заедничко со Турците и Арапите, па толку ги воздигнуваш тука на форуми? Дали ти знаеш да разликуваш раса и нација од религија и дали тоа што си ти муслиман по религија те прави поблизок со Арапите отколку со Русите и Полјаците со коишто делиш иста генетика, јазик, потекло?
Значи требаше сега Корејците да се прават Германци и Французи, затоа што пола Кореанци се Католици? Или Јапонците Православни требаше да се прават Срби или Руси?
Не си ми јасен. Секогаш кога зборуваш за Арапи, Турци или небели муслимани ти зборуваш во стил “мои браќа“. Какви ти се тие твои имагинарни браќа? По кој основ? Дали мене Јапонците, Кореанците, Нигеријците, Етиопјаните, Филипинците, Мексиканците ми се “браќа“ само затоа што делиме иста религија којашто никој всушност не ја ни докажал дека постои?
Ти треба да разбереш дека религијата е состојба на ум, а не генетика и биологија она што го создава човечко суштество. Јас можам утре и будист да бидам, но тоа не ме прави мене Кинез, Јапонец или Жолт како и обратно.
Живееш во Европа, потекнуваш од евроспки народ , а свршуваш на некои арапски митологии таму. Не сте ми јасни.
Секоја чест на тебе што си Македонец и мило ми е поради тоа. Мене Македонец муслиман ми е 30 пати поблизок отколку некој мулато христијан од Јужна Америка, но научете првин да разликувате некои суштински разлики во животот. Јас имав и сеуште имам големо почитување за Македонци муслимани коишто пред се се Македонци, а после се друго како што и имам против Македонци христијани коишто ми продаваат религиозен фундаментализам , а не национален фундаментализам.