Мики ај вака да генерализирам некако.
1.Апсолутно тврдиш дека Теоријата на Еволуција е неточна.
Дали сметаш дека постои еволуција во рамките на еден вид, барем?
2. Апсолутно си убеден дека се ова е креација на Господ.
Во тој случај, според тебе треба да падне во вода секој податок околу староста на земјата, староста на човекот итн.., и неминовно да се наметне прашањето дали ископаните фосили на неандерталци, кромањонци итн.. се вистинити, и како тогаш сме се измениле до сегашниов облик.
3. Дали еволуцијата и креационизмот се исклучуваат меѓусебно, или сепак е можно и двете да се точни, или двете да се неточни, или пак делумно точни? Кое е твоето мислење и зошто?
1. Не постои никаква еволуција, туку постои (само)запазување на сите видови (еднокелиски битија, растенија,животни, човек...), преку (само)репродукција/самоповторување, паралелно со неповратниот термодинамички процес на дегенерација на сите живи битија.
2. Да, е Божја креација, оти таа вистина важеше и пред Дарвин да се роди, а важи и до ден-денешен.
Што се тиче наодите, тие воопшто не се спорни: тие се сами по себе факт, но факт, кој е погрешно протолкуван од страна на поклниците на еволуционизмот.
3. Да, еволуцијата и креационизмот се целосно исклучиви: или е точно „едното„ или „другото„, оти во Вселената, нема доволно „место„ за две паралелни вистини, настрана огромните димензиите од Вселената...
Ако е точна еволуцијата, тогаш таа ќе беше природен процес. Сите денес познати закони на физичкиот Свет, а пред се‘ мислам на термодинамикчите закони, закон за одржување на материјата/енергијата, теоријата на информациите, дел од науките како: генетиката, палеонотлогијата, геологијата и сл. се целосно спротивни и песимистички, наспроти еволуционстичкиот оптимизам. Просто кажано, природата ја побива еволуцијата.
Ако е креацијата точна, тогаш таа мора да се вклопува во одреден светоглед и да биде проверлива и доволно добро спознаена, за да биде убедлива и да има своја подлога во Светото Писмо.. Постојат дела од одредени истражувачи, кои тврдат дека нивните наоди само ја потврдуваат точноста од Светото Писмо. Еве некои од нив:
- „Научен креационизам„, Хенри Морис
-„Не е случајно!„, Ли Шпетнер
-„Библиски потоп„. Хенри Морис
-„Големиот кањон-споменик на катастрофата„, Стивен Остин
-„Дарвиновата црна кутија„, Мајкл Бехе,
„Исконстуриран заклучок„, Вилијам Дембски
-„Вистинксата наука се согласува со Библијата„, Малколм Боуден.