Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Kои бе докази.. ај не заебавај..
па јас за 30 секунди ги срушив тие будалештини...
.

Алал да Ти е бе Vone, да не беше Ти, тркалото немаше да биде измислено...:icon_lol:
 
А бе остај ти Алал...
.. ти само го лупна линкот и толку, молк.... па кој што и да пише одговараш само со веќе милион пати видените излитени фрази...:pos:
 
Vone бе, ова „...:pos:...„ не е пост па така, штом има нешто саглам да кажеш, јави се на форумов... :P.
 
Светото Писмо НЕ Е напишано од Бог: прва грешка! :D
--- надополнето: 13 септември 2012 во 12:54 ---

Неам појма од кај да знаеш...:icon_lol:
--- надополнето: 13 септември 2012 во 12:55 ---

Така НЕ ПИШУВА во Библијата: грешка втора! :D

П.С:

Заклучок (што би рекол Чорбаџија...): од погрешни претпоставки, се извлекуваат погрешни заклучоци!

Ме начека Мики, признавам. Во цело мое незнаење...

:(
 
Мене повеќе ме интересираат неколку работи од линкот.

Дали типот навистина постои?
Дали типот нависитна бил на такво раководно место?
Дали судскиот процес навистина одел по тој редослед и во таква насока?

Ако е се ова точно, тогаш што го натерало на тој потез, кога однапред сите знаеме дека секој експеримент и зајклучок кој се коси со веќе поставените норми, е малтене самоубиство на професионално ниво?
 
воопшто не „каснам„, туку ова ми е познато не пред темава да биде отворена, туку пред години и години...Работата е во тоа што немам (пре)честа навика да поставувам „клипчиња и линкови„ а очигледно е дека на повеќемината од форумоф, токму тие се извор на „вистини„ па еве им еден таков...:D

Работата е што ти дури и кога не ти поставуваме "клипчиња и линкови" одбиваш да ја согледаш вистината. Ти дадов милион примери за еволуцијата денес и повторно ги дискредитираш како уште една фраза, која треба да ја поткрепи вистинитоста од евлуционистичката вера.
Твоите контра аргументи немаат никаква поддржаност освен твоето сопствено мислење. Ти, Мики, не дебатираш. Ти водиш инает.
 
Биог му диктираше на писари - ангели кои ја пишеа библијата пошто бог е огромен и има големи раце и нема толкав молив кој би можел да го држи и пишува. А диктафоните не постоеа - нив после ги измисли сатаната.
И Лазар му рече на Ченто :" Викни го дедо Киро да види што прави детенцено."
 
Мене повеќе ме интересираат неколку работи од линкот.

Дали типот навистина постои?
Дали типот нависитна бил на такво раководно место?
Дали судскиот процес навистина одел по тој редослед и во таква насока?

Ако е се ова точно, тогаш што го натерало на тој потез, кога однапред сите знаеме дека секој експеримент и зајклучок кој се коси со веќе поставените норми, е малтене самоубиство на професионално ниво?

Сличен е случајот ти со Мирољуб Петровиќ, кој е закоравен креационист. Сурфни малку по „Нетов„...
--- надополнето: 13 септември 2012 во 14:59 ---
Работата е што ти дури и кога не ти поставуваме "клипчиња и линкови" одбиваш да ја согледаш вистината. Ти дадов милион примери за еволуцијата денес и повторно ги дискредитираш како уште една фраза, која треба да ја поткрепи вистинитоста од евлуционистичката вера.
Твоите контра аргументи немаат никаква поддржаност освен твоето сопствено мислење. Ти, Мики, не дебатираш. Ти водиш инает.

Gradn,

не постои ниту еден а не миљон примери за еволуционен процес. Не е проблемот во фактите, туку во толкувањето на фактите. За мене е смешно тоа што секое ново сознание, со (неподнослива) леснотија се вклопува во еволуционизмот, небаре некој ја открил апсолутната вистина во Вселената, па сега секое сознание мора да и‘ се покори на таа вистина...Состојбата ќе да е троа поинаква.

Во краен случај, јас ги гледам нештата преку мојот црковен светоглед, кој нема блага врска во тековно важечкиот њутновско-дарвиновско-марксистички светоглед,
 
Сличен е случајот ти со Мирољуб Петровиќ, кој е закоравен креационист. Сурфни малку по „Нетов„...

Е сеа ќе сурфам :P

Ако можеш кажи у две - три реченици, ако не здравје:P
 
Е ај, еве Ти „линк„, иако не сум љубител на „клипој и лникој„. Тука ќе можеш да види и поинакво видување на Светов од она кое тековно ни‘ е наметнато како светоглед.

http://www.creation6days.com/index.html

Разбира се, не сакам да ми биде припишам креационзимот, но само сакам да посочам дека има и поединци и институции, кои мислат троа поинаку...
 
Мене повеќе ме интересираат неколку работи од линкот.

Дали типот навистина постои?
Дали типот нависитна бил на такво раководно место?
Дали судскиот процес навистина одел по тој редослед и во таква насока?

Ако е се ова точно, тогаш што го натерало на тој потез, кога однапред сите знаеме дека секој експеримент и зајклучок кој се коси со веќе поставените норми, е малтене самоубиство на професионално ниво?
Penziite ne se bash golemi. Treba od neshto da se zhivee. Duvloto Discovery institute dava odlicni 'stipendii' za 'kreativni' protestantski voini.
Vidi go Chorba, na primer... Pa pomnozhi mu go honorarot so 100-200.
 
Сличен е случајот ти со Мирољуб Петровиќ, кој е закоравен креационист. Сурфни малку по „Нетов„...
--- надополнето: 13 септември 2012 во 14:59 ---

Gradn,

не постои ниту еден а не миљон примери за еволуционен процес. Не е проблемот во фактите, туку во толкувањето на фактите. За мене е смешно тоа што секое ново сознание, со (неподнослива) леснотија се вклопува во еволуционизмот, небаре некој ја открил апсолутната вистина во Вселената, па сега секое сознание мора да и‘ се покори на таа вистина...Состојбата ќе да е троа поинаква.

Во краен случај, јас ги гледам нештата преку мојот црковен светоглед, кој нема блага врска во тековно важечкиот њутновско-дарвиновско-марксистички светоглед,

Мики, еволуцијата е промена на карактеристиките на живите организми низ генерациите. Јас ти давам примери каде што IQ-то на луѓето се зголемува(менува) со секоја генерација. Ти давам пример каде што во едно истражување по 40 генерации на муви субјектите се здобиле со способност да бројат.
Мувите биле затворани во кутии и им биле пуштани светлосни сигнали(трепкање, 2 пати, 3 пати, 4 пати) и на едно од трепкањата кутијата се затресувала.
По 40 генерации субјектите успевале да ги распознаат броевите на трепкања и полетувале кога било затрепкано онолку пати колку што било сигнализирано затресувањето. Пред 10.000 години луѓето имале поцврсти коски и заби и имале помали мозоци.
Вакви примери на форумов сум дал милион. Не знам како само ти успеваш да не ја видиш поврзаноста со еволуцијата.
 
Во краен случај, јас ги гледам нештата преку мојот црковен светоглед, кој нема блага врска во тековно важечкиот њутновско-дарвиновско-марксистички светоглед,
Но со задоволство ги користиш придобивките од , како што го нарекуваш, "њутновско-дарвиновско-марксистички светоглед".
Ама јбг секогаш може да се повикаш на "аргументот" - божја воља.:D

Да не заборавам. Еволуцијата се наоѓа на доста стабилно тло во моментов. Особено кога се добиваат резултатите од одредени експерименти.
 
Чекајте, да се разбереме. На една страна имаме теорија поткрепена со докази, разработена и логична. На другата страна имаме приказна како Дедо Боже се фатил за работа и во шест дена ја создал земјата и се на неа, и после седнал да се почини.

И тука се води некоја дискусија која приказна е поиздржана?

Сериозно?
 
Мики, еволуцијата е промена на карактеристиките на живите организми низ генерациите. Јас ти давам примери каде што IQ-то на луѓето се зголемува(менува) со секоја генерација. Ти давам пример каде што во едно истражување по 40 генерации на муви субјектите се здобиле со способност да бројат.
Мувите биле затворани во кутии и им биле пуштани светлосни сигнали(трепкање, 2 пати, 3 пати, 4 пати) и на едно од трепкањата кутијата се затресувала.
По 40 генерации субјектите успевале да ги распознаат броевите на трепкања и полетувале кога било затрепкано онолку пати колку што било сигнализирано затресувањето.
Вакви примери на форумов сум дал милион. Не знам како само ти успеваш да не ја видиш поврзаноста со еволуцијата.

Grand Cental,
во ред, се предавам! Во право си!

Ајде сега кажи ми:
Дали насилието е еволутивен процес?!!!
Дали во природата досега се случил таков настан, како овој опишаниот?!!!
Каде има слободни кутии во природата?!!!
Каде се случило, рој муви самите себе да се затворат во тие кутии и самите на себе да си пуштаат светлосни зраци, за да еволуираат?!!!

:confused:
--- надополнето: 13 септември 2012 во 15:17 ---
Но со задоволство ги користиш придобивките од , како што го нарекуваш, "њутновско-дарвиновско-марксистички светоглед".

Тековниот светоглед е насила наметнат, ама Ти во тоа не веруваш, убеден сум...Лично, никад не сум имал потреба ниту од „напредок„; ниту од „убава иднина„ ниту од „социјални„ мрежи, ниту од „мобиљки„ и сл. а сето тоа ми е насила наметнато, согласно истиот тој светоглед. Во краен случај, една и иста работа, можам да ја искорситам и за добро и за лошо дело-изборот е мој.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom