Знам многу да критикувам други, но многу повеќе се самокритикувам. Најчесто кога нешто гледам дека не е во ред кај некоја личност најчесто од поблиските ги критикувам, некои тоа го прифаќаат премногу лично, некои воопшто не го прифаќаат, а некои не обрнуваат внимание. Не сум од оние луѓе кои ги премолчуваат работите ако нешто ми смета тогаш критикувам. Но и мн мн често се самокритикувам и анализирам што е во ред и што не е во моето однесување. Затоа и често барам мислење од другите за мене и критика за да знам што би требало да променам, што не и сл. За разлика од некои луѓе кои критиката ја сфаќаат како навреда, омалоавжување и сл, јас критиките ги прифаќам најпозитивно со цел да се променам доколку нешто не е во ред.