Крем салати

Макарони салата

Омилената :D :D :D

3 др. Јогурт
1 праз
2 дл. павлака
100 гр. мајонез
10 кисели краставички
150 гр. кашкавал
150 гр. шунка
300 гр. макарони
3 јајца
Сол и црн пипер

Припрема:
Сварете ги макароните во солена вода, па исцедете ги и оставете ги да се исушат. Сварете ги јајцата и изрендајте ги на рендето.
Празот, киселите краставички, шунката и кашкавалот исецкајте ги. Во посебен сад ставете ги макароните, краставичките, празот, шунката, јајцата и кашкавалот, зачинете со сол и црн пипер и промешајте.
thumb.php
 
U ovaa francuskava koga ke mi opnat pechurki :facepalm:

Inace se prodava ruska po marketive vo kutivce, gotova? Mrza sum :(
Да се продава :)
Во кутивче, на мерење (Веро, Рамстор) и замрзната па да и стаиш мајонез, салама, јајца :D
 
U ovaa francuskava koga ke mi opnat pechurki :facepalm:

Inace se prodava ruska po marketive vo kutivce, gotova? Mrza sum :(
И во Шеф се продава, за готова храна што е, има едно на булевар Св. Климент Охридски одма до дисконт Тинекс тука, а едно на Рузвелтова кај Сет компјутери. На грамажа си ја земаш, а убава е, мене ми се свиѓа.
 
Не ја земам за жена ако незнае да ги прави претходно споменативе салати!

Или сам да ги правам, ионака се сметам за гурман а кујната ме привлекува од време на време да зготвам некој рецепт од интернет. :свиркам:

Како и да е, слава не е слава ако нема барем две од салативе!
 
Научете се дека во јадењето нема правила, кој што сака става, според вкус, нема правила нема моралности....брат ми се врати од Италија, и најдобрата пица таму му била срање, исто како и на неколку други мои другари, така да тие муабети оставети ги на страна.
 
Научете се дека во јадењето нема правила, кој што сака става, според вкус, нема правила нема моралности....брат ми се врати од Италија, и најдобрата пица таму му била срање, исто како и на неколку други мои другари, така да тие муабети оставети ги на страна.
Точно. Ако си го гледал Џејми Оливер а претпоставувам дека си го гледал, он вели дека секој готвач готви различно и дека секој си готви и става состојки по вкус. Некој можеби сака посолени јадења, некој воопшто не става сол, некој става многу зеленчук, некој не, така да се е ствар на вкусови. :)
 
Научете се дека во јадењето нема правила, кој што сака става, според вкус, нема правила нема моралности....брат ми се врати од Италија, и најдобрата пица таму му била срање, исто како и на неколку други мои другари, така да тие муабети оставети ги на страна.
Точно :)
Затоа на оној кој готви му е најтешко прашањето околу рецептот и грамажата потребна за подготовка :icon_lol:
Јас секогаш готвам од око никогаш по точна грамажа. Намирници знам да додадам/извадам зависи како поише ќе ми се сфиѓа. Еднаш готвев по буквален рецепт со точни и прецизни состојки и се зезнав :pos: Не дека не изглеаше убаво на око, вкусно исто така ама фалеше поише шеќер и помалце маргарин :icon_mrgr:
За подготовка на крем салата, ако ми се пријаде сега-одма и веднаш знам да отворам конзерва грашок, да ставам јајце варено и изрендано, малку бибер, саламче (може и немора), сиренце или кашкавалче и ете ти прилог за со некое телешко или пилешко мевце.
Или па ако имам павлака со малку лукче, некоја ситно сецкана краставица, лажица мајонез, рендано сирење салата готова за 5 минутки.
Еден период омилена ми беше таа со печурки, ама некако желудников почна да се буни.
Лесна е за подготовка и брза. Ви треба едно пакување шампињони, малку ореви, павлака и сол.
Шампињоните пропржете ги на тивок оган додека да заруменат. Оревите истолчете ги. Шампињоните исцедете ги од мрснотијата, додајте 2 кисели павлаки, ореви и сол.
 
Точно :)
Јас секогаш готвам од око


Или таканаречена ОДОКАТИВНА МЕТОДА, а ако се на телефон со баба ти или некој од роднињето околу готвење се нарекува УШИСЛУШНА метода.

:):):):):):):):):):):)
 
U ovaa francuskava koga ke mi opnat pechurki :facepalm:

Inace se prodava ruska po marketive vo kutivce, gotova? Mrza sum :(
Во Супер Тинекс имам видено во фрижидерите готова руска, спакувана фабрички, оние на мерење во Рамстор и Веро ми се малце сомнителни.
Иначе руска салата е најбоље нешто на свет :love: Дома ја правиме или без, или со многу малце компир, поубава ни е така.
 
Белата и кинеската се врвот на салатите според мене. Белата сум ја правел, кинеската не сум пробал да ја направам.
 
Американска салата од туна, дел од сендвич со туна...

Од ного серии и филмове сам гледал как јадат tuna salad sandwich, tuna melt on 'gee with swiss/cheddar... викам дај да пробам.. (правил сам ја ного пати, оваа е последната верзија од денеска)

Состојки:
4-5 средни кисели краставички/корнишони (некаде околу 150-200 грама)
1 црвена чушка, печена излупена, и запраана со сол и оцет... Мојта беше од тегла, купечка “печи гмечи“...
1 чешне лук
1 конзерва туна со вода (може и со зејтин ама ного мрсна излева)
1 лажичка сенф
2-3 големи лажици мајонез

Ситно се сечат краставичките на коцкички...

MkMGU.jpg


После се сече на коцкички и чушката.

tZjk2.jpg


Сето тава се става у Блендер + чешнето лук и се меле 20 секунди... Не требе да е сето напраано како паста, а да си има парченца од краставиците да се познават.

UKejC.jpg


Откоа се сомеле со блендеро, исцадува се водата, оти краставичките и чушката ќе пуштат вода.
конзервата туна се цаде од водата и се истура у смесата... Посолува се, црн пипер и целото се размешува убаво со вилушка..
Тука може да се ставе и варено јајце, ама не мора.... У размешаното се става сенфо и мајонезо, и се меша додека се убаво не се распореде и стане хомогено.
Така изгледа готова.. Може да и се ставе повеќе мајноез по желба...

Ако немате блендер, или ве мрзе, може да си земете готов Релиш... Ама јас ја поаресам со домашно направен (како по упатството).

3BnyW.jpg


За седнвичо/лебо... убав леб, исечен на тенки парченца, и кашкавал на тенки листове... (Сендвичите не ги правих овај пат оти сам мрзло, ама ќе напишам како се праат)
Сендвич
Ставаш си марула на еденио крај, кашкавал на другио крај (за да не опие лебо од влагата и да се раскашаве) и си ставаш 1 сантим слој од салатата..

Туна Мелт.
Правеш си сендвич, ама не ставаш марула, а ставаш кашкавал на двете страни од лебо.. Од надворешната страна го намачуваш лебо со тенок слој путер/маргарин или со четка ќе му нанесеш тенок слој зејтинче.
После у тефлонска тава на среден огин го пржеш рамномерно од двете страни додека не се стопе кашкавало.. Може помфритче како гарнир...
 
Back
На врв Bottom