Криптовалути - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
И што може да ти се случи ако им испратиш скен од лична карта или пасош? Јас моите податоци ги имам испратено на десетина берзи и сигурно преку 100 онлајн кладилници, никаква драма.

Еве ќе ти испратам и тебе ако сакаш, баш ме интересира како ќе ми наштетиш со скенот.
Па не сум правел измами за да можам да ги знам можните варијанти.
Прво што ми паѓа на памет е дека можам да ги искористам тие информации за да направам KYC на друг систем (друга берза, кладилница итн). Некои системи користат дополнителни проверки (да испратиш специфично видео/селфи итн) но некои не.
Потоа идат проблемите од типот: Се јавувам во банка, се претставувам како Х, кажувам матичен број и број на лична карта и добивам можност за услуги кои инаку би ги немал. Во најмала рака би можел да ти ги блокирам сите картички што ги имаш, во најлош случај би можел да добијам информации за средствата што ги имаш па дури и да подигнам некој денар.
Имаш и еден куп приказни како оваа.
Да го цитирам Dwight од The Office: "Identity theft is not a joke Jim. Millions of families suffer every year".
 
Сакаш да провериме дали е ова возможно? Баш ме интересира како ќе подигнеш некој денар. Еве јас ќе ти дадам податоци од мене и да видам во која банка по телефон ќе ти кажат било што. Значи не се филмајте без причина.
Муабетот е на ниво не одете во кафичи, дрога ставаат во пијачките.
 
Последно уредено:

Сакаш да кажеш дека оваа приказната што ја постирав си нема врска? Или такви работи само во УСА се случуваат :D :D
 
Па не сум правел измами за да можам да ги знам можните варијанти.
Прво што ми паѓа на памет е дека можам да ги искористам тие информации за да направам KYC на друг систем (друга берза, кладилница итн). Некои системи користат дополнителни проверки (да испратиш специфично видео/селфи итн) но некои не.
Потоа идат проблемите од типот: Се јавувам во банка, се претставувам како Х, кажувам матичен број и број на лична карта и добивам можност за услуги кои инаку би ги немал. Во најмала рака би можел да ти ги блокирам сите картички што ги имаш, во најлош случај би можел да добијам информации за средствата што ги имаш па дури и да подигнам некој денар.
Имаш и еден куп приказни како оваа.
Да го цитирам Dwight од The Office: "Identity theft is not a joke Jim. Millions of families suffer every year".
Ни едното ни другото можеш да го направиш. Плаќањата скоро сите ги заштити ја со ОТП лозинка, а на телефон никој не смее да ти каже сума.
 
А дали истото важи во однос на отварање сметки во други банки / подигнување кредити во твое име и слично? Гледам многу такви примери на интернет, (највеќе во УСА) па се прашувам дали причината за тоа се некои слаби регулативи таму или пак е нешто што може да се случи било каде.
Муабетот ми се сведува на тоа дека многу често читаме за тоа дека е опасно документи како ЛК и пасош да ти leak-нат онлајн, дека се продаваат на dark web итн, но не знаеме (или барем јас не знам) која е вредноста на тие информации и за што можат да бидат искористени.
 
Вака сега, теоретски со инсајдерски луѓе во банката може да направиш секаков криминал, али ако ве фатат ќорка не ви бега.
Инаку онлајн во МКД не ти дава кредит никој, си одиш фино лепо на жешкото столче, даваш документација, те гледаат дали си ти, потпишуваш обрасците, ако е поголема сума носиш и докази од примени плати/потврда од работодавец и тн.
За надвор не знам, иако не верувам дека има земја каде така лесно даваат кредит на некој што не е државјанин. Не дека не е возможно да се направи криминал, ама ако некој реши да собере твои податоци ќе ги најде вака или така.

На дарк веб не знам што може да продадат, обично другите податоци (имиња/презимиња/е-маил/мобилни броеви) ги шиткаат на маркетинг агенции за телемаркетинг.
Е сега фалсификување на идентитети/пасоши и слично е напреден криминал и шансите дека твои документи ќе дојдат на дневен ред се ептен мали.
 
Дали некој знае како да извадам од Кракен крипто средства во фиат (евра). Во НЛБ не поминаа преку свифт.
 
Сакаш да провериме дали е ова возможно? Баш ме интересира како ќе подигнеш некој денар. Еве јас ќе ти дадам податоци од мене и да видам во која банка по телефон ќе ти кажат било што. Значи не се филмајте без причина.
Муабетот е на ниво не одете во кафичи, дрога ставаат во пијачките.
А јас ќе ти кажам за случај што го знам од прва рака!
На мој пријател му досаѓале некои роднини да го пишат жирант! Нормално пријателчево не е глупо... ама ај пак роднини се да не ги откачи грубо, ги лаже дека има веќе кредити и дека банката не му дозволува да се пишува жирант.
Еден ден овие му идат ко демек на гости (да го гњават пак), и кога пак им вика: абе луѓе задолжен сум веќе неможам да бидам жирант!
Овие ни пет ни шест му викаат абе ај не лажи во банка проверивме нит кредит имаш нит во минус си!
Пријателов во шок! Он е сигурен дека дознале и точно колку пари имал на сметка(штом баш него го нашле!)

...информација протечена од една "извесна" банка. 100%
 
И каква врска има ова со досегашната дискусија за оставање скен од документ за идентификација на берза или кладилница, и опасностите од тоа?
 
Која е банката?
Не треба да биде во шок туку да им закачи тужба на банката и роднините да ти отера во три лепе.
Во банката водат логови кој има проверувано за тој корисник и кога, фино лепо службеникот треба да си лета од работа + никогаш нема да заработи во финансиски сектор и ако не се лажам треба да одговара прекршочно.
 
И каква врска има ова со досегашната дискусија за оставање скен од документ за идентификација на берза или кладилница, и опасностите од тоа?
А каква врска има муабетот за ставање дрога во сокчињата со досегашната дискусија за оставање осетливи податоци?!

@Lester Freamon
Во право си. Ја знае и типката што им помогнала, ама нејќеше ништо легално да превземе оти не само што ќе ја избркаат од работа туку може и в затвор да заврши.
Ја решија работата "неофицијално" со едно телефонско јавување ;)
Бтв сеуште си живее со роднините...:D
 
А каква врска има муабетот за ставање дрога во сокчињата со досегашната дискусија за оставање осетливи податоци?!

Тоа беше споредба да се сфати глупоста на муабетот. Не си баш најбистар, а?
 
Ти си тој што не е најбистар, затоа што ти дадов пример од прва рака дека може лесно да испадне информација од банка. Спротивно на тоа што ти го тврдеше.
...ама бидејќи си тип на човек "се знам","секогаш сум во право"... јас и ти нема што повеќе да дискутираме!
 
Каде напишав дека е тешко да испадне информација од банка? Се што напишав е дека оствањето лични податоци на онлајн берза е потполно безопасно, и дека никој ништо не може да ти направи и да има скен од твоја лична карта. Прво треба внимателно да читаш што некој пишува, инаку ќе трескаш глупости.
 
Не знам од кај да почнам ама за почеток доволно е да знаете дека криптото не бара посредник, вашите средства можете да ги менете во фиат пари директно човек на човек p2p, а ако не можете тоа тогаш има најмалце 2 крипто менувачници во Скопје, и таму можете да мените се што е атрактивно и улистано на берза. Последна опција се банките... со провизија и данок на добивка скоро 11.5%
Се додека прашувате дали се мења тоа криптото и каде... вие сте почетници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom