MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Ефектот Флин е име дадено на постојаниот пораст на коефициентот на интелигенција од генерација до генерација измерен во многу делови на светот.
И, како се зголемува IQ, на кој начин?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ефектот Флин е име дадено на постојаниот пораст на коефициентот на интелигенција од генерација до генерација измерен во многу делови на светот.
„...и остали инсекти“![]()
Накратко, IQ-то на луѓето се зголемува со секоја генерација.
Не бе чоек, ова кое го пишуваш е уште една фраза, која треба да ја поткрепи вистинитоста од евлуционистичката вера...
Така, наспроти Твојов статистички оптимизам, ја имаш реалната слика на денешното човештво, каде на пример, 1/3 од американските граѓани се дебели луѓе (то веројатно е последица од И-КУ-то...), каде имаме информационо затапување и медиумско перење мозоци (за што не Тие потребен куќен експеримент, туку само окото и умот...) и така натаму...
Фино се слагам.... ама.... болдот ми боде очи. Која е причината за да почеток на унивезумот?
Непозната.
Не бе чоек, ова кое го пишуваш е уште една фраза, која треба да ја поткрепи вистинитоста од евлуционистичката вера...
Така, наспроти Твојов статистички оптимизам, ја имаш реалната слика на денешното човештво, каде на пример, 1/3 од американските граѓани се дебели луѓе (то веројатно е последица од И-КУ-то...), каде имаме информационо затапување и медиумско перење мозоци (за што не Тие потребен куќен експеримент, туку само окото и умот...) и така натаму...
А се друго е познато, после непознатата причина ?
Засега, за човештвото не. Теоријата на детерминистички хаос е поткрепена од cause-effect.
Не е позната причината, ама ја имало велиш.
Таа непозната причина алудираш дека е своевиден "почеток" ли, според наведената тероија?
Непознато. Реков, не е позната причината за почетокот на универзумот бидејќи не знаеме дали и што имало нешто пред него.
Ја спомна теоријата на хаосот, во тој контекст, затоа и те препрашав. Не е баш така според неа
Констатирав дека според тебе имало почеток на универзумов (што и да ти значи тоа) но сеуште не знаеме причина за тој почеток, и што имало пред него.
Што вели теоријата на хаосот во врска со тоа?
Во врска со кое?
Со почетокот ли?
Не се занимава со тоа "круцијално" прашање
Причинско последичните односи кои се разгледуваат во неа, се од аспект на нивната поврзаност, не и од кога датираат. Значи акцентот е на врската, а не на изворот и примателот.
Во стилот на две паралелени прави кои се сечат.
Мики ај вака да генерализирам некако.
1.Апсолутно тврдиш дека Теоријата на Еволуција е неточна.
Дали сметаш дека постои еволуција во рамките на еден вид, барем?
2. Апсолутно си убеден дека се ова е креација на Господ.
Во тој случај, според тебе треба да падне во вода секој податок околу староста на земјата, староста на човекот итн.., и неминовно да се наметне прашањето дали ископаните фосили на неандерталци, кромањонци итн.. се вистинити, и како тогаш сме се измениле до сегашниов облик.
3. Дали еволуцијата и креационизмот се исклучуваат меѓусебно, или сепак е можно и двете да се точни, или двете да се неточни, или пак делумно точни? Кое е твоето мислење и зошто?