Крематориум во Македонија

Ova ti e ona so nie poitrite so ne sme so krstot na celo go vikame dupka vo zakonot( boldiranoto de ), nastrana sto prethodno napisa deka kovcegot kako takov e moda prevzemena od katolicite ili ne bitno od koj, bitno ne e vo duhot na pravoslavieto.
Znaci kako prvo vekje ima presedan ( kovcezite ) posto jas ne pamtam nekoj da go zakopale vo carsav, bel ili bilo kakov , a imam kolekcija od krpi od nad 15 pogrebi. I drugo , ona boldiranoto. Zort te tera na se. Tamu bil zakopan vo kamena soba ( ne bil ni zakopan tehnicki, tuku taka legnat na suvo da si fermentira ) oti ete nemalo zemja da se kopa. Dupkata vo zakonot bi bila, tuka nema da ve zakopvame vo zemja oti ja nema, nema pokje mesto i zato ke ve palime i pepelta dali vo tegla ili ke se isturi na grobista vo mesto predvideno za isturanje na pepel, vo zavisnost od zelbite.
I sto problem imas ti so toa koga vekje imas dupka vo zakonot i pomodarstvo koe se praktikuva so decenii ako ne i vekovi.
Se plasis deka nema da odis vo rajot. Ami Isus i kompanija ,nikoj so ne bile zakopani vo zemja. Ili tie so protekcii, demek bitni pa ete mozelo za niv da se zaobikoli zakonot, za vas obicnite smrtnici nema sansi.
I ako dojdi do toa da stani praksa, ke te ispee pop i ke zaigra ako treba, ic za to da ne se sekiras. Ko mozat zakopani vo kovceg da spevat, ke te spejat i tebe kjumurosan, ic da ne se sekiras za toa.
Уште да биде пракса и завршена работа :ROFLMAO:

Тоа не се сменило толку време, нема ни да се смени во иднина

Има и цркви надвор од Македонија кои се православни и истите имаат право да прекинат заедништво при таква одлука.
Православието не е само во Македонија, така да никој нема да се „пее“ кјуморосан, ич да не се секираш.
Ниту било, нити ќе биде
Автоматски споено мислење:

Кажи ми ти дали ме послуша, беше да запалиш свеќа? :D
 
(5) За издадените и одземените дозволи за управување со гробишта органот на државната управа од ставот (2) на овој член води регистар кој постојано се ажурира и се објавува на неговата веб страница.

(6) Формата и содржината на образецот на барањето, формата и содржината на образецот на дозволата за управување со гробишта, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот за издадени и одземени дозволи за управител со гробишта, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.
Член 16

(1) Постапката за добивање на дозвола за управување со гробишта започнува со поднесување на барање до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се приложуваат докази за исполнување на условите пропишани во членот 15 став (1) од овој закон.

(3) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи е должен во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето од ставот (1) на овој член да издаде дозвола, или да донесе решение со кое ќе го одбие барањето за издавање на дозвола.

(4) Доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не издаде дозвола за управување со гробишта или не донесе решение со кое ќе го одбие барањето за издавање на дозвола за управување со гробишта во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи за министерот да издаде дозвола за управување со гробишта или да донесе решение со кое го одбива барањето за издавање на дозвола за управување со гробишта.

(5) Формата и содржината на барањето од став (4) на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(6) Кон барањето од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето поднесува и копија од барањето од ставот (1) на овој член.

(7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи, е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (4) на овој член до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи да издаде дозвола за управување со гробишта или да донесе решение со кое го одбива барањето за издавање на дозвола за управување со гробишта. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(8) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не издаде дозвола за управување со гробишта или не донесе решение со кое го одбива барањето за издавање на дозвола за управување со гробишта во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот
на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.

(9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање.

(11) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(12) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.

(14) Директорот на државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9) и (10) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(15) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(16) Во случајот од ставот (15) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
(17) Во случаите од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.

(19) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи во рок од ставот (12) од овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред Управниот суд.

(20) Постапката пред Управниот суд е итна.
Член 17

(1) Управителот на гробиштата е должен да ги врши следниве работи:

- изготвување на план за уредување на гробиштата,
- изготвување на проект за парцелизација и начин на доделување на гробно место согласно со планот и динамиката за реализација на урбанистичкиот план,
- изградба и реконструкција на гробишта со придружни објекти,
- изградба и уредување на патеки и зеленило, без просторни бариери за движење на лица со инвалидитет,
- водење на дневник и регистар на сите погребани лица,
- води евиденција на носител на гробно место,
- утврдување на висината и наплата на надоместокот за обележување и изработка на протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија со определување на површина за изградба на гробно место и гроб,
- определување на висината и наплата на надоместокот за пристап и користење на инфраструктурата на гробиштата и придружните објекти на гробиштата,
- определување на висината и наплата за доделување на гробно место согласно со член 19 став (8) на овој закон,
- определување на висината и наплата на надоместокот за одржување на гробишта (гробарина) согласно со член 9 став (10) на овој закон
- утврдување на ред и работно време на гробиштата.

(2) Формата и содржината на дневникот и регистарот на сите погребани лица ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

Член 18

(1) Управителот на гробиштата е должен да обезбеди еднакви и недискриминаторски услови за пристап и користење на инфраструктурата на гробиштата и на придружните објекти на гробиштата на лицата кои вршат погребални услуги во согласност со овој закон, како и на лицата регистрирани за изградба на надгробни споменици (во натамошниот текст: каменорезач).

(2) Управителот на гробиштата е должен при доделување на гробно место, по барање на носителот на гробното место за изградба на надгробен споменик да му издаде протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија со определување на површина за изградба на гробно место, а согласно со утврдените нормативи и технички стандарди од членот 9 став (3) на овој закон. Изборот на каменорезач го врши носителот на гробното место.

(3) За пристап и користење на инфраструктурата на гробиштата и на придружните објекти на гробиштата по поднесено барање, управителот на гробиштата во рок од пет работни дена склучува договор за пристап и користење на инфраструктурата на гробиштата и на
придружните објекти на гробиштата со лицата кои вршат погребални услуги во согласност со овој закон и со каменорезачите, во спротивно лицата кои вршат погребални услуги и каменорезачите го извстуваат инспекторот од членот 44 став (6) на овој закон. Доколку управителот на гробиштата одбие да го склучи договорот должен е да донесе акт со кој се одбива барањето. Против актот со кое се одбива барањето, лицето има право да поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на истиот до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(4) За пристап и користење на инфраструктурата на гробиштата и на придружните објекти на гробиштата, на лицата од ставот (1) на овој член, управителот на гробиштата им наплатува надоместок. Висината на трошоците за користење на инфраструктурата на гробиштата и на придружните објекти на гробиштата за лицата кои вршат погребални услуги во согласност со овој закон се определува во зависност од времето на користење на инфраструктурните објекти и на придружните објекти во единица час - погреб. Висината на трошоците за користење на инфраструктурата на гробиштата и на придружните објекти на гробиштата за каменорезачот се определува во зависност од времето на користење на инфраструктурните објекти и на придружните објекти во единица час. Висината на надоместокот се определува со ценовник, кој го донесува управителот на гробиштата, на кој согласност дава советот на општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје.
IV. УПОТРЕБА НА ГРОБНО МЕСТО ИЛИ ГРОБНИЦА
Член 19

(1) Заради рационално искористување на гробните места определени со планот за парцелизација и динамика за реализација на урбанистичкиот план, управителот на гробиштата доделува на употреба гробно место само на лице кое има потреба од погребување на починато лице.

(2) Доделувањето на употреба на гробното место, како лична службеност, се врши врз основа на договор склучен меѓу управителот на гробиштата и носителот на гробното место на неопределено време. Доделувањето на употреба на гробното место се врши според редниот број на гробното место од проектот изработен од управителот на гробиштата.

(3) За доделување на употреба на гробно место носителот на гробното место на управителот на гробиштата му плаќа еднократен надоместок.

(4) Во договорот, покрај надоместокот од ставот (3) на овој член, носителот на гробното место се обврзува редовно да плаќа и гробарина на управителот на гробиштата заради одржување на гробиштата.

(5) После смртта на носителот на гробното место правото на употреба на гробно место го стекнува неговиот брачен другар, односно неговите наследници врз основа на договор склучен меѓу управителот на гробиштата со еден од законските наследници според наследните редови и со писмена согласност од другите наследници, во рок од шест месеци од погребот на носителот на гробното место.

(6) Носителот на гробното место правото на употреба на гробното место, може да го отстапи на трети лица врз основа на изјава заверена на нотар.

(7) Изјавата од ставот (6) на овој член, задолжително се доставува до управителот на гробиштата, кој склучува нов договор за доделување на употреба на гробното место со лицето во чија корист е дадена изјавата.

(8) Висината на надоместокот од ставот (3) на овој член се определува со ценовник, врз основа на трошоците настанати од изготвување на планот за парцелизација, материјални трошоци за изградба на инфраструктурата и во зависност од местоположбата и
големината на гробното место. Ценовникот го определува управителот на гробиштата, на кој согласност дава советот на општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје.
 
Ova ti e ona so nie poitrite so ne sme so krstot na celo go vikame dupka vo zakonot( boldiranoto de ), nastrana sto prethodno napisa deka kovcegot kako takov e moda prevzemena od katolicite ili ne bitno od koj, bitno ne e vo duhot na pravoslavieto.
Znaci kako prvo vekje ima presedan ( kovcezite ) posto jas ne pamtam nekoj da go zakopale vo carsav, bel ili bilo kakov , a imam kolekcija od krpi od nad 15 pogrebi. I drugo , ona boldiranoto. Zort te tera na se. Tamu bil zakopan vo kamena soba ( ne bil ni zakopan tehnicki, tuku taka legnat na suvo da si fermentira ) oti ete nemalo zemja da se kopa. Dupkata vo zakonot bi bila, tuka nema da ve zakopvame vo zemja oti ja nema, nema pokje mesto i zato ke ve palime i pepelta dali vo tegla ili ke se isturi na grobista vo mesto predvideno za isturanje na pepel, vo zavisnost od zelbite.
I sto problem imas ti so toa koga vekje imas dupka vo zakonot i pomodarstvo koe se praktikuva so decenii ako ne i vekovi.
Se plasis deka nema da odis vo rajot. Ami Isus i kompanija ,nikoj so ne bile zakopani vo zemja. Ili tie so protekcii, demek bitni pa ete mozelo za niv da se zaobikoli zakonot, za vas obicnite smrtnici nema sansi.
I ako dojdi do toa da stani praksa, ke te ispee pop i ke zaigra ako treba, ic za to da ne se sekiras. Ko mozat zakopani vo kovceg da spevat, ke te spejat i tebe kjumurosan, ic da ne se sekiras za toa.
Vlade celta e da ne se skvernavi teloto svoevolno.
Inaku I Goce Delcev e pogreban vo sarkofag na kale. I imas ne znam kolku svetci kako sv Naum taka sho se pogrebani.
Pretpostavuvam dupka vo zakonot e shto ako im reces posledna zelba ti e doma vo dnevna soba da te pogrebaat na primer.
 
Што наприкажа бе чо‘ек....:unsure:

Христос Е погребан во камен гроб од наведената причина, исто како што е причина и еврејската традиција на погребување.

Христијанската традиција на погребување не е копирана од еврејската, така да закопувањето во земјан гроб е црковна одредба, заснована на Св. Писмо, не произволно.

Но дури и Христовото погребување не е „апстрактно„, туку конкретно и пак е изведено во земја, во земјината почва, во издлабена карпа, а не во вода, не на дрво, не во воздух.
 
Исто така, Јапонија, Кина и Јужна Кореја се држави кај што кремација е прва опција за погреб, но и нивните гробишта се натрупани и растат, само како информација дека нема да се реши проблемот како што мислите дека ќе се реши.
 
..според член 36 од Законот за погребално, според оставениот тестамент, желба на веќе починатиот пепел да се стори, може телото да се кремира!
 
Vlade celta e da ne se skvernavi teloto svoevolno.
Inaku I Goce Delcev e pogreban vo sarkofag na kale. I imas ne znam kolku svetci kako sv Naum taka sho se pogrebani.
Pretpostavuvam dupka vo zakonot e shto ako im reces posledna zelba ti e doma vo dnevna soba da te pogrebaat na primer.
Pa ne e svoevolno, umren si vekje ako vekje se fakjame za tehnikalii. Ne deka nekoj ziv ke se zapali za da se kremira ( po svoja volja da go skvernavi teloto ). I skvernavenje na teloto e sirok poim. Ako odime taka sekoja tetovaza, pirsing, farbanje na kosa, silikonski gradi itn itn e skvernavenje na teloto i po taa logika pop ne smee da ve pee. Ovie sto doniraat organi, tie sto, ne go skvernavat teloto ? Druga rabota e sto vekje toa e vostanovena praksa kaj drugite hristijanski religii, aj da ne gi zemame nehristijanskite za primer. Zborame za cisto prakticna i tehnicka rabota, kako sto bilo prvobitnoto samo vo carsav, pa potoa se preminalo na kovceg. Ste legnale i togas na brasnoto, ke si legnite i za ova. Ke zemi tamu nekoj ke iznurka nekoj pasus od biblijata kade kremiranjeto ne samo sto ne se kosi so verata tuku e i pozelno i resen problem :toe:
Автоматски споено мислење:

Што наприкажа бе чо‘ек....:unsure:

Христос Е погребан во камен гроб од наведената причина, исто како што е причина и еврејската традиција на погребување.

Христијанската традиција на погребување не е копирана од еврејската, така да закопувањето во земјан гроб е црковна одредба, заснована на Св. Писмо, не произволно.

Но дури и Христовото погребување не е „апстрактно„, туку конкретно и пак е изведено во земја, во земјината почва, во издлабена карпа, а не во вода, не на дрво, не во воздух.
Katolicite, protestantite ne se hristijani. Samo vie ste a ?
 
V. ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ
1. Вршење на погребални услуги
Член 20

(1) Погребалните услуги ги врши трговец поединец или правно лице коe има добиено дозвола за вршење на погребални услуги и кое има склучено договор за вршење на погребални услуги со општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје. (во натамошниот текст: оператор на погребални услуги).

(2) Општината, јавно претпријатие на општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје не смее да формира правно лице за вршење на услугите од ставот (1) на овој член.

(3) Заради обезбедување на вршење на погребални услуги општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје склучуваат договор за вршење на погребални услуги со лицата од ставот (1) на овој член, кој содржи права и обврски утврдени со овој закон.

(4) Лицата од ставот (1) на овој член, кои имаат добиено дозвола за вршење на погребални услуги издадена од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи, поднесуваат барање до општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје за склучување на договорот од ставот (3) на овој член.

(5) Општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (4) на овој член, склучуваат договор за вршење на погребални услуги со лице кое има добиено дозвола за вршење на погребални услуги издадена од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(6) Доколку општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје во рокот од ставот (5) на овој член не го склучи договорот од ставот (3) на овој член, должни се да донесат решение со кое се одбива барањето. Против решението со кое се одбива барањето, лицето има право да поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(7) Договорот од ставот (3) на овој член задолжително содржи одредба со која лицата од став (1) на овој член се обврзуваат да вршат погребални услуги на подрачјето на соодветната општина, општина во градот Скопје, односно градот Скопје за период додека е во важност издадената дозвола за вршење на погребални услуги.

(8) Договорот од ставот (3) може да се продолжи со поднесување на барање за негово продолжување во рок од еден месец пред истекот на договорот и доколку лицата од став (1) на овој член приложат нова дозвола за вршење на погребални услуги односно
продолжат да ги исполнуваат условите за вршење на погребални услуги согласно одредбите на овој закон.

(9) Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје должни се веднаш на нивната официјална електронска страница да го објават називот и адресата на лицата од ставот (1) на овој член, со кои имаат склучено договор за вршење на погребални услуги.

(10) По исклучок, доколку во одредена општина, општина во градот Скопје односно градот Скопје нема поднесено барање за склучување на договор за вршење на погребални услуги на подрачјето на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, во тој случај се до склучувањето на договор од став (3) на овој член, вршењето на погребалните услуги го обезбедува општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје преку управителот на гробиштата, на начин пропишан со овој закон и склучување на договор од став (3) на овој член. Договорот задолжително содржи одредба дека управителот на гробиштата ќе ги врши погребалните услуги до склучување на договор за погребални услуги со оператор за вршење на погребални услуги.

(11) Лицата од ставот (1) на овој член можат да поднесуваат барања за склучување на договорот од ставот (3) на овој член и до повеќе соседни општини, општини во градот Скопје, односно градот Скопје доколку вкупниот број на населението во тие општини не изнесува повеќе од 60.000 жители.

(12) Доколку лицата од ставот (1) на овој член поднесат барање до повеќе општини, општини во градот Скопје, односно градот Скопје чиј вкупен број на жители е повеќе од 60.000 жители, во тој случај должни се да отворат своја подружница во согласност со членот 24 од овој закон во секоја од тие општини, општини во градот Скопје, односно градот Скопје со кои склучуваат договор од ставот (3) на овој член. Истите се должни во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот од ставот (3) на овој член да достават доказ до општината, општината во градот Скопје односно Градот Скопје со која имаат склучено договор дека имаат отворено своја подружница на нејзиното подрачје, а во спротивно договорот еднострано ќе се раскине од страна на општината, општината во градот Скопје односно Градот Скопје.
2. Дозвола за вршење на погребални услуги
Член 21

(1) Трговец поединец или правно лице за да добие дозвола за вршење на погребални услуги мора да ги исполнува следниве услови:

1) да има живеалиште, односно седиште во Република Македонија;
2) да е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија со приоритетна дејност погребни и слични дејности;
3) да не е поведена стечајна постапка или постапка за ликвидација;
4) одговорното лице во правното лице или трговец поединец да не е правосилно осудено за кривично дело во јавните финансии, платниот промет и стопанството или кривични дела против работните односи, додека траат последиците од пресудата;
5) на одговорното лице во правното лице или трговец поединец и на правното лице да не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од една или повеќе години;
6) да има обезбедена финансиска стабилност и ликвидност за претходната година што се докажува со документ издаден од Централниот Регистар на Република Македонија;
7) да има осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Македонија за надоместување на евентуална штета настаната по однос на одговорноста во вршењето на неговата дејност, во висина на осигурителна полиса од 500.000 денари;
8) да има најмалку четири вработени лица од кои две лица за вршење на погребување, а лицата кои се задолжени за вршење на погребување да ги исполнат условите согласно прописите за здравствена заштита.

9) да поседува соодветна техничка опрема и тоа:

- најмалку едно специјално погребно возило регистрирано исклучиво за таа намена, кое треба да ги исоплнува санитарно - хигиенските и техничките услови предвидени со прописите за здравствената заштита,
- најмалку едно специјално погребно возило за превоз на починати лица од капела до гробно место за поворка со технички карактеристики за споро возење, кое треба да ги исоплнува санитарно - хигиенските и техничките услови предвидени со прописите за здравствената заштита,

- возило за превоз на работници со опрема до гробно место,
- технички средства за ископ на гробни места и
- соодветна ХТЗ опрема за лицата кои вршат погребување.

10) да не поседува дозвола за управување со гробишта што се проверува по службена должност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(2) Дозволата за вршење на погребални услуги ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи со рок на важење од пет години.

(3) Операторот на погребални услуги на кој му е издадена дозволата од ставот (2) на овој член должен е да уплати паричен надоместок во висина од 200 евра во денарска противвредност во рок од седум дена од денот на нејзиното издавање. Средствата остварени од овој надоместок се приход на Буџетот на Република Македонија.

(4) Доколу органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член, подносителот на барањето може да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок осум дена од денот на приемот.

(5) За издадените и одземените дозволи за вршење на погребални услуги органот на државната управа од ставот (2) на овој член води регистар кој постојано се ажурира и се објавува на неговата веб страница.

(6) Формата и содржината на образецот на барањето, формата и содржината на образецот на дозволата за вршење на погребални услуги, како и формата, содржината и начинот водење на регистарот за издадени и одземени дозволи за вршење на погребални услуги, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.
Член 22

(1) Постапката за добивање на дозвола за вршење на погребални услуги започнува со поднесување на барање до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.
(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се приложуваат докази за исполнување на условите пропишани во членот 21 став (1) од овој закон.
(3) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи е должен во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето од ставот (1) на овој член да издаде дозвола, или да донесе решение со кое ќе го одбие барањето за издавање на дозвола.
(4) Доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не издаде дозвола за вршење на погребални услуги или не донесе решение со кое ќе го одбие барањето за издавање на дозвола за вршење на погребални
услуги во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи за министерот да издаде дозвола за вршење на погребални услуги или да донесе решение со кое го одбива барањето за издавање на дозвола за вршење на погребални услуги.
(5) Формата и содржината на барањето од ставот (4) на овој член го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.
(6) Кон барањето од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето поднесува и копија од барањето од ставот (1) на овој член.
(7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи, е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (4) на овој член до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи да издаде дозвола за вршење на погребални услуги или да донесе решение со кое го одбива барањето за издавање на дозвола за вршење на погребални услуги. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.
(8) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не издаде дозвола за вршење на погребални услуги или не донесе решение со кое ќе го одбие барањето за издавање на дозвола за вршење на погребални услуги во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
(9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање.
(11) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(12) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе
пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.
(14) Директорот на државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9) и (10) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(15) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(16) Во случајот од ставот (15) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
(17) Во случаите од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.
(19) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи во рок од ставот (12) од овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред Управниот суд.
(20) Постапката пред Управниот суд е итна.

Член 23

(1) Операторот на погребални услуги не може да ја пренесе дозволата за вршење на погребални услуги на друго лице.
(2) Доколку операторот на погребални услуги го отуѓи возилото за вршење на погребални услуги или купи друго возило за вршење на погребални услуги должен е во рок од три дена од денот на настанатата промена да го извести органот што ја издал дозволата за вршење на погребални услуги.
Член 24

Операторот на погребални услуги може да отвори подружница регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на дејност погребни и слични дејности во Република Македонија, која мора да ги исполнува условите пропишани во членот 21 ставот (1) точки 8) и 9) од овој закон, за секоја подружница посебно.
 
Последно уредено:
Pa ne e svoevolno, umren si vekje ako vekje se fakjame za tehnikalii. Ne deka nekoj ziv ke se zapali za da se kremira ( po svoja volja da go skvernavi teloto ). I skvernavenje na teloto e sirok poim. Ako odime taka sekoja tetovaza, pirsing, farbanje na kosa, silikonski gradi itn itn e skvernavenje na teloto i po taa logika pop ne smee da ve pee. Ovie sto doniraat organi, tie sto, ne go skvernavat teloto ? Druga rabota e sto vekje toa e vostanovena praksa kaj drugite hristijanski religii, aj da ne gi zemame nehristijanskite za primer. Zborame za cisto prakticna i tehnicka rabota, kako sto bilo prvobitnoto samo vo carsav, pa potoa se preminalo na kovceg. Ste legnale i togas na brasnoto, ke si legnite i za ova. Ke zemi tamu nekoj ke iznurka nekoj pasus od biblijata kade kremiranjeto ne samo sto ne se kosi so verata tuku e i pozelno i resen problem :toe:
Кој како сака, не знам шо си запнал нашата црква да ја менуваш како другите што смениле се и сешто и се христијани само на име.
На верниците православни им одговара закопан во земја, не гледам зошто да менуваме. Посмртните останки сакаме да ни бидат закопани и природно да се распаднат без забрзан процес во ќумбе.
Ковчегот не го сквернави телото после смртта, исто како и алиштата со кој бил закопан мртвиот, па дури и со чаршав да е завиткан.
2000 години никој не нашол пасус, сега ќе наоѓаме нови.
 
3. Преземање и превоз на починато лице
Член 25

(1) Преземање и превоз на посмртните останки на починатото лице од местото каде што починало до местото каде што треба да се чува во мртовечница или до место на погребување се врши со посебно возило наменето за превоз на починати лица од страна на операторот за вршење на погребални услуги.
(2) По исклучок на ставот (1) од овој член во тешко достапните места и во лоши временски прилики, преземањето и превозот на починатото лице може да се изврши и на друг начин соодветен на условите и можностите специфични за одредена област.
(3) Преземањето на починатото лице се врши по утврдување и издавање на документација од страна на овластено лице согласно прописите за здравствената заштита со која се констатира дека лицето е починато.
(4) Преземањето и превозот на починатото лице се врши по барање на член на потесното семејство на починатото лице, односно од овластено лице од институцијата каде што починало, а во согласност со член на потесното семејство на починатото лице. При преземањето на починатото лице задолжително се составува записник за преземање и превоз на починатото лице кој се потпишува од страна на лицето кое го презема и лицето кое го предава починатото лице, со приложување на дозволата за вршење на погребални услуги. Записникот го подготвува операторот на погребални услуги.

Член 26

(1) Починатото лице за кое што постои сомневање дека не починало од природна смрт, може да се преземе од местото каде што починало само врз основа на дозвола од органот кој е надлежен за водење на истражна постапка.
(2) Во случај од ставот (1) на овој член трошоците за преземањето и превозот на починатото лице од местото од каде што се презема до местото каде што се упатува од страна на органот надлежен за водење на истражната постапка, паѓаат на товар на органот надлежен за водење на истражна постапка.
(3) Починатото лице за кое постои сомневање дека починало од заразна болест (антракс, дифтерија, колера, чума, синдром на стекнат недостаток на имунитет, цревен тифус, паратифус А и Б, вирусни хеморагични трески, Ебола, Ласса и Марбург, заразна жолтица, жолта треска или друга непозната заразна болест), може да се преземе од местото каде што настапила смртта само врз основа на дозвола од Државниот санитарен и здраствен инспекторат.
(4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството го пропишува начинот на преземањето и превозот на посмртните останки на умрени лица кои умреле во елементарни непогоди, масовни несреќи, тероризам, војни и други вонредни околности.

Член 27

(1) Преземање и превоз на посмртните останки подразбира преземање и превоз на посмртни останки од местото каде што починало до мртовечницата и од мртовечница до гробното место, каде што се врши погреб.
(2) Превоз на посмртни останки од ставот (1) на овој член може да се врши само со возила кои ги исполнуваат условите пропишани со прописите за здравствената заштита, регистрирани исклучиво за таа намена.
(3) По извршениот превоз на посмртните останки на починатите лица од заразни болести, возилото задолжително се дезинфицира согласно со прописите од областа на заштита од заразни болести.
(4) Не е дозволен превоз на посмртни останки на починати лица со други видови на превозни средства, освен во случаите од членот 25 став (2) на овој закон.

Член 28

(1) Преземањето и превозот на починатото лице од местото каде што починало до местото каде што се врши погреб, односно од еден на друг крај на територијата на Република Македонија се врши согласно со условите и начинот на преземање и превоз на починато лице утврдени со овој закон.
(2) Преземањето и превозот на починатото лице од местото каде што починало до местото каде што се врши погреб, кога лицето починало надвор од границите на Република Македонија, а е државјанин на Република Македонија или има живеалиште на територијата на Република Македонија, се врши согласно со условите и на начин утврден со овој закон, со прописите од областа на здравството и меѓународни договори кон кои пристапила или ги ратификувала Република Македонија.
(3) Преземањето и превозот на починатото лице од местото каде што починало до местото каде што се врши погреб, кога лицето починало на територијата на Република Македонија, а е странски државјанин или има живеалиште надвор од територијата на Република Македонија, се врши согласно со условите и на начин утврден со овој закон, со прописите од областа на здравството и меѓународни договори кон кои пристапила или ги ратификувала Република Македонија.

4. Чување на починато лице
Член 29

(1) Починатото лице задолжително се чува во мртовечница, мртовечница со ладилник а по исклучок се чува дома, доколку во местото каде што се врши погребот нема мртовечница.
(2) По исклучок на ставот (1) од овој член, кога погребот го организираат органите на државната власт или органите на единиците на локалната самоуправа можат, со одобрение од надлежен орган за вршење на работите од областа на здравството под одредени услови и во определен временски период, починатото лице да го изложат и чуваат на одредено место надвор од гробиштата, заради искажување на почести.
(3) Верските заедници, по исклучок на ставот (1) од овој член, својот верски великодостојник можат да го изложат и чуваат на место или објект, наменет за извршување на верски обреди, oпределено од верската заедница.

Член 30

(1) Починатите лица од заразни болести задолжително се чуваат во посебна просторија во мртовечницата, а доколку таква нема, до моментот на погребот тие се чуваат во друга просторија која ги исполнува здравствено-санитарните услови.
(2) Посмртните останки на починатите лица од заразни болести од членот 26 став (3) на овој закон не смеат да се изложуваат на одар.

5. Опремување на починато лице
Член 31

Погребната опрема на починатото лице е право на избор на брачниот другар, неговите наследници или лицето кое е должно да се грижи за неговиот погреб, а во согласност со верската припадност на починатото лице.
6. Погребување
Член 32

(1) Погребувањето на посмртните останки на починатото лице по правило се врши на гробиштата кои се наоѓаат на подрачјето на единицата на локалната самоуправа на која починатиот имал живеалиште.
(2) Погребувањето може да се изврши и на гробишта кои ги одредило починатото лице за време на живот или кои ќе ги одреди лицето од членот 31 на овој закон.
(3) Се забранува погребување на места надвор од гробишта а кои не се во согласност со членот 8 став (1) на овој закон.
(4) По исклучок, погребување надвор од гробиштата може да се изврши во случај на евентуални природни и други несреќи, војна, тероризам, епидемии, погребување на црковни великодостојници по одлука на црква, верска заедница или религиозна група, само со одобрение од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството.
(5) Република Македонија е должна да се грижи за погребување во гробници во случај на заеднички погреб на посмртни останки на починати лица од елементарни непогоди и масовни смртни случаи предизвикани од масовни несреќи, епидемии, тероризам, војни или други вонредни околности.
(6) Начинот на издавање на одобрението за погребување надвор од гробиштата и погребувањето надвор од гробиштата од ставот (4) на овој член го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството.
Член 33

(1) Лицата од членот 20 на овој закон може да вршат погребување само врз основа на одобрение за погреб кое се издава од управителот на гробиштата.
(2) Одобрението од ставот (1) на овој член се издава само врз основа на приложување на документација од членот 25 став (3) на овој закон.
(3) Погребувањето задолжително се врши од мртовечница. По исклучок, погребувањето може да не се изврши од мртовечница само во случаи ако во општината или населеното место нема мртовечница или ако немало услови посмртните останки да бидат пренесени во мртовечница, како и во случаи на починати лица од елементарни непогоди и масовни смртни случаи предизвикани од масовни несреќи, епидемии, тероризам, војни или други вонредни околности.

(4) Погребувањето мора да се изврши без оглед на жителство, државјанство, етничка, расна или верска припадност на починатото лице.

(5) При погребувањето може да се изведуваат верски обреди. Со објектите за вршење на верски обреди кои се наоѓаат на гробиштата управува верската заедница.
Член 34

За извршеното погребување, лицата од членот 20 на овој закон до Министерството за правда - Управата за водење на матични книги доставуваат примерок од одобрението за погреб издадено од управителот на гробиштата.

Член 35

(1) Погребувањето се врши по истекот на 24 часа од часот на смртта.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, во услови на елементарни непогоди и масовни смртни случаи предизвикани од масовни несреќи, епидемии, тероризам, војни или други вонредни околности, кога се врши заеднички погреб, заради потребата од посебни услови
 
Katolicite, protestantite ne se hristijani. Samo vie ste a ?
Јас зошто те рчкам цело време за историја бе владе и ти велам да запалиш свеќа за здравје и памет, може тогаш ќе отвориш книгите да се едуцираш :sneaky:

Како да бидеме исти кога нашето централно верување и нивното не е исто?

Многу се засекира ти за нив, како секое лето дома гратис да ти кречат..
 
Зошто немаме крематориум во Мк?
Дали е вистина дека кремирањето е неприфатливо за православното верско учење?
Постојано настранувате со муабетите кога ќе дојде ред да се дискутира за цркви, за религијата, за православие, што како требало...

Темата се започна со две прашања...

За првото прашање: не е исплатливо да се има крематориум кој што ќе треба да се одржува, а и сигурно ќе е поскапо од стандарното погребување според исламските и христијански пракси кои доаѓаат од нивните верувања и воспоставени догматски пракси кои не трпат промени.
Сега кога почине човек пари добива личноста и со тие пари се покриваат скоро сите трошоци околу погребувањето од страна на фирма.

За второто прашање: веќе ви рекоа дека во православието, кое што се темели на еврејското верување и учење - не прифаќа кремирање туку како што Адам (на еврејски „името“ му е אָדָם) е созаден од земја и му е даден божествен здив, така и човечкото тело мора да се врати во земја. Тоа се тие догми кои ги има кај евреите, а ги прифатија сите чии темели избраа да биде еврејското учење!

Физика :) Енергијата не исчезнува, само преминува од еден во друг вид.

Кога ќе биде исплатлива инвестиција за државата да се има крематориум (и ќе има голем број луѓе кои за да не бидат погребани по дифолт како христијани, во гроб, по навика нели, ќе треба да имаат во тестамент напишано не несакам христијански обичаи сакам да ме спалат и пепелта да ми ја истурат на врвот Солунска глава) - тогаш ќе има крематориум.

Добро е што @bijons укажа дека имаме слобода да бираме како, преку тестамент, да бидеме погребани. Тоа е слобода.
На нехристијани - не им е грижа за христијанските гревови и догми и што некој верник мисли за него.
Уживајте...

И да, сега за сега, живејте, рано ви е за смрт! Имате време да вежбате пишување на тестаменти!
 
@Darling @датум site vernici od site religii mislat za sebe deka bas nivnata religija e taa vistinskata, a site drugi se lazni, vakvi takvi onakvi, a veruvaj ni vie ne ste nikakov isklucok okolu toa. Realnosta e koga vaka nekoj ve posmatra od nadvor i koj ne e optereten so religiski gluposti, ne gleda razlika pomegju vas i random ramnozemjas. Sega pretpostavuvam se navrakjate na Zurla vo temata za ramna zemja i si pomisluvate kolku e odlepen likot so glupostite negovi koi gi lupa. E pa taka nesto i vie mi deluvate so vasite dogmi i prikazni.
No da se vratime na problemot okolu kremiranjeto. Prvo dva popa od dve razlicni sela na 5 km dalecina razlicno ke vi protolkuvaat sto smees a sto ne koga se posti na primer ili okolu tamu pogrebuvabjeto i site adeti posle toa. A site od ista kniga citaat.
Druga pobitna rabota, malce filozofski gledano. Koga strogo se drzis do dogmi i kade nema mesto za promena i prilagodvanje obicno nastanuvaat problemi, i toa egzistencijalni problemi. Edno hipoteticko scenario, mozi i dve pa birajte koe povekje vi odgovara. Prvoto, religijata vi nalaga da se palat umrenite so dva kubici drva( ne vasata ne skokajte odma ) ama problemot e sto ziveete na izoliran ostrov so ograniceni resursi. Zakoraven vernik ke gi iseci site drvja na ostrovot oti toa mu nalaga religijata bez da e svesen deka so toa im ja zapecatuva idninata na idnite pokolenija. Nema ni da razmisli okolu toa, ne pak da promeni nesto oti taka e zapisano i kraj. Interesno e sto ova se ima sluceno vo realnosta, Veligdenskite ostrovi. Ne deka gi palele umrenite so drvata ama sepak gi koristele vo ritualni celi se dodeka ne ostanalo ni edno drvo na ostrovot.
Drugoto hipoteticko scenario, pak od druga religija. Mnogu detstvo. Isto ostrov ili zemja so ograniceni resursi, ili zemete ja samata planeta, ama religijata nalaga da se ima nad 10 deca. Tie ( i vie kako zakoraveni vernici ) strogo ke se drzite do toa sto nalaga religijata iako toa na podolg rok znaci iscrpuvanje na site prirodni resursi na toa podnebje, sto bi znacelo glad i bolesti sto na kraj neminovno bi vodelo do kolaps na civilizacijata ili covestvoto kako vid.
I sega ke se prasate kakva vrska ima toa so kremiranjeto vo pravoslavieto. Pa nikakva realno, samo sakav da vi go dolovam nacinot na razmisluvanje, kolku ste ograniceni so toa sto vi kazuva religijata, pa duri i po cena na opstanokot na idnite generacii. Poprvo bi izumrele otkolku da recite cekajte be ljuge, ne biva vaka povekje, treba da se smeni nesto. Vie za edno kremiranje ja napravivte golemata, i ne samo vie, bilo koj vernik od bilo koja religija ne e spremen na nikakvi promeni okolu negovata religija i sto im nalaga taa, ne ste nisto posebni okolu toa. Ne djabe rekov i prethodno, site ste isti samo citate od razlicni religiski knigi.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom