Кругот се сврти...

  • Креатор на темата Креатор на темата GirlInLove
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Затоа бро за жена секогаш земи си невина и некоја без минато :D, зошто таа со минато кога ке имате расправи дома секогаш прво што ке помисли во тие моменти е колку убаво му било со бившиот, тие слатки златни моменти,времиња со него а сега троши нерви со тебе, со некој идиот како тебе :D, а ич не му оди на памет како ја откачил бившиот и како ја оставил да се чуствува како ѓубре, ама како што викат прва лубов не се заборава, секогаш првиот е најслаткиот, секогаш првиот is the winner :D

Не бе, фрли тоа. Добар секс не добиваш од таа невината, без минато. Секој светец има минато, но и секој грешник има иднина. (Јбг, морав да клиширам.)
 
Добро девојче ти сеа за секое „дело“ што си го пишала ќе отвараш тука нова тема? Демек има нешто вредно за дискусија на овие „теми“? Прво и основно, текстов може да биде интересен само за 5то-6то одделенки што сонуваат за принцеви и некои се филмски љубовни сцени и незнам си какви глупости, второ, ете и да тргнеме на страна колку е добар/важен текстот, не сфаќам што има тука да се дискутира па за нова тема да отвараш (и тоа втора ти е, за втор текст што си пишала, ај 10 ќе отвараме и цел форум ќе го труеме секој ден со се што си смислила ново)...
 
Девојчето е нов член, треба тоа да го имате предвид и не мора одма да бидете саркастични, туку може да и посочите како одат работите на форум, сигурно и вие кога сте се зачлениле не сте биле топ level професионалци.

Откако го расчистивме тоа, @GirlInLove, теми се отвораат кога сакаш да започнеш дискусија, да дебатираш на одредено прашање. Доколку сакаш само да споделиш свој текст или мисла, без да бидеш цитирана, доколку само сакаш да си напишеш тоа што ти е на ум, да споделиш емоции или било што друго, имаш посебни теми, како што е Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...,
Вечерва овде, без тебе... кои се наоѓаат во подфорумот Љубов и Секс и имаш теми како што се Ваша поезија!, Прозни искри и Тука пишуваме на зададена тема, кои се наоѓаат во подфорумот Уметноста, литературата, јазикот.

Исто еден добронамерен совет: Кога веќе им зборуваш на останатите членови за читање книги, глупи луѓе и како не можат со тебе да се споредат во таа насока, тогаш треба исто да знаеш дека не може се пишува раздвоено, а не споено, како што ти на еден, два наврати така го напиша, а и сфатив, се пишува со ф.


Темава ќе биде заклучена, бидејќи целта не и е да предизвика дискусија, слободно можеш да го постираш напишаното во некоја од горенаведените теми, барем таму каде што сметаш дека е соодветно да ја постираш. Во иднина, запамети: Тема се отвора со одредено прашање, се останато се пишува во тема. И со арогантно враќање на коментари, нема да постигнеш ништо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom