Крем салати

Значи секој крај во Македонија терминолошки различно си ги има термините. Олимпија е у право РУСКА САЛАТА Е и турчијата во тегли и мајонес салатата... и крај !
 
Дечки, некој да ми даде добар рецепт за телешка салата?
 
Дечки, некој да ми даде добар рецепт за телешка салата?
Доцнам?:)

Јас немам количина точна за да ти кажам за салатава ама ја правев одприлика вака:
Пола килограм телешко месо
6-7 кисели краставички
300 гр. маринирани шампињони
Павлака околу 150 мл.
Мајонез 4 лажици
Сенф 1 лажица
сол и црн бибер
( можеш плус и варен морков)

Месото најдобро да е сецкано, зошто ако го кинеш остануваат како конци и не е баш пријатно за јадење. Го вариш во вода со сол и го оставаш после убаво да се исцеди и излади. Исто и краставичките и печурките сецкани, па се мешаат сите состојки заедно. Кога ќе се изедначи смесата самата ќе приметиш дали и фали нешто, јас обично додавам наизменично павлака и мајонез додека не го добијам потребниот вкус. И на крај ставам ситно сецкан магданос. :)
 
Многу ги сакам и француската и руската салата... И јас сум во групата на од око проценувачи за количината на состојките и затоа избегнувам да разменувам рецепти посебно со лица кои инсистираат на голема прецизност... :)

Еве две салати неспоменати на темава -

Цезар салата

Потребни состојки:
- стек сецкан на коцки (претходно сварен или динстан и малку пропржен), количина околу 2 средни парчиња;
- марула на што послаби ленти сечена;
- 3 до 4 домати, сецкани на коцки;
- 2 до 3 средини од кришки леб (по можност бајат, исецкани на коцки, се пропжуваат малку да подомекнат);
- маслинки, сецкани како полумесечинки.

Прелив:
- 1 до 2 лажици сенф;
- 1 до 2 лажици мајонез;
- 3 до 4 лажици павлака;
- малку оцет, малку масло, вегета, црн бибер...

Имаше еден рецепт на нет за салатава демек редиш ред марула, па ред стек парчиња, ама мора се‘ заедно добро да се промеша за да се примат состојките од преливот и зачините убаво... Многу вкусна салата, а не е воопшто тешка ни за (пре)јад(ув)ење, ни за припрема :)...

Бидејќи на зима не ги сакам ич доматите, сосема ми се безвкусни, може да се направи модификација :) да се стави кромид сецкан на кругови или полумесечинки и кисели краставички, сецкани на кругови... Некои употребуваат и пченка и варени јајца и готови кубети, ама јас ја преферирам оваа салата без овие состојки :)...



Салата со туна

Потребно:
- конзерва туна (пожелно од целата туна);
- марула;
- маслинки;
- 2 до 3 лажици мајонез;
- вегета, црн бибер.

Марулата се сече на што потенки ленти, се меша со туната која се дроби со вилушка, се додаваат сецканите маслинки, зачините и на крај се спојува се‘ со мајонезот... Бидејќи и самата туна има масло, а и маслинките испуштаат, нема потреба од многу мајонез. Многу е едноставна за приготовка и многу вкусна :)...
 
Денес пробав преубава салатка, па да споделам рецепт со вас ;)

Салата со праз и урда

Потребни состојки:
- 1 страк праз
- 500 гр. урда
- 1 јајце варено
- 2 лажици мајонез
- 2 лажици павлака
- сол

Подготовка:
Празот ситно исецкајте го и посолете. Додадете ја урдата и убаво измешајте. Вареното јајце изрендајте го и додадете го во урдата и празот. Ставете уште две лажици мајонез и 2 лажици павлака, промешајте и оставете 1-2 часа во фрижидер.
Потоа уживајте :D
 
Многу ги сакам и француската и руската салата... И јас сум во групата на од око проценувачи за количината на состојките и затоа избегнувам да разменувам рецепти посебно со лица кои инсистираат на голема прецизност... :)

Еве две салати неспоменати на темава -

Цезар салата

Потребни состојки:
- стек сецкан на коцки (претходно сварен или динстан и малку пропржен), количина околу 2 средни парчиња;
- марула на што послаби ленти сечена;
- 3 до 4 домати, сецкани на коцки;
- 2 до 3 средини од кришки леб (по можност бајат, исецкани на коцки, се пропжуваат малку да подомекнат);
- маслинки, сецкани како полумесечинки.

Прелив:
- 1 до 2 лажици сенф;
- 1 до 2 лажици мајонез;
- 3 до 4 лажици павлака;
- малку оцет, малку масло, вегета, црн бибер...

Имаше еден рецепт на нет за салатава демек редиш ред марула, па ред стек парчиња, ама мора се‘ заедно добро да се промеша за да се примат состојките од преливот и зачините убаво... Многу вкусна салата, а не е воопшто тешка ни за (пре)јад(ув)ење, ни за припрема :)...

Бидејќи на зима не ги сакам ич доматите, сосема ми се безвкусни, може да се направи модификација :) да се стави кромид сецкан на кругови или полумесечинки и кисели краставички, сецкани на кругови... Некои употребуваат и пченка и варени јајца и готови кубети, ама јас ја преферирам оваа салата без овие состојки :)...

Да го направиме рецептот уште поубав, додадете околу 100г пармезан исецкан во ливчиња. Уживајте. :)
 
Скоро сите овие салати ги јадам...., но сепак руската салата е кралицата на овие салати, а секако кралот е мајонезот :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom